Душо мојата има апетит ама што ме стра за алергиите Палента, просо, киноа, ориз ми се житата да ја држат, овошје јаболко, слива, банана, праска, круша. Зеленчук се освен Модар домат(алерген е), и грашок и леќа почекај уште малку. Бевме кај Сајковски и направивме неколку тестови, денес стигна дека не е алергична на јајце ни на млеко. Чекаме уште 3 резултати, мора некаде да покаже,ама и ова ми дава надеж. Рече не за витамините на Healthaid бидејќи иако била добра фирма содржело нешто што смета. @Emma2 брокула, карфиол, слива, палента, ориз, просо.
Не се нервирај пробувај неколку комбинации на ден. Веројатно се заби во прашање. И само давај за појадок ручек и вечера и ужина. И онака три грама јаде. Како ритуал. Ужина овошје. Ќе се инати некое време и потоа ќе почне да отвора уста од нигде никаде. Седнувај ја на столче, лигушка околу врат и три пати на ден нека јаде три грама. Ќе сврти. Секако дека да. Најчесто кашите се правени со концентрат од лимон или ќе најдеш некаде портокал. Тоа е за да го врзе железото од растителните состојки. Му доаѓа како веге варијанта за железо. Слободно кашички давај иако ќе начекаш за месец дена и со јодирана сол. И таа им е потребна за развој на хормоните ( али се тоа е со грамажа соодветна по пропис). Некој ден јаде појадок 190 гр тегла, ручек 100г и ужина пола овошка. Вечера не сака тогаш. Следниот ден не јаде ни 100гр цел ден во сите оброци. Само тегли последниве 10 дена јаде тоа и давам само нека јаде. Ама ми се плаче од дохранава.
Јас па се чудев зошто има ,сега ми е јасно, тенк ју. Инаку на хип овде многу ретко наоѓам ,многу ги форсираат ellas kitchen кашите и речиси секоја од нив содржи концентрат од лимонов сок. Ни тек смо почели ќе видиме како ќе биде понатаму.
Земај од сите ќе одбере сам што сака. Нешто јаде од хип, нешто од бебевита, нешто од холе кај мене. Нема нзс. Имаш хип онлајн со гратис достава. Не земај по многу по едно тегло за проба. Секој своите си ги форсира
Така и давам, по 5-6 пати во денот, само за да касне нешто. Се зафркавам, детево има 3 оброци и 2 ужинки, брат и толку оброци имаше на 1,5 година. Инаку мм успева подобро да ја нахрани, нешто ќе плукне ама барем отвара уста, мене кога ќе ме види - патент, не сака да отвори уста и не сака! Се надевам ќе смени во скоро време.
Со што ги давате житарките од кутија на хип, холе? Мојата никако не сака со ад да јаде. Измолзено немам доволно. Да пробам само со вода ми останува. Или додавате и овошје, зеленчук?
Дури и тие што пишува да се прават со АД сум пробала да ги правам со вода, малце бљуткаво е, ама секако ставам овошје плус, и мислам дека и на мојата поише и се свиѓа со вода отколку со вештачко млеко. Ова и кутијата Baby's first rice ги давав секој ден за ручек пред месо да дадам. Еден ден ориз, еден ден пченка. Ова сега го давам со моцарела и јогурт за вечера, на 9 месеца.
Абе не е дали им се свиѓа или не туку дали ќе ги држи со вода само, мене ради тоа ми е..инАче им дадов гриз со ад млеко па и јас пробав ,леле гаднооо..а плус и кафеав шеќер многу малку им ставив ете за вкус... шознам..
Не сум приметила некоја разлика со вода или АД. Побитно ми е да знам што и се свиѓа зошто сигурно повеќе ќе се најаде од 150гр со вода отколку 50 гр со ад ако не сака да. А башка што 1 саат се нервирам за 50гр, не ми се исплати. За доручек искучиво овошје давам, поретко со житарици. А палентата и за ручек и за вечера ја имам давано. За вечера таман е, житарица со јогурт/кисело млеко, супер млечен оброк е.
Фала срц, иако незнам јогурт дали смеам 5ипол сме...иначе со јогурт идеално...таков ние шо го пиеме така, нема разлика?
Ако немате наследна алергија на кравјо млеко слободно малку дај им да пробаат. Од тој да, битолски најубав.
Која е разликата во кашите на холе и хип (во теглиња?) И јас купив една на холе со грашок цвекло компир и една овошна тие што се притискаат во уста. Првпат купив. @derjus 5месеци тука некаде си ја топеше плазмата во уста, па почнав плазма и мајчино млеко, па плазма со банана.
@Emma2 јас колку што знам јогуртот е најсигурен, можно е да покаже на к. Млеко, моцарела, сирење и кравјо благо млеко. Еве мојата покажа црвенило на тие работи, освен на јогурт, а според тестирањето не е алергична ни на млеко ни на казеин. Палентата а давам појадок/вечера со овошје, млечно. Да додадам ми кажаа дека Балансот за почеток бил најдобар.
Јас Бучен козјак давам И јас за мене ги користам. Лично највкусни ми се јогурот и киселото млеко. кога барав со кои да почнам читав дека балансот не се препорачува за бебе, поради различниот состав наменет за побрз метаболизам или така нешто. Не се сеќавам точно. Ако најдам каде читав ќе постирам.