Ај да ви се убацам у муабетот.Малава наредниот месец влегува во 5ти .Педијатарот вика да се почне со вкусови.Е сега,мене ми е страв нели од 6ти треба? Да не ми го одбие млекото па тогаш? Само цица, шише несака да помириса. Чудно ми е зашто толку рано.Сестра ми на 6 месеци почна со внука ми,еве ја најголем ждератор е
Мене ми кажаа да почнеме на 4, почнавме на 5. Беше спремна, веднаш почна со јадење и продолжи да си цица нормално. Сега сме скоро 9 имаме 3 оброци.
Ти сама одлучи, не е грешка ни сега ни од 6м.Ако напредува добро јас би почекала барем при крај на 5м.
Ние еве на 5 почнавме со пробување. Многу тешко ни иде,не замислував вака дека ке биде со оглед на тоа дека е лакомо бебе , но лакомо е само на цицка. Само јаболче прифати така околу на врвот од лажичето да голтне два три пати. Друго овошје се наткрева баш нагони за поврајќање, тоа што пкука е нормално ама нагониве... и сака сок од јаболче со морков на хипп. Само тоа. Ни вода
Јас почнав на 4 и пол дотогаш беше само на доење, бебе имаше 9300г супер прифати се без проблем сега е 9+ месеци и има 3 оброци
Од кога може: - да се соли храната -да се употребува кравјо млеко при подготовка на храна,не за пиење, -да се дава по малку чоколатка, -при подготовка на храна(пр.за чорба,или за на тавче) да се упржува кромид,морков? Има ли препораки? @FreeMind ти сигурно имаш одговор на прашањава
Сол - после година Кравјо - после година Чоколадо - после година, јас дадов животинско и порано да проба Кромид/морков упржував на путер после 7-8миот месец, не знам дали е правилно.
За другиве сама си знаеш од кога али овде со кравјо млеко се прави подготовка на храна. И така стои во брошура за бебиња дека кравјо млеко се користи за подготовка на оброк. Прво е мала количина, второ финансиски не ти се исплаќа да купуваш ад ако не ти пие и трето да се навикне на вкус (и алергија). Јас имам мали млекца на хип од 200 мл со кои и правам оброк и се обидувам да и протнам да пие али неуспешно. Имам и кравјо воведено со оброк за пире. И онака џиткаш се прави со кравјо.
Денеска почнавме со вкусови, 4 ипол месеци. Очекував да биде лошо ама не до толку. Со морковче почнав, сварив, изблендирав, неа во релаксатор, со лигавче, уста шири - пештера и си викам ќе бидне работава. Ама кога го сети вкусот одма почна да се мршти и да плука. Изеде две три лажички сосила и исповрати се. После плачеше 10 мин додека да го соберам хаосот и да ја пресоблечам оти сум сама дома, цицаше и си заспа. Катастрофа. Утре ќе пробам јаболко. Печено или варено давате? И како го пасирате? Јас во блендер ставив денес.
Бетер сме и ние Денес као компир сварив,пасирав со вилушка се задави ама па и во право бил ептен на суво го пасирав тоа лепи... Иначе какво блендирање со вилушка само сега за проба тоа количина смешка правам и па фрлам. Изненадена позитивно од готовата кашичка од хипп со тиква ја сака
Јас вчера дадов банана за прв пат, околу 2 лажичиња изеде и не се обиде да ја исплука туку ја голтна и немаше нагони за повраќање. Си велам добро е, има напредок! Но.... до вечерта ми поврати 2 пати во голем млаз и тоа околу 3ч и 8ч после бананата. Дали е можно да е од неа? Ќе паузирам неколку дена и ќе пробам пак да и дадам. Денеска дадов праска за прв пат, не ја бендиса, постојано и идеа нагони за повраќање и го плукаше. Да стане па ќе и дадам крушка, неа ја воведовме веќе.
А што друго смее да се дава на 4+?Докторката ми рече јаболко, морков, цреша, компир, тиквичка.. Спомна уште нешто ама не се сеќавам што.
Како чистите и подготвувате карфиол? Како брокулата? Да го ставам во сода и вода 15 мин, па убаво да измијам? Ќе сварам компир кромид и морков и 10 мин откако ќе вријат да го додадам и карфиолот?
Банана, ориз Сол ставам по малку после 6 месеци Кравјо после 7,8 нз точно кога дадов прв пат, за подготовка на храна, не пија, нејќи го плука Имам даено да проба животинско после 9м многу го сака, ама не давам Еднаш со леќа малку запрежив кромид и патлижан, за проба, но имаше мака од леќата, нз дали има врска, имам дарно и така само варена леќата и пак имаше мака.
Од овошје: јаболко,банана,праска,круша,слива,кајсија,тиква. Зеленчук:компир,морков,брокула,тиквица,ксрфиол,сладок компир,кромид,пашканат. Житарки без глутен:ориз,палента,просо
Значи мене исто ми ја поврати бананата во млазови а не и беше прв пат да ја јаде и излезе дека има вирусче фатено, и после тоа не ми ја сака више неќе да ја јаде
Јас сакам од 6ти да биде.Но ме зачуди матичнава.Ке си терам јс од 6ти,не се брзаме никаде.Фала ти бејб