@FreeMind а да пробаш со цевче во чаша да и подметнеш АД ?! Јас со првото имав мака па успеав некако со цевчиња (сламки) да го научам да пие вода, чај зошто флаша со цуцла и остало не ми признаваше никако а мака ми беше се со лажиче да му давам. 50 мл давање вода траеше скоро саат време . Јас пиев така вода неколку дена, се заинтересира ѕверчето и од многуте сламки една прифати.
Јас тиква давам со ориз, тиквичка и жолчка или тиква со пилешко ориз и тиквичка.Тоа е за ручек и многу ги сака овие две каши.Има иста како втората на холе.А за доручек можеш да ја мешаш скоро со сите овошја или само тиква и било која житарка. За спанаќот не знам, јас го блендирам.
Некој ако знае.. Ми донесоа кикирики со васаби, дали смеам да ги јадам бидејќи дојам? Знам дека кари треба да избегнувам и куркума дека го осеќале.. Или грешка сум? За ова не знам појак зачин е
Васабито е многу луто, ако претходно си јадела луто и не му правело проблем на бебе тогаш касни. Инаку кас редовно јадам кари и луто, досега немам приметено да и смета.
Абе ова не е толку, вајда имаат ставено помалце, го пробуваш лути малце на јазик и брзо исчезнува... А за луто предходно шознам, лут кромид се важи Од гравче знам нема проблем, сум јадела чили ама мала количина само не сум приметила дали прави проблем
Денеска и дадов здробена јаболка, резултат мачканици на секој крај, во уста не носеше ништо.И ми текна ај викам да пробам со големо парче, луѓе јаде, си грицка, џвака и плус весела е
Ова е препорачано масло за бебиња. Го има на хип, а го има и во дм. Кашичките се со него правени. @Minnie 1 абц намазот во Македонија со кој го заменуваш овде? И додека сум тука да кажам дека после 2,5 месеци се регулира исхраната и сега знае да изеде и цело тегло од 190 грама. Најчесто јаде едно исто не меша али барем внесува се што е потребно. Млечна каша наутро и навечер ( огромен напредок сега сите ги јаде од тегла ). Ручек риба и зеленчук и оди боље од месо и зеленчук, а највеќе јаде една вегетаријанска тегла со кус кус. Ужина овошје и вечера млечна каша. Истите каши приготвени од кутија не ги јаде Исто и одбива подготвен ручек кој го нудам секогаш прв како алтернатива. Сеуште сум со три вида комбинации по оброк и оброкот трае два саати и буквално низ заби ја ранам. Не е бебе јадач и дохранава е борба да дојдам до устата. Вода пие од чаша или сама од чаша со клунче. Чај овошен исто така. Млеко ад никакво никаде со ништо исто како и цуцла.
Сабајлево дадов појадок семолина со јаболко, и со тоа и воведов глутен. Се надевам нема да има проблем, дете буквално се потепа за лажичката. Радости скроз. Уште за другите јадења да беше така супер ќе беше. Купив вакво маслиново масло. Не знам како не го видов ова Фримајнд што го постирала. Ќе го биде, или за нас да си го употребувам? Види го прикачениот фајл 535405
Дефинитивно најтежок дел до сега, секој ден водиме борба за јадење. На почеток убаво ми почна неможев да стасам да наполнам лажиче постојано отвараше уста а сега плаче со затворена само да не и ставам нешто незнам што и стана дали е до вакцината кој знае незнам што да применам. Се чудам кога ке ми кажат дека за 10мин завршуваат со јадење, нас ни треба саат па и два за одвај цело да се изеде си велам трпение спасение ама и се нервирам што незнам што да направам дали може нешто погрешно правам. Вода од лажиче да од шише незнае само го игра и го фрла проблем плус. Кога еднаш ке се фати ред стварно незнам. Извинете за долгиот пост морав да пишам. Кажете ми дали се видите по некој распоред што и како да давате и кога? Ние сеуште пробуваме вкусови и комбинација од нив, палента од кога давате?