Ова ти е класична алергија. Душа мала Чим генетски имате предиспозиции за алергии секогаш во консултација со педијатар како да ги воведете алергените. И не се плаши некои со текот на времето ќе исчезнат. Како те советуваа сега за јајца да ги прекинеш скроз или?
Ми кажаа се од животинско потекло да исфрлам некој период, потоа пак да пробам полека. Неможам да си поверувам дека од 1/3 жолчка после 3часа почна ова. Конкретни насоки немаат и педијатрите, малку се и тие во страв за бебе со дерматит да советуваат. Ми велат само тоа што има пробано да јаде, а мојата на работи што ги има јадено веќе покажува. Како и да е вториот пат ќе почниме многу по внимателно. Три дена воведување иста намирница по неколку врвови лажичка.
Оф душа мала, знам и се ми е познато. Првото ми беше дерматитично и беснило фаќав. Ме тешеа дека ќе помине на 1 год, па на 3 год а усуштина помина за мноооогу повеќе време. Од стрес со тек на време самиот научи што смее што не смее (од кога порасна) а душа ми се кинеше кога ќе побараше лебче и се криеше кај комшиите да јаде сув леб а да не зборам за чоколадо и остало што има лактоза. Моја препорака алергените (за дерматитисот, знаеш најлоши се глутен, лактоза, грав...) да ги воведеш многууу подоцна после 1 год. Ќе почнеш со јебани 5 гр на ден и тоа само еднаш неделно. Исто пази и на риба и се живо и диво што има конзерванс. Подобри консутации направи си со дерматолог ама добар дерматолог зашто педијатрите врска немаат. Сируп за алергија прави поспаност па да не те чуди ако повеќе спие.
А ти дадоа ли комбинации со растителни? Бидејќи со исфрлање на месо и млечни ме плаши хемоглобинот кај малата како ќе реагира. Имаш на нет кои зеленчуци со витамин ц треба да ги даваш за железо. Преспиј и утре разгледај ги комбинациите за исхрана. Не треба да се плашат од бебе со дерматит си има насоки од само породување како се постапува со генетски алергии. Те гушкам иди спиј.
Фала многу. Почнав да форсирам затоа што нели советуваат мала да ги 'собори' алергени да не и остане понатаму во животот. Како би изгледало менито на моето бебе и без глутен Овошје, зеленчук, просо, палента? Стварно немам поима што сега би и дала за појадок, ручек и вечера, а да ја држи сита. Цицка сервис се враќа во акција овие денови
Да, ама не и за дерматит нажалост. Крајна фаза е кога ќе влезе во пубертет да се регулира а може и порано не велам дека не, зависи до кој степен е. а тоа најубаво дерматолог ќе ти каже некој ,,писмен,,. За мени и јадење и мене ми се креваше косата нагоре, ќе вртиш комбинации бар сега на нет има све и свашта. Тогаш јас почнав со дохрана после 7.5 мес (имам пишувано по темите). Сега ми текна, во тој период барав зајци по луѓе за да внесе некој протеин. Жално знам ама бебо мораше да јаде нешто. Да бе Фри во нормални и писмени држави а во нашата ,,златна,, МКД, тешко мора сам да истражуваш и распрашуваш и со игла да погодиш добар лекар.
Со помин да е душичка ќе помине се и синко имаше дерматит ама се повлече, јас па ете се му давам па фала Богу на ништо не ми јави алергија.
Кој ви беше првиот оброк, проба на вкус, и на колку месеци,ако се сеќавате или дали има некој кој деновиве за првпат ќе почне да дава цврста храна на бебушите..за 3,4 дена влегуваме во 6ти месец па ќе мора да се започне веќе... скроз сум возбудена, едвај чекам..
Душиче да помине побрзо и полесно За боцкањето знам како е мојата на 5 месеци и ставија инфузија и немав поим дека ги боцкат во главчето, пребледев кога ги видов и се утепа од плачење
Мене ми рекоа од 8+ ама уште немам дадено леќа и боранија не сме стигнале, а грашок од кашичка готова има пробано... За прокељ не знам не сум прашала
Стандард морков е прв кај 90% како неалерген. На 6+ точно до ден. Ајде со лесно на момите мило ми е што почека со дохрана Јас леќа многу покасно ќе дадам кога ќе јаде цели три оброци на ден. Имам проблем со леќа и грав сигурно и она ќе има, а грашок веќе преку тегличка имам воведено.
Фала многу Денес е супер, се повлечи се, сега ќе внимаваме. Јас не издржав и мм ја држеше а јас си плачев
Леле душа... сигурно си се преплашила... мене коса ми се крева кога ке пламне дерматитот а камо ли ваква реакција... немај гајле ке си се избори она за брзо и јајце ке си јаде и се што треба. Еве денес брокула му дадов 2 лажички со сласт си ги јадеше. Јас прво давав овошје но освен јаболко не сака друго. Си сака повејќе зеленчук за оние што се мислат дека ако дадеш прво овошје нема да сака зекенчук еве кај нас не е така,нема правило. И сака сокче од морков и јаболко од хип. По 100мл во ден си пие. Сакав да ве прашам сега имам уште зеленчук за пробување и пример кога ке стигнам до житата бидејки не ке го давам пр пашканатот така клот кога ни јас не би го јадела така со ориз мешано? И да си давам по 120мл оброк. Би бил некаде пред полни 6м. Започнав со пробување на вкус на 5месеци точно.
Пашканатот како го воведувате? Исто како и сите по 3дена и дали го давате прво чист или го мешате со веќе воведено?
Да душо се преплашив. Ете на толку пазење пак грешка Инаку за ова да ти одговорам давај колку сака да си јаде од веќе пробани работи а во тоа ставај по малку нова намирница. Таман сте си за цел оброк веќе.