Да да баш му го даваат како глодалка да е тоа брокулата и еве детево го учиме само да јаде,нема вејќе пасирано не е модерно...тоа 6месеци . Мојов се заскнува со каша а камо ли морков да му дадам. Среќа го обаруваат,може ке им текне следно и свежо да е...нели повејќе хранливо. И сето ова било да се научи што побрзо што е храна и само да јаде... па не сум видела до сега човек што не научил да јаде... Навистина се напнав. И кога дојдов да пишам форумов штамааа хардверот чао.
Оние што си водат страници и си прават пари од тоа реално бебињата од една година им пијат вода од толкав чаша сами. Туку на тие што ги следат не им пијат и ете ти фрустрации. Само по игрите примети колку е се тоа безбедно направено, а кај следачите како е. А за така да јаде и да пие тоа бебе треба скроз лабав систем како германциве што имаат со деца да живее, а не како нас што не гледале. Овде по пекари бебето им лазе по под си наоѓа трошки си ги пика во уста алес гут мајкава. Моево масата да ја допре веднаш вадам куферот со марамици, средство за стерилизација, слушалки диши диши, мантил испеглан со се педијатар со се све. Такви сме стегнати не сме ние од оние парки што им јадат на шест месеци.
Ќути пак за брзо време го направија инаку што ќе правевме Шала на страна да не бидам офф да не ми се скараат модераторите ако воопшто има, несум погледнала !:порано беа многу строги ). Ја завршив турнејата со 3 дена 3 вида овошје па од утре ќе миксам додека оние банани не поцрнат во зделата и она авокадо не омекне за да проба бебчо. Си јаде тој, умен е. Блитва, спанаќ, кога дадовте, одма или подоцна ?!
Исто и мене ме нервираат па со слики како јаде парчиња бебето, па свашта. Мојата ако не е добро испасирано добива нагон за повраќање а не цело парче да и дадам. Стварно не ја гледам логиката, кога секој ќе се научи да јаде и парчиња и со вилушка и без да се обрка кога ќе порасне.
Baby led weaning се вика методата. Всушност таа метода е многу поприродна отколку блендирањето со блендер. Размислете, во минатото кога немало блендери сите бебиња вака ги хранеле. Блендирањето на храната е нова мода од пред најмногу 20тина години. Фалењето на интернет, слики, клипови и сл. мразам и јас, ко кој знае што да прави бебето, а тоа ко и сите други го извршува основниот човечки инстинкт, хранење. Пишував пред некој ден за моето бебе, не сака каши, уста не отвара за лажичка, а ако успеам нешто да и протнам завршува исплукано кај мене на лице. А ете и давам корки лепче и си го јаде без проблем, и си џвака парчиња и си ги голта без да добива нагони за повраќање. Не сум планирала и јас вака да ја хранам, синко го хранев со блендирано, и овојпат ги наполнив фиоките со кашички, спремив компоти еден куп кои планирав да ги блендирам, ама ете едноставно детето не сака ниту да вкуси. Ќе пробам уште некој ден вака со каши, ако не сака ќе почнам и јас да и давам фингер фуд, но не нема да снимам и да ставам на нет.
И јас се сложувам со @FreeMind Вака,досега ниту една мајка ми се нема пофалено за тоа колку е понапредно нејзиното детенце. Добро де, со неколку мајки имам зборувано,можеби не се од тие што се фалат или пак нема со што да се фалат,или не се такви. За разлика од мајките,бабите се бетер од овие што ги кажувате на социјалните мрежи Внук/внука ми кажа тоа, направи така,направи вака,погледна вака,трча така,се нај нај. И главно,муабетите меѓу две баби се за тоа што прават внуците (демек која ќе го испофали повеќе) Секако ова само се однесува на оние баби на кои главна преокупација и опсесија им се внуците
И @Lolipop1983 пишала, baby led weaning е методот, всушност најдобар метод за бебињата да се научат на цврста храна, со која патем се почнува од 6 месеци, а не од 4. Природен метод кој се користел со векови наназад, а со блендер и каши само се уназадуваме. Јас би да се исфрлат блендерите од употреба за бебиња, ете, не користев за моите такво нешто. Со кашите им правиме само лоша услуга, пред се, удар е врз здравјето - забите се расипуваат побрзо, се искривуваат поради тоа што доцна се почнува со џвакање, не се соџвакува убаво храната, потоа проблеми со желудник... остај тоа што велат дека никој на каша не останал - никој од поновиве генерации не џвака убаво. Не е рано толку мали да почнат со парчиња, оти порано кога немале блендери што правеле, како ги хранеле? Ако ти смета што некој става слики и видеа од бебе како јаде храна на парчиња, едноставно не гледај. Не споредувај што прави твоето бебе, а што туѓите. Секое е приказна за себе и секое различно се однесува, различно ја прифаќа цврстата храна. Со парчиња побрзо се навикнуваат на вкусовите, оти се чисти, не се мешани од повеќе продукти како во кашите, и полесно е да ја прифатат дохраната.
