Као никој на каши не останал, а деца кои се израснати со каши, ги јадат до кај 4 години, немаат нормална исхрана. Да, ќе јадат цврста храна, ама нема да џвакаат како што треба. Џвакањето се учи со непцата, уште пред да пораснат катниците. А катниците се заби за џвакање. После не е исто. Ги гледам децава на преглед што ми идат, а работам со мешана популација - погодете кој има поголем проблем со забите? Тие што пораснале на каши. Башка што деца до кај 4-5 години имаат проблем со тврда храна, т.е не џвакаат уште како што треба, па ја избегнуваат, по автоматизам месо, тврдо овошје и зеленчук не јадат, а тие се важни за механичко чистење на забите, јадат смоки, карамели, кроасани, пијат сокови... се тоа кашесто, лапни голтни. За мерак. Оние што џвакаат од бебе имаат помалку проблем со храната. Се сложувам дека има деца нејадачи и мајка се ќе проба за да пројаде детето, ама од друга страна, сите деца кога тогаш почнуваат да јадат. Јас од професионален аспект гледам на ова, јасно ми е дека на здравјето на забите влијае и генетиката, ама во голем процент и начинот на исхрана, т.е дали е кашеста или цврста. И не, не е форсирање да се учи бебе да џвака. Нормален процес е. Ама кој како да сфати. Моиве се постари генерации, не верувам дека миксирале. Доктор педијатар на моиве им даваше парчиња да шмукаат од сам старт, не каши. Ако ви е полесно со блендерот, терајте така. Ама не обрнувајте внимание на оние што ставиле слики или видеа со нивните бебиња. Вие си знаете најдобро за вашите.
Не зборувам за деца од 4 год кои не џвакаат, туку деца од 6м до 2 год. Во овој период 80% од децата ќе се научат да ја џвакаат храната. Колку е битно џвакањето ми е сосем јасно.
Мајки да не испадне ова јас сум да се дава пасирано додека тргне во школо. Далеку од тоа,него ја тргнав дискусијава од тоа што го видов. На 6 месеци пробување на вкусови со оваа техника каде што за мене не е прифатливо,наметнато. За 6 месеци кога прв пат пробува брокула таа да биде на дршка... Иначе што се однесува до дете,си имало и ке си има напредни и што џвакаат и сум за тоа... но да проба прв пат на ваков начин не. Се испобркавме
А зошто осеќаш дека ти е наметнато, ако си го видела некаде не значи дека мораш така да направиш. Зошто си правиш притисок и стресови дека мораш и ти да му дадеш на детето така да проба?
Верувајте со свои очи гледам примери како деца од 5 години ги ранат со каши. Многу близок пример и тоа. Бананата ја кршат на помали парчиња, да не се задавел. Јас на мојава и дава да одгризе колку сака сама. Знае да си ја земе во рака и да си ја јаде до кај што е олупена. Мислам дека за такви екстремни примери даде @Annath A мојата почна да гризе и сама да јаде после 10 месеци. Ама јадачко дете е. Не знам дали тоа игра улога. Она би јадела и каша, само ја веќе не и правам.
Мојава пошо е мн стрвна, почнав да глумам дека ЈАС ручам(а за нејзе готвено) и пошо и она да проба сака, и давав од моето демек, и така се научи на цврста храна. А банана, леб, и шо и да е сама си држи и си гризи колку сакат.
Никогаш не сум се оптеретувала со тоа дали моето дете е поназад или понапред од другите. Сакам да знам што прават или треба да прават на негова возраст,ама додека не гледам дека не постои некаков проблем,не форсирам. Сите деца се различни,некој порано,некој подоцна. Синко е 9 месеци,дури сега го усоврши вртењето од грб на меше и обратно,потседнува,ама треба да има некој до него отпозади или потпрен на кревет зошто знае да падне. Сам уште не седнува. Кога лежи пробува да потстане,ама сеуште не станува. А за одење,ехеее далечно ми изгледа,ама не се знае,многу брзо менуваат. Да не сум надвор од темата,за пиење од чаша,пие од 6 месеци мислам,и тоа сам бараше кога ќе ме види да пијам јас,ми ја тегнеше чашата. Сега повеќе пие од чаша,него од шише. Ама затоа пак,освен леб што му давам мали парченца,од друго се се дави. И јас би давала да јаде пасирано,ама неќе,па како и секоја мајка барем да јаде,па макар и блендирано. Сеуште се мачиме да почне да јаде,да има навика дека треба да јаде,па полека и јас би менувала. Еве денеска и вчера,за да јаде јас му ја отворав устата и буткав лажица,инаку не јаде. Секое дете е различно. Јас па и немам фб па не ни пратам што е " модерно" . Детето да ми е здраво,а другото ќе си дојде само од себе,со наша помош,секако.
Јас во последно не пишам во темава, моево се јади, буквално се освен грав, грашок, парчиња после 8 месеци почна, сам бараше, почна блендирано да одбива, само гриз и палента му е како каша, др се како нас јади, вода почна сега да пие и од чаша, сокови уште не пие, не сака и млеко нејќи и не го форсирам воопшто за ништо. Среќа можи сум имала што е јадач, такво си е бебето ама веќе почнува нешто да јади и од нашиот ручек на пр. ориз и бутче, супа со лебче ама сам уште не знае да јади, ќе се научи има време, ретко го оставам да се шлака, јас му давам побрзо ми е
Добро како да ја научам да не се задавува ајде подучете ме? Уште од 6м па се до сега 9+ кога и да дадам поголемо парче го одгризува поголем дел џвака не дека не ама изгледа не доволно и одма се задавува..мнг ми е страв Што можам да направам? Еве денес од круша се испозадави се уцрви па превртувај чукај со мм па се утепа од кашлање душичка Не ја форсирам ама пробувам,а кога и да пробаме тоа се случува
Исто сме и ние, само банана и давам големо парче и јаде без проблем од друго се се закашлува и иде нагон за повраќање. Ќе им дојде ред, јас правам паузи и од време на време пробувам, ама многу ми е страв.
Одмори малце со парчињата, давај и поситно или блендирано ама не толку ситно, не секое бебе е спремно да џвака и на 9м.. Секој си има свој ритам и моето е 9 има 6 заби ако ми остне парченце во оброкот и давм да го грицне иначе не ја форсирам со парчиња, ко за прво доволно стрес имав да се навикнеш како функционораат и да не се повредат уште да се стресувам да не се задви, не фала не можам да го издржам тоа, ќе си џвака месец два повеќе не е ништо страшно
Ако му дадам во рака овошје сам да јаде,доближува до уста,пробува ( лизнува) и фрла. Леб трошка ако му дадам,не става во уста,туку го мота во рака и фрла. Не знае дека треба сам да јаде. Исто и не знае да ја џвака храната,туку само голта. Кога му давам лепче,парченца грозје,некое друго помеко овошје,гледам дека не го џвака,туку малку го "прошета" низ уста и голта. И не сака готови парчиња да му ставам во уста,туку да му давам поголемо парче и тој сам да го грицнува.
Тиква со што можам да дадам освен круша и морков? Со просо може? Спанаќот како да го дадам? Не со што да го комбинирам, туку нели се листови, а не и блендирам. Да го сецкам на поситно? Нема ли да се дави така?
Така си е,а не да се стресувам од тоа ауу нема нешто повеќе што ме плаши од задавување и тоа што викаш неможе да не научи @BabyT* ја па и банана несмеам да давам,а стави банана у уста одма запек одмаа
Како би јадела ти , така и за бебе. Тиква со јаболче можеш, можеш и просо. Спанаќ кога ќе се свари е распаднат, само ќе го разгмечеш.
Наше кумашинче е 5 год.јаде само блендирано. Сеуште кога одат на одмор се со блендер или хипп готови. Знае само смоки и кроасани да јаде да џвака. Јас почнував со пасирано. Повраќаше,не успеваше па купив блендер. И ден денес нешто јаде блендирано. И сеуште знае да повеати оф храна. Вчера прво залче леќа ми поврати, после јадеше нормално.
Е тие деца другиот септември тргаат во школо... надвор од темата ама мправ да кажам. А јас кога и давам да гризе сама, се тресат, ме караат - ќе сум ја удавела. Ни нуди од кашата на 5 годишново, него го ранат, мојава фаќа лажица и си ја погаѓа устата. Којзнае што си мислат.
Тиква со гриз и јајце или без ако имаш дадено т.н тикварник Спанаќот ситно исецкај го и нема да има проблем
Тиква со ориз т.н тикварник од мое село Дали некој ги има користено кравјото и козјото млеко од Холе ? Во кутија се, ги има во Зегин.
Воведување цврста храна на 8+ исто како на инста: Спојлер Океј треба сега состав да проверам и да се ранам сама, така мама? Мислиш сама да се ранам вака? Ох колку е вкусно ќе си лупам со тањирот од маса боље За воља на вистината веќе џвака и јаде парчиња само овошје. Уствари само тоа и го сака свежо кога ќе размислам: