Еве и кај нас испадна дека сака повејќе зеленчук. Чекаше со уста отворена за брокула од хип утре батат ке спремам. Се плашам од дерматитов... еден ден без кортико повторно се нафрла. Он јадеше едвај врв на лажчка два пати јаболко и банана што не верувам дека е од тоа,а јас свинско месо... и еве повторно е пламнат... Имам ориз од словенија како на хип што е само др фирма и пишува на едната кутија ориз млечен а другата со банана. Се прави со вода/млеко по желба се мислам дали таков да направам или кочански да си му дадам. Но за 2 лажички кој ке го кисне,меле.... .
Da taka pocna da spie od koga pocna da jade kasicki, stanuva kako sto pisav ke cica pak i pak prizaspiva ...... sekako so isklucoci ponekogas skokovi, zabi pa znae da ne zaspie cela den ali 70% spie taka da no posle toa ne spie do 22/23 casot navecer
@BabyT* нека е со помин мајче, се надевам за брзо малата ќе се избори со алергијава и ќе може се да си ручка
Видов лупена хељда на Био Космос, па да прашам дали некоја ја користи? Како се вари, 2 лажици со 200мл вода, како и останатите житарки или има друг сооднос некој? И колку време се вари? Ако е 40мин како амарантот, да не ја купувам, па да си земам инстант хељда од Зегин.
Фала душо, се избори, дома сме веќе. Сега ни остана дa испитаме од што па ќе ручкаме на раат @Happyinlove а го мачкаш ли мајче со нешто? Штом е толку агресивно користи ја Биодермата некое време иако е агресивна ќе си правиш паузи кога ќе нема.
Да да со биодерма атодерм сме сабајле вечер... и па... Да не сум офф што ве советуваа вас во врска со внесување на храна при дерматит? Бидејќи мене едни ми рекоја диета бидејќи сме на доење да не внесувам алергени и конзерванси,а друг педијатар као се е терорија не е докажано дека предизвикува. А за сега на 5м ајде некако горе доле е храна што не предизвикува алергија да кажеме,но како ке биде понатака ме фајќа страв. Не од реакцијата толку,него од тоа што доколку не се надмине алергијата кон тој производ. Еве до сега ни јас ни мм немаме проблем со алергии на храна затоа ми е тотално непознато
Колкаво е бебето? Од кога давате леб и каков? И бисквити од кога може да јаде и какви, пример навечер со млекце..
Денес изеде 50гр. палента со јаболко. Просто не ми се верува. Како што јадеше по 20 гр. ова е успех. Е мислев дека помалку ќе цица барем сега пред спиење, ама не, си цицаше нормално. До кога вака? Кај мојава ми е олеснително што од прв ден и давам пасирано со вилушка и се научи фино да џвака. Само количинава да ја дотераме некако. Туку оризот со што го комбинирате? И дадов со праска, да не го види, ама и гадничко ми беше кога го пробав. И палентава од друга страна ми беше гадна, па она ја јадеше. Пиперка кога може да дадам?
Да мора да внимаваш,штом доиш, конкретно на јајца, млечно, риба, јаткасти, се што може него да му предизвика. Ме чуди што и биодерма не ви помага. Исто можеш да внимаваш да не претеруваш со мокрење на кожата со вода, да носи памучни алиштенца, омекнувач да не користиш и да употребуваш мек детегент.
Јас планирам од овие црвени пиперки што ги има сега да му дадам со компир а белата пиперка може со ориз. Можеш, СЗО не кажува кој зеленчук по ред да се внесува туку да се внесе првиот месец. Цицка тешко се остава така да не мисли дека ако јаде нема да цица т.е помалку ќе цица, цице си е цице
Батат со што комбинирате? 7+ сме, вошје се јаде, мешам со киноа или полента, понекогаш и кисело млекце и тоа е се..дајте некоја идеја некоја комбинација што ви ја ручкат дечињата па и ние да пробаме.
Точно 6 месеци е, пред 1 недела почнавме со дохрана. Леб дадов од тој ние што јадеме, купечки ама од оние еднодневните со квасец, не од оние долготрајните на парчиња бидејќи се полни со адитиви. Бисквити не давам, ниту сум давала на син ми кој сега е скоро 3г, ниту сега на бебево планирам да давам. Полни се шеќер и палмина маст, ништо корисно нема. Има некои бебешки со подобар состав ама и од нив никогаш немам купено, за син ми сум земала од Лидл со путер место палмина маст ама не ги јаде нешто многу.
@Happyinlove Моето синче исто има дерматит во 5ти месец (сега има 10м)беше највеќе тој највеќе имаше на лицето тогаш што се не пробавме со кортико поминуваше но кога ја прекинеме по два дена се враќаше пак,тогаш го поминавме најлошиот период. Ги пробавме сите креми што ни ги даваа ние сме во германија ни ги даваа линола фет,ла роше и мн други и кога си отидовме за мк го мачкав со бекутан бадемов крем и за неколку дена веднаш се забележа подобрување и од тогаш не сме користеле кортико па и целосно го снема. Сега со воведувањето на храната бев многу претпазлива и откривме дека има алергија на млечни производи само на допир реагира со уртикарија а кога му дадов да проба кашичка со ад млеко одма од една лажичка доби алергија по цело тело одма, а исто и од домат има мала реакција наредниот ден има црвенило на образот,жолчка воведов немаше реакција но од белката некако ми е страв. Со дерматитот треба претпазливо да се воведува за да се следи дали ќе има од нешто реакција но немора да значи и дека ќе биде алергично детето на нешто не е секогаш поврзано со храна. Само трпение мајки и ќе помине .позз
Комбинирај го со некој зеленчук на пр. морков и кромид, блитва, тиква, тиквичка... или со овошје како на пр. јаболко, круша. Не сум дала уште но вака планирам За хељда тука по форумот читав дека била експлозија од енергија односно давала многу енергија, колку е точно незнам. Јас купив од инстант хељда од Зегин ама уште не сум дала, понатаму. Кога ќе ја давам ќе дадам одсабајле за да видам колку ќе се истрчи бебчо во комбинација со овошје. Твоето е поголемко па можеш да ја комбинираш и со сиренце или некој зеленчук. Нема таа некој си посебен вкус неутрална е. Наут дали има некоја дадено ? Идеален би бил со тиква а богат е со железо. Нормално зрната излупени би ги дала и изблендиран а тиквата пасирана. Знам дека може да направи запек па би одел во комбинација со крушка или слива. Би сакала да го воведам да ако некогаш (не дај боже) се расправам со проливи би му бапнала наут да ручка
Можеш, неутрална е, нема некој си вкус специфичен Јас земам хељдини кори за пита со сирење и многу ми се допаѓаат т.е питата со сиренце
Давав инстант ја потрошив сега купив од тинекс хељда и ја варам, како просо, киноа, амарант, а ја комбинирам со овошје за појадок. Многу е хранлива и супер е за бебиња.