Мајки, малово ќе прави 9 месеца за некој ден. Се што јас јадам, освен сирење, сум и дала и неа. Дури уште има други овошја, не сакам да дадам цитрусни. Што друго има за воведување? Јаде месо, јајца, манџи (грав, грашок, боранија, без запршката), млечно, сите инстант каши ги пробавме, бисквити, лепче. Не ми текнува дали има нешто што сум заборавила. Јас јадам многу еднолично, па може не ми текнало уште нешто да дадам.
5месеци полниме денеска и почнавме со пробување 3 лажичиња кашичка од морков му дадов и уште бараше, се напи вода, ждригна и му дојде дремка а само што стана од спиење Да не претерав јас, помалце да не требаше за прв пат
Савајлево проба 2 лажички од кашата на хипп не ја сакаше па сменав му дадов модра слива од тегличка,па после половина час вака е на лице и на почеток од главата. За половина час се изгуби. Вака реакција изгледа од храна или е контактно нешто?
Не би требало да е од храната. Кај мене реакција само на цимет ми има покажано, беше ко на сликава од бебчето погоре. Црвенило околу усте ко изгорено ... Ова е нешто контактно.
Да си прашам, малце може чукнато ама ние на почеток сме па, проштевајте. Имено, АД млеко чим има во кашичкиве, треба да се конзумира оброков за максимум пола саат или? Ко стандард давање на АД млеко мислев, па после фрлање... ај ве молам , да знам дали имам фора да ги мољакам за јадење или да употребам присилни мерки @FreeMind цуцо и за тебе ова, ко поискусна.. дека веќе си фативте редот со мини цуцата
Сите каши ги правите со АД или мајчино? За вие мислам што сте од 6ти месец, бидејќи нели обично млеко е рано... или пак и со водата во која се вареле зеленчуците?
Ручекот секогаш му го правев со водата каде што се варел зеленчукот/ месото. Јас млечна каша почнав да давам кога воведов вечера, ја правев со АД.
Јас уште од прв пат кога почна да пробува му давав колку што сакаше, се случуваше и пола тегле да изеди па и цело само првата недела до две некогаш имаше малку грчеви заради промената, но се среди одма и си јади се, сега е 10 месеци 3 оброци има и 2 ужинки
Си сакаше уште ама не му дадов, а ме советуваа дека можи и една кашичка на неколку пати во 2дена да ја изеди, ама ми беше страв и само тие 3 лажичиња во 11ипол саат му ги дадов. Вака за почеток ептен комплицирано ми изгледа Сега следно трет ден да пробаме прво или можам одма да мешам со морковот?
Ќе видиш здравје после пола час станува кашата водликава со како грутки, јас не би дала. Инаку тоа секако ти одат за вечера така да до тогаш ќе ти кркат убаво. Ад млеко или мајчино само за навечер ставам, односно вака: 1.наутро:жита и овошје 2.ручек:зеленчук со месо 3.вечера:млечно,житно и овошје. Кравјо немам дадено бидејќи детето ми е со дерматит, но доколку било се ок би пробала, к. Млеко, јогурт давам.
Оди по 2 дена исто, треетиот дај ново. Секој различно дава. Јас не следев табели. Давав мешано од почеток, прв дена банана и ориз дадов, па јаболко варено, после не ми текнува со ред, ама давав одма зеленчук, компир варен, после морков, па заедно компир со морков, после мешав нови со стари воведени, правев манџички со по 5 зеленчуци.....секогаш давав колку што бараше и се беше во ред. Банана скоро секој ден му давам ако не за поручек за ужина обавезно, па немал никогаш ни запек, тука има мајки што даваа различно од мене, можиш да прочиташ низ темава има добри совети. Со среќа и да ти јади бебушка
Претежно овошје, банана, круша, праска, некогаш бисквита, некогаш смоки, сега кај мајка ми немам контрола што му дава таа се му дава не ме прашува
Си пишува на секоја ако е во тегла колку трае најчесто се два дена во фрижидер отворена и кога ќе затоплуваш не цела да ја бапнеш туку онолку колку јаде. Другото потоа. Рани ги додека сакаат. Ако сама си го приготвувала тоа значи еднаш топло и после треба ладно да го кркаат од фрижидер. Јас и давам млечна и наутро и навечер така да ја отварам сабајле и од истата и давам и вечерта ако остане и утредента за појадок после канта. Исто и за ручек. Кога готвам ако не го изеде веднаш на ози му го принесувам и нејзе и отварам тегла од оние кои веќе ги јаде. Прво ќе фрлаш како будала после ќе фатиш ред. Најбитно мирисни и пробај пред да дадеш а тегличката треба пак да пукне на отварање во спротивно некој ја отворил во продавница.
Хм, не не тие тегличките, мислев на тие кашите со ад млеко што се прават, овие тегливе знам горе доле, дур јаде јаде дур не јаде фрлам... додуша може уште еднаш да понудам и фрлам...ама ок, ми одговорија, самата каша станувала грутчеста па така ќе знам... уште овошје ми остана да дадам за вкусови па после почнуваме оброци ... oh, happy day ќе биде ..