Едната свеќа ја зима попот, другата останува кај вас, и во неделина се оди се пали свеќата и го причестуваат бебето.
Јас не правев ништо. Свеќите веднаш ги запаливме да догорат, истиот ден. И да ми кажеше некој да носам бебе на причест - немаше да го носам.
Никако поинаку и не те замислив Али кад се мора мора се. Ајде пак ти винце, лажичка бактерии за имунитет и леб си крлнала. Ништо не и е како за прв оброк.
Јас ја крштевав за атер на маж ми, што е до мене ич не мораше. За причест ми рекоа, намерно не ја однесов пошо не ми е гајле. Свеќите ми се дома во вазна како декорација дека многу убаво беа украсени.
Многу мачно. Неможам ни 5 лажички да му пикнам во уста. Ништо нејќе. Може една намирница некогаш да помине,две или повејќе нема шанси. Само јаболко и морков тоа е. Ни 30гр не јаде. 6м више... што воведовте плус на 6 @BabyT* вие вака како нас да ми пишеш
Не се нервирајте џабе, ќе почнат да јадат кога тогаш. Јас со сила и бутав на 6 месеца, стагнираше и со качување килажа. На контрола на 8 месеца вика педијатарот да работиме на зголемување количина на оброците, јас и викам еден саат 40 грама давам, треба буквално цел ден со лажицата да бидам во рака. Два дена после тој муабет пројаде. Не дека јаде ептен многу ама 120-130 грама три пати на ден, сама си отвара уста, ни играчки ни цртани ни со сила бутање. Што е одлично во споредба со претходно.
@Happyinlove ќе биде. И јас тука се нервирав и секој ден се жалев и еве после еден месец почна да јаде. Претходно се беше направи-фрли. И купечки каши не сакаше да проба. Ништо. Цело време плукаше и вриштеше до заоѓање. Одеднаш почна да јаде. Прво 50гр, па 80, па 100. Денес дури 150 изеде за доручек. Пред 3 дена почнав и ручек да и давам и не е лошо. Јаде по 70-80 гр. Само трпение. Сите ми викаа така, ама не верував. Е сега уште знае некогаш и по 30 гр да изеде ако не и е по ќеиф, ама тоа е. Почни да мешаш со палента, просо. Мојава се дави во палента со јаболко и просо и банана.
И јас ќе побудалам мајки. Какви 30г, 3г не сака да голтне. Болничка е па и правев кс, 95 и е хемоглобинот, ни дадоа терапија со железо. Матичната ми вели да воведам месо, што кога џабе спремам, уста не сака да отвори. За воведување вкусови и воведов можеби 20тина веќе, ама само на лизнување. Многу се нервирам, МНОГУ!!!
Не се за џабе нервирајте, ќе пројадат кај и да е. Ќе почнат повеќе да трошат енергија и мајчиното млеко ќе им е малку и ќе пројадат. Јас со првото се нервирав па што дека еве го сега неможе човек да го израни, нон стоп е гладен мислам . Ова второво јаде единствено се мршти на тиквичка, што и нормално е, како трева е штом нема солче , туку му ја протнувам во други комбинации. Оној ден направив ,,грешка,,. Конечно најдов касија во комбинација со праска без шеќер. Праска имаше пробано туку за кајсијата ми беше. Си се налапа бебе и потоа читам дека имало пченка плус најверојатно сум вовела и пченка. Ништо не му беше ама не ми беше таа идеја али ај нема везе. Купените што се блендирани ги јаде не да не, ама домашните кои се пасирани повеќе ми ги сака. Најверојатно поради текстурата. На крај секогаш остава по 1 лаж, ама е културен
Mojot e skoro 10m i uste nisto ne jade osven banana i kiselo mleko i toa dodeka igra da mu dadam inaku da go sednes da go naranis kako sto treba sansa nema, so golemoto nemav i nemam nikakov problem so jadenje a so malovo nervi veke nemam
Давате ли јајце/жолчка во комбинација со овошје? Никако не ја сака,сите можни комбинации пробав,одма плука... Уште пвошје ми остана. Совет некој?
Мајки дали давате од хип кашичките кои содржат концентрат од лимонов сок. На пример од праска и банана има и некои други што имам зимано гледам содржат. Да давам или да баталам. Инаку од домашно припремена каша може да ја дадам на двапати ,мислам на непробана стоена во фрижидер и да јапретоплам? Пишав во др тема 6-12 по грешка може тука ќе ми одговори некој
До сега дадено компир, морков, компир во комбинација со морков, пашканат, тиквица, компир со блитва, гриз со ад млеко, банана, и пак компир со морков. Не им давав ни на врв на лажица ни две три лажици туку колку сакаат толку...и си јадат, едната од ден на ден се повеќе, другата зависи што... Ова не било ич шпанско село, ај да не урочам, пу пу.. Следно планирам јаболка и круша... Женски друго што? 5 ипол месеци сме ...
Давам. Денес пример дадов со круша. На почеток коа воведував најчесто ја давав палента, банана и жолчка. Летово најчесто просо, праска и жолчка.