Znam deka veke e zboreno na ovaa tema ama jas kako glupava pak ke prasam, sakam na bebe da mu dadam griz od toj so plava ambalaza so bebe so nego ke vovedam gluten taka?
@Milaaa991 и мојава имаше таква реакција на модар патлиџан. Јадеше без проблем и наеднаш лом црвена околу уста. Правев пауза, па пробав пак. Исто. Пак пауза. Пред 2 месеци пробав, пак. Сега пак не и давам. Пред 10 дена јави иста реакција на спанаќ. Дефинитивно е од прскањето. Спанаќ јала хххх пати, а ова е прв пат да јави реакција. За модар ќе пробам со домашен да видам реакција. Ужас е што јадеме!
Знам дека има и зимно време, него само цела топка продаваат, тоа малата ќе го јади цел месец или треба само брокула да јаде , затоа мисле в да замрзнам. Ама ајде ние остатокот ќе го изедеме
Ама може срц, земи и стави ја во сода и вода да постои едно 20 минути. После измиј убаво и одвој ги гранчињата, бланширај ја три до пет минути во вода што врие. Во цедалка измиј со ладна вода, остај да се исцеди убаво и во кеси смрзнувај. Мене ми беше муабетот поубава ми е онаа од КАМ веќе смрзната. Јас од неа си правам крем супа или само ја пропржувам со лук и варен компир на путер со вегета
Вчера и денес ги јадеше домашните каши за ручек, вчера жената му правела боранија со јунешко, а денес мајка ми му зготви мешан зеленчук со јунешко. И двата дена изеде по околу 200-220гр. Се надевам пак ќе си ги јаде како претходно. Сака повеќе да го занимаваш додека јаде, до лажење и играње ама барем јаде. Е сега, не јаде за 10мин како овошните, пола саат секако поминува, ама не е важно.
Тешко да и се маскира вкусот. Макар и во мали количини. Ако ја сака добро, ако не не мора. Мене ми е претешка, детево ја јаде и чиста само со ориз и морков сварена, како рижото со зеленчук.
И јас со ништо не можам да му ја маскирам. Со еден куп зеленчук и најмалата китка брокула ако ја ставам ќе ја осети и не ја јаде цела каша. И веќе не му ни давам брокула. Не ја сака, исто како и јас, да ме утепаш брокула не можам да јадам.
И мојата не ја обожава, едно време исто и правеше. Чат пат и ставав по 2-3 малецки киткички па се случуваше да не ги осеќати. Мајка ми пред некој ден и правела некоја супа со морков брокула и палента и ја јадела. Така да еве идеја да пробате.
Кај мене ја јаде брокулата. И ја правам со тиквица, морков, ориз како рижото. Најмногу мислам се маскира со батат. Пред некој ден и дадов и со компир и пашканат. И така ја јадеше. Не е нешто воодушевена од вкусот, бавно јаде за разлика од овошјето. Но сепак јаде.
Кај мене ориз не јаде. Брокула со пашканат, компир, морков и пилешко од тегла. Убаво се најаде. Нешто чудно и се дешава јаде се што ќе зготвам вчера палента со јајце и тиквичка. Чудо. Има некој ред два дена јаде, два протестира.
Исти сме, еден ден ќе се најаде за мерак друг ден само млеко и тук там 10лажички се на се во текот на денот. Нешто е, уфилмана, да ја ранам со рака. Штом лажица доближам устата ја затвора. Палента и гриз неможам да воведам, не ги сака. Со мерак готвам месо зеленчук, во цептер без вода и славно завршува на кучињата. Свеки пред неколку дена и испржила јајце (во тефлонска тава), се изнајадила.
Што само јајце и пