Мајки, киноата мора да се блендира, нели? И со што најчесто ја давате, која комбинација се покажала најуспешна кај вас?
Јас и покрај тоа што ја блендирам мојов не ја сака оти има зрнца, па ја толчам плус :/ Ја комбинирам со зеленчук ( обично кога ми е само зеленчук на мени, без месо или жолчка) или со кисело млеко, јогурт... Може и со овошје, ама ние не јадеме овошје па не му правам тоа.
Каде купувате прокељ?Во градов наш пребарав и маркети и пазари и не најдов?Планирав него да го воведам.
Просото го варам и потоа го мешам со овошје или зеленчук. Ги блендирам заедно. Овес како што кажа @joy1 се потопува со водата во кое што се вари зеленчукот или овошјето. Но јас овошје не варам Така да може и со топла вода да се потопат и се оставаат да нараснат 5-10 минути потоа повторно си ги мешам со овошје или зеленчук. А може и со јогурт ако ти е воведен. За друго немам воведено Просото го купив во Дм од алнатура, овесот во сите обични маркети го има.
Колку месеци сте? Од 6 ти можеш да воведеш просо,киноа,амарант.Овес од 7 ми иако не е глутенски. Просото го миеш и вариш во однос 3:1 ,тоа ке ја впие водата и ке набабри. Киноата ја варам во однос 2-1 она кога е готова како лушпи се праи(незнам да ја опишам) Амарант не давам сеуште.. За овес @chocolade ти кажа Купувам од Виталија.
Син ми е 5+ уште не сме почнале со дохрана, но почнав да се припремам и имам многу нејснотии Сеуште сме само на доење и му купив хранилка ( мрежичка за учење вкусови ) само јаволко му давам и многу го сака
Мајки, вие кои имате воведено сливи, дали мора модри сливи да бидат, или можам црвени сливи да воведам? Освен разликата во вкусот, знае ли некој дали има разлика во однос на тоа дали се црвени или модри сливи? И уште едно прашање Колку киноа ставате во кашичките? Малку јак е вкусот (барем мене така ми се чини), дали се 25гр доволни?
Можеш да воведеш црвени сливи, нема разлика дали такви или модри ако мислиш на оние округлите? Киноа и јас ставам една супена лажица во кашичките.
@Jagoda123 , на тие мислам. Моментално само такви има, ќе му земам деновиве. Фала ви многу девојки, @Jagoda123 и @joy1
Мајки утре прв пат амарант ке дадам.Како се спрема тој? @Jagoda123 бидејки рече дека водиш евиденција во ком што си воведувала редоследно,дали ке можеш сега за 9 ти месец да ми кажеш што иде на ред.За недела дена 9 полниме па да си планирам Фала однапред
@Jagoda123 стана експерт за бебешка исхрана. И мене ми е водич. А и нејзе омилена тема и е "денешно мени".
@zuto далеку сум од експерт, ама како и секоја мајка многу се трудам беби да ми се храни здраво Можеби имам направено грешки со воведување на некои намирници (предвреме) но за среќа син ми не покажал лоша реакција. Инаку најомилени теми ми се навистина темите за здрава храна зошто од вас ги добивам најинтересните идеи (комбинации) за оброци. @joy1 еве што имам јас воведено во 9-ти месец: · Модар патлиџан (10+) · Домашен леб (Интегрално брашно) · `Ржани снегулки (Кога ќе се воведе глутен) · Зачини (Магдонос, целер, нане, француски магдонос и сл.) · Леќа (Црвена) · Рогач (12+) · Пченични снегулки (Кога ќе се воведе глутен) · Јачменови снегулки (Кога ќе се воведе глутен) · Цвекло (Домашно 6+, купечко 8+) · Хељда (Безглутенска житарка, може од 6 месеци, но е алергена и се препорачува после година) · Грашок · Урда (Здравје Радово) · Семки од тиква · Ладно цедено масло од тиква · Јунешко месо (8+)