Дај рачето да ти пишам петка Јајце, кисело млеко и моцарела не ми ги сака во никаква комбинација. Да не има некој магична формула барем за еден продукт? Сите кисели млека и јогурти ги купив ниту еден не сака.
Во зеленчуковите кашички по колку маслиново масло ставате? На пример на 150гр кашичка.. И кои други масла ги давате на 6+
Јас давам инстант ориз од холе.. Го мешам со се шо имам воведено и со овошје и со зеленчук.. Инаку сме 6м без една недела и мене ме интересира за пашканат
Инстант ориз на хип со адаптирано му давам, а пашканат мешам со тиквица, кромид, морков, со брокула исто имам дадено и со телешко. Мојот го сака многу
Кортико кај бебиња не се дава повеќе од 3-4 дена тоа е една работа, втора работа штом е пламнат по целото тело треба да му ги смириш прво тие иритации а тоа ќе го направиш со тоа што ти нема да јадеш тоа што го пламнува дерматитот. Дерматитот ужасно ги чеша и дополнително се нервозни. Дерматитот треба да се држи под контрола бидејќи ако излезе од контрола и детето е во постојана акутна фаза на дерматит тогаш крајна фаза му е астма. Ова зборам за атопичен дерматит а кој вид е кај вас најубаво ќе ви каже кожен лекар затоа што на педијатрите им е најлесно да дадат кортико што го смирува привремено проблемот ама не го решава. Колку е надворешно исипан толку е и внатрешно. Се знае каква е алергија од храна мислам дека Фримајн имаше убав текст ставено на темава а се знае од која храна се разлошува дерматит. Дерматиот е генски и си го носиш цел живот, само со добар имунитет можеш да го корегираш. Тешко дека до 1 год ќе се изгуби, зависи до кој степен е, а во крајна линија со пубертет се губи ако и само ако цело време се држи под контрола. Првото дете ми беше со дерматит па имам дебело искуство и јаки нерви за тоа.
Јас и давам овошје зошто и онака не ми го сака млекото од шише ни ад ни мое, и мора дека ручекот ќе и излезе мн рано
Ќути,4 месеци сум на диета без алергени производи,не внесувам. Оавен глутен,ретко. И па се воапалува... користам биодерма,а кортико еве уште денес го мачкам бидејќи се смирува..но не е решие. А не чека фаза на вндсување храна па ке видиме.... не давам алегено во секој случај
@FreeMind мојот јаде к.млеко/јогурт само во комбинација со овошје, банана најчесто. Оти не сака кисело, се мршти. Имаш пробано како овошен јогурт да и дадеш?
@Happyinlove не покажува исто на храна. Пример кога јаде нешто што и пречи и се прави црвенило и пликчиња мали. А дерматитот и е како сува рапава кожа, која најверојатно ја имате вие. Од храна прво се исфрла околу уста, врат па надоле. Ако е од храна се исфрла 10мин после јадење. Друго ти пишала и Славица. Ние си го носиме генетски, јас сум со егзема и алергии на се.
ke sakate li da mi kazete koga im davate obroci na vasite decinja.Nie imame 6,5 m i pedijatarot ni preporaca da vovedeme i rucekod nosno 2 obroka nautro ovosje napladne rucek.Me interesira stanuvaat cicaat ima edno spienje i ptoa obrokot ili pred spienjeto.
Станува 7-7:30 :цица 10-10:30:појадок 12:30-13:цица 15-15:30:ручек 17-17:30:цица 19-19:30:вечера 21-21:30:цица па се успива.
Ќе видиш според детето. Мојава на таа возраст, кога и се спиеше не сакаше да јаде. Па обично после спиење јадевме. Отприлика вака беше нашиот распоред. Цицање/Ад млеко околу 6, потоа си заспиваше обично до 7и30/ 8. Доручек 8 и 30. Цицање околу 11. Спиење. Кога ќе станеше околу 1, тогаш ручаше наспана.
Колку време од јадење жолчка покажува реакција, алергија? Поминаа 3ч од ручек цела е исфрлана, кревам паника. Дадов сируп и чекам.... Незнам дали е од неа???
Сигурно, не ни помислувај во блиска иднина да и дадеш белка од јајцето, белката е поголем алерген поради дерматитисот.
Фала, стопирам со СЕ од животинско потекло, денес завршивме со страшна алергија, инекција и уште минимум недела со сируп за алергија. Се враќаме назад на почеток, како ќе почнам одново незнам. Стресно за секој родител е да го боцкаат детето па и да го гледа така вжарено, а да неможам ништо да направам. Со страв давав до сега,среќа внимавав и не дадов количински и цело јајце. Внимавајте сите оние кои имаат дерматит бебите, со воведување на алергени.
Како е малата? Советувај се за белка со педијатар пред да дадеш чим на жолчка покажала реакција. Едит: си пишала во исто време.
Фала на прашање. Пишав горе. Сега сме добри, се повлечи после 1ч од инекција, има уште малку на ликот. Еве само дел од тоа каква беше.