Јас спремам за утре телешко ама ко што го мерев околу 70гр има.. Таа во маркет џабе и кажав од тепка ми ги исече..... Го варам со брокула морков тиквичка кромидче и прв пат пашканат мн малку... Не знам дали да ставам и ориз? И дали заедно или посебно да го варам?
Јас варам посебно месо, во друго садче зеленчукот на крај го блендирам само месото, зеленчукот така го јаде ситно сецкан. До толку на грамажа не ситнам некогаш 50гр некогаш 100гр.
Јас го варам месото и когс е готово во истото го додавам зеленчукот и ако ставам ориз при крај го додавам само.
Јас сварив десетина коцки месо и ги замрзнав посебно со водичката. Стварно не можам за едно парченце да се заебавам по 2 саати.
Палента + овошје пасирано како одделни или мешате овошје во палентата? може малце смешна звучам ама стварно појма немам...фала...
Измешано се заедно. Не се секирај, јас прашував како да поделам четвртина жолчка, не размислив дека може да ја свариш па поделиш За џабе не викаат baby brain, ко муви без глави сме.
за жолчката фала на разбирањето! Сабајле ќе им направам палента со круша , денес им дадов круша првпат, супер прифатија, додуша некако полесно ми е во шише да им давам доста работи, и ги фаќам кога им доаѓа термин за јадење па си викам гладна свиња помија не бира Е сеа палента не иде за во шише, ќе глеам со лажиче, ќе имА пак лом праење ама што се мора није тешко
Ќе заборавев, јаболко варено или може да го испечам и да го изблендирам??? вие како правите т.е како е најубаво прифатено...а купив и хип тегличе ама сакам првин домашно да испукаме па после туј таму по некое купечко
Се што сум печела искачало многу суво и треба да додадеш вода за да го изблендираш. Ако е варено ја користиш водата во која се варело. Мене варено ми беше подобро.
Ние почнавме со вкусови проба морков,тиквица компи,јаболко.Дадов комбинација морков јаболко први 2 лажички јаде потоа вришти плаче кога и давам несака.Денес и дадов компир морков исто ја ставам лажичката плаче.Што погрешно правам?
Посебно, оти за телешкото месо најмалку 2ч треба за да се свари. Свари си повеќе коцки и замрзни во кеса, јас така правам, 1кг месо го варам и замрзнувам со малку вода од вареното. Потоа одма се одмрзнува.
Дали чекате да се излади па да го замрзните? И колку ставате од водичката, да го покрие месото или помалце? После кога ќе го извадите дали го ставате пак на шпоре со зеленчукот или дирекно кога ќе одмрзни можи во блендер?