Пишале за BLW, ама не се согласувам дека така ги ранеле децата на времето кога немале блендер. Се ситнело и цедело со газа, сито, онакви цедалки пластични. Имало начин да се "изблендира" и тогаш. Доста читав за BLW и ко што гледам тоа е нова мода. Па и мајките од горди погорди само јаде детето.
Не е нова мода, одамна е. Само последниве неколку години зема замав оти ја искомерцијализираа. Дека цеделе нашиве преку цедалки баш и не верувам. Еднаш, двапати ќе правиш, ама после ќе ти збоктиса да треба петпати дневно истото да го правиш. Парчиња давале, корки обавезно штом почнеле да ги мачат забите, значи и пред 6 месеци, ама тој лебот порано и овој сега што го купуваме не е ист.
Мене ми е ок методот само едно не ми е јасно, како што гледам не дават паричиња туку даваат пример цел обарен морков итн, и јас ставам во кашите и кромид и лук ми нема смисла така да и дадам да го ропа Ми има логика да го направам како што ние го јадиме сма вака одделно зеленчук, овошје не верувам дека ќе изеде доволно.
Млад лук и млад кромид може да се јаде без проблем, сигурно нема главица кромид или чешне лук да дадеш јас давав млади. Варен зеленчук, парчиња доволно големи да може да ги фати само, и да гризе. Исто и меко овошје на почеток, после потврдо. И искрено, од искуство - многу повеќе вака ќе изедат, токму толку колку што им треба со кашите некогаш може да се претера со количината, оти е лапни голтни, и може бебето да јаде уште иако не е гладно, оти не стигнале импулсите од желудникот до центарот за ситост во мозокот, што не е случај кога храната се џвака.
Нас ако ништо друго со вилушка ни пасирале,ајде сигурно не ни давале сами во рака. За во рака сама на слики се гледам бисквита каде што држам и тоа прододена и со заби значи над 12+. И ниту проблем со заби имам,ниту назадна ниту напредна сум. А ни проблем немала мајка ми со тоа да ме научи да јадам. 3то дете сигурно време имала над мене да седи да ме прати дали морковот ке го џвакам на 6 месеци,пази џвакаат а забче немаат,значи го топат или голтаат толкаво парче (парки).... како и да е многу многу се наметнуваат работите а и нели секоја мајка си се води спрема својот инстинкт. Мојот кажува дека син ми скоро 6месеци е и не ми е спремен за ваков тип на хранење,затоа пасирам и блендирам. Не се брзаме,ке порасне и он. А над 7м нека си крка кришки.
Ок. Тогаш не се замарај и не се нервирај со тоа што некој ставил слика/видео од 6месечно бебе каде што јаде парчиња.
Не дека се фалам, да не бидам погрешно сватена, но бебе мое се тепа да и дадам кришка леб која сама си ја глода. Нешто голта, нешто плула, но се нема досега задавено. Исто и давам и парче јаболкце да гризи, море и цело од градина не прскано со се лушпа, само измиено и си глода. Има после во изметот некогаш несварени парчиња храна, но мислам тоа е нормално додека не научи убаво да џвака. Овошје исклучиво и давам или цело или на парчиња, блендирано не го јаде, а зеленчук пак обратно. Него само во каша може да го протнам, ама упорно нудам и парченца. Обавезно секогаш кога јадеме ние во хранилка и оставам неизблендиран зеленчук и леб за да се занимава и си поткаснува. Леб и по 1 кришка ако ја оставам сама може да изеде. Така да не се плашете и дајте им на децата да јадат сами, доколку сметате дека се спремни. Кај нас некаде од неполни 9 месеци почна сама, прво со смоки, па со кифле и лебче. Не дека јас не ја ранам со каши, ова повеќе како замимација и зачување да џвака и е. Бтв и мене ме и преусилено кога ќе видам дека со вилушка сами јадат па и вода од стаклени чаши пијат, а мојава едвај од шишето научи сама да пие по 2 капки на ден. Но браво за децата, ете само тоа имам да кажам. А дека во Македонија се заработуваат некои големи пари од инфлуенсерство не верувам. Ете и јас сум во тој бизнис само друга бранша со мн посериозни клиенти и за жал далеку сум од милионер. Мене ми е жал само шо така ги експонираат децата на социјални медиуми, но кој како си сака така нека прави.
Во ред е да дадеш и пробаш да јаде парчиња, ама кога се дави, не сака? Ајде ако не гладно нека биде, за да сме во тек ,,со модата.,,. Како не блендирале? Мателе и со миксери. Свеки кажува за мм, што ли не правела за да јаде. Деца јадачи кои прифакаат се и нејадачи имало секогаш. Едно време пасирале, ако не мазно блендано, гмечеле, правеле напори да се иситни храната. Мене ме нервира таа осуда ако некој блендира. Посебно натпреварот кој го гледам во Здраа храна здрави деца.Арно едно време си ја имав отследено. Нема дете кое нема да се научи да јаде цврста храна. Потреба од форсирање нема никаква. Кој кога ќе покаже тогаш. Исто како и за пелените, преодувањето и се друго кое сега е натпревар на мајките.
Мојава е 8ипол месеца, и џвака корка цела, бисквити, помеко овошје цело и го давам го глода. Заби нема, ама веќе неколку месеца полека инсистирав на цела храна. Пак давам каши, ама пасирано, за да знам дека ќе се најаде. Ама се што можам да и го дадам да го изџвака со жлебините, го давам. Јас пробав BLW, ама се давеше, и не внесуваше ништо. И онака е тешка на јадење, не можам да издржам по 2 саати еден оброк да трае. Ама се согласувам дека учењето да џвака е битно, и што порано, толку подобро. Не дека нема да научи да јаде, ниеден возрасен не јаде каши, само премногу деца има што на 2-3 години не јадат нормална храна. И јас сум за тоа блендерот да се фрли. Ептен ми се наоѓаше кога почнав со дохрана на 4 месеца, ама штом научи да си седи и сакаше да фаќа храна, и давав. Сега само заби и фалат, иначе спремна е за јадење моркови Не е муабетот за натпревар. Исто како што проодуваат на 10 месеца или година ипол, така и јадењево. Не е целта што порано да јаде парчиња, туку се трудиме да ги учиме да јадат нормална храна. Исто како што се трудиме да ги учиме да одат и да зборуваат. Само затоа што детето не оди на година, не ги држиме врзани во хранилка. Го ставаш на земја, го паткаш, му викаш браво кога прави по некој чекор. Го мотивираш. Така е и јадењево, целта е да јаде цели парчиња. Дали ќе пројаде на 6 месеца или на година, до детето е. Наше како родители е да му нудиме. Ако никогаш не му дадеш да проба, како ќе научи?
Мојата сама грицка (читај плука) бисквита. И дадов на 7+. Сега на пет заба ќе и дадам да грица што сака али нема желба за ништо. Инаку бисквитата бебешка фактички се топи во уста и сама си ја пасира. Инаку хепи зборува дека е против наметнување јас како што ја разбирам. Али социјалните мрежи си го прават своето. @Milaаа991 една инфлуенсерка у стил ај ем со кул отишла во зоолошка и ги замолила вработените да ја држат жирафата за глава за да напрви добра фотка. Нешто налик сликата со лебедот во Охрид бугарката што го држи за врат за селфи. Овие никад пари нема да направат и нека се бават со нешто друго. Пример стругање мастики од клупа.