@Jagoda123 не е грешка што си вовела некои намирници порано, тоа не те прави грешник пред оние што воведуваат стриктно по табела. А всушност има толку многу различни табели. Човек треба само да е добро информиран и сам да одлучи што ќе даде. Сигурна сум дека ги следиш и на фејсбук групите за исхрана, и јас од таму наоѓам идеи, меѓутоа многу ми се смешни кога ќе почнат да се напаѓаат меѓу себе, една ќе каже дека дала нешто порано и одма други и се нафрлаат како лешинари Бебето како да е програмиран компјутер. И смешно ми е кога ќе видам пример дека некоја чекала да наполни точно 8 месеци и одма утредента му дава глутенска житарица....Како да има разлика дали ќе дадеш недела две порано или покасно. Што да кажат оние мајки кои немаат фејсбук и не читаат форуми, и учат единствено од педијатрот и мајките-бабите. Нивните деца изгледа нема да израснат во здрави особи Јас на пример давам портокал и рогач (за кој прв пат читам дека е 12+) уште од 7 месеци, а планирам од утре хељда (знам дека не е алергена туку тешка за варење, бидејќи спаѓа во зељести растенија и е семе, значи не е житарица, па ќе видам како ќе ја поднесе). Затоа терајте си како што мислите дека треба, важно е дека знаеме да ги храниме здраво
Купив од натура и јадеше со праска. Туку се изнервирав..цел град го пребарав не најдов ни амарант ни кус кус.Дали во дм има?Тетово ми е поблиску од Ск а и таму има дм,па да појдам да купам ако има.
Во ск кус кус има во дм на алнатура и супер е, а амарант не сум видела ама може има. Јас ретко давам амарант зошто и по 45 мин варење некако како несварен е. На Даверт имам амарант.
majki kako da znam kakvo proso i palenta da zemam? bilo kakvo pakovanje ili ? i kako se prigotvuvaat ovie namirnici
Просо од виталија купувам,палента од дивела.Какво сакаш такво купи. Просото го мијам и варам во однос 3:1.Тоа обично ја впива водата и набабрува и тогаш е готово. Палентата -една голема лажица ставам во 100 мл(отприлика) зовриена вода.И мешам постојано 2-3 минути.Ке се згусне и тогаш е готова. Просо не давај повеке од 2 пати неделно.Има доста железо. @Kaffe не е обичниот.Тој дури е штетен .Јас земам органски цејлонски од алнатура од дм.
Мајки, дали во ист месец се воведуваат пилешко и телешко месо? Прашувам зашто од 11 до 25 Мај сме во Скопје кога ќе дојдеме во Скопје ќе има 7 и пол месеци). Пилешко месо ќе најдеме домашно преку колешка на мајка ми, посигурно ми е таму да го воведам. А и телешко може да се најде некое подобро. Дали и телешкото се воведува на 7+, или треба да почекам?
Да можеш и тоа и тоа .Јас прво пилешко дадов па по 1 недела телешко.Гледај домашни да се особено пилешкото.
Знам, затоа и баш сега ги воведувам, знам дека сигурно ќе биде домашно пилешкото, со нормална храна хранети кокошки За телешкото не ми е до толку, ако најдеме некое добро ок, ако не можам и од овде да земам. Фала на одговорот
Од кога се дава прас? Ме пукнаа свекрва ми а сега и мм. Денес ни искочи запче и сега сакаат да и дадат да си ги чешка непцата со прас
А што да му правам на мм, запнал утре ке купи. Немала да го голтне само непца ке чеша демек. Сега се расправавме за ова. Но не е он крив, свекрва ми од 3 месеци му вика да купи прас и денес пак ме прашуваше дали и давам супа. И конечно ја прашав за каква супа мисли. Ми рече дека мисли на леќа црвена
Подобро нешто друго дај и да се чеша, на пример со морков. Внук ми сите запчиња со морковот во рака ги извади Точно е дека нема да го голтне празот, ама ќе и лути сигурно Кажи си дека има со што да си ги чеша непцата, баш со праз не мора Не се замарај многу со бабите, игнорирај се и терај си по свое. На крај ќе се откажат и ќе остават на тебе