Од млечни продукти само ова го јаде: Пробав и од кутија кекс не го јаде. Сите можни житарици ги измешав со овошје и ниедна комбинација не ја јаде. И сеуште има нагони од јогурт и кисело млеко. Утринава и смешав овошје, 7 житарки и јогурт ќе повратеше. Јајце исто така не сака. Чисто овошје за ужина јаде по пола. Зеленчук има напредок во јадење (брокула и цвекло неславно завршија) Месото и така и така. И што ќе биде ако ја давам тегличкава неколку пати неделно?
Ништо нема да и биде него работата е да се научи се да јаде и да внесува разноврсни витамини и минерали.
Јас имам три инстант ноќни каши од кои и давам секоја вечер, значи повеќе пати неделно јаде истото, само со различно овошје. Како што вика Славица, ништо не им е, само целта е да има разноврсна исхрана. Додека да ти пројаде се, секако јаде две-три исти работи секој ден. Слободно давај.
Давај тоа шо сака, ќе и досади па ќе јаде друго. Барем кај нас е така. Да треба разноврсно, ама поарно нешто од ништо. Еее колку фази поминавме ние со храната, од крајност до крајност. Обично тоа што го обожавала после не сака да го види, па нешто ново ќе открие и бендиса. Инаку на мојава и е омилена таа од бебевита со ванила, а од таа со чоколадо да не ја види.
Значи од утре официјално почнуваме ..купив органски компир, морков, пашканат, тиквица и блитва. Ве молам за убав редослед на јадењето.. т.е искуство ваше.. значи сабајле нормално давам млеко, па кај 12 на пладне следи 3 лажици од пасиран компир? па накај 15 часот пак млеко или ако побара и порано пак да дадам од компирот или млекото? па следи во 18ч. пак млеко??? Ве молам како изгледа вашиот дневен ред...5+ сме..
Емуш за ред во јадење ќе почекаш мила. Прво нека пробаат момите што нуди планетава па потоа сама ќе си видиш дали прво јадат или цицаат наутро. Кај мене на пример пред 10ч нема шанси да и дадеш храна. Ќе си пробуваш како ќе им одговара така, скроз лабаво. Иако ти изгледа како германци да ти ја правеле дохранава опушти се не е така како што изгледа. За две три недели ќе и го фатиш трикот. Утре ќе дадеш два три пати на врв на лажичка морков. Нема да се прејадат ниту да се најадат само ќе пробаат што тоа ние гнетеме. Кога ќе бидат фино расположени смести ги во столица и по едно две три врв на лажичка. Утре пак истото со друго или со морков ако сакаш. И така пробувај си една недела вкусови, па мешај ги едно со друго и ќе направат веќе две недели и ќе изедат две три цели лажички. После ќе изедат пет лажички. Па десет грама еј десет! И после колку сакаат толку.
Јас почнав со јаболче морков тиквичка.. Сите посебно по три дена, на почеток и давав онака да лизне само за да осети што е и после и давав две три лажички може и повеќе зависи колку сакаше, а моево машала на мајка и се метнала со апетитот Ние стануваме многу рано во 6 и морам да ја облечам дека ја носам на чување така да сабајле цица пред 6 после накај 7ипол 8 лигави едно шише ад зошто неќе млеко од шише, заспива па доручек житарки со овошје кога ќе стане, после некое време 2-3саати има ужинка овошје па спие ако сака па ручекот и е околу 2-3 и ако успеат да ја заспијат спие накај 4, после тоа цица и невечер кашичка обично и давам гриз од хип го сака и цицање и нанање Јас скартив со млекото зошто не ми го пие и ми рекоа може ужина за замена па така издржуваме, ако ти пие млеко тогаш супер распоредот оди млеко после саат ипол храна па саат ипол пак млеко итн.. Јас по еднаш во денот и давав да пробува некој даваат и два пати Иначе уште си јаде во релаксатор има 9м не го користиме иначе дека многу мрда ама за јадење седи, со играчки секако
@FreeMind и @Bupalu фала ви за исцрпните одговори, ќе почнам па ќе споделам први импресии/разочарувања...
Може има тема но ајде тука да си прашам како попроста. Се нарекувам попроста затоа што ова BWL може и не се вика така ми е нешто тотално безвезе во однос кога гледам како 6 месечни бебенца лапаат парки од храна било брокула или варено јаболко,банана било што. Па уште горди еве моево паметно бебе само јаде,јаде оно голта толкава парка,па јас да ја проголтам 3 дена желудник ке ме боли. Па фирсираат пасирано не,епа кога бе пасирано на 72год без заби кога ке се,а сега на 6 месеци парки нека голтаат. Ја сознавале храната,као нема да пораснат и да научат,еве неуки сме сите што не лапавме парки на 6 месеци. Многу мудри станавме.... Навистина се нервирам до каде ке се наметнуваат работиве,според мене е тренд безвезен рано е толку малецки. А над 12+ е друг муабет од ова ми е мачно да го слушам и гледам. А и реално зошто пред време да порасне,сепак е бебе
Многу набргу раскажа хепица или јас брзо ја читав и само парки парки ми остана у глава. Исто неам поим шо се.
Гарант бебо не сакал да јаде ААА па ти незнаеш дека книгата кажала дека блендирано е од 4 мес а пасирано од 6 мес и тоа по можност што поголеми парчиња. Денешните бебиња се раѓаат од старт со диплома Море нека пројадат прво сите бебиња па дали е блендирано, пасирано или се парки (претпоставувам мислиш на парчиња храна, залчиња) не е битно.
И јас сфатив дека парки се парчиња, партали . Гарант бебето не јаде, или сака блендирано, па и викаат зошто не пасирано. Тоа е тој менталитет, познат ни е на сите.
А дека се претерува со фалење по соц.мрежи со децава тоа е неспорно. Моето вака, моето вака, колку е напредно, а од доле се истите меѓу себе коментираат. Све ми е тоа отследено, ама спонзорирани, па се појавува... хаос е.
Јас само овде на форумов читам и зборам за бебиња и ниту една ја немам прочитано да се фали. Може и до луѓето е. Секое бебе во нешто е понапред во нешто поназад. На инста нешто заследив и одследив многу некако се форсираат луѓето али добро пари прават од тоа така треба и да биде. На ден по 18374894991 сториња и 7376362891 слики мики вака направи мики онака направи океј довиџења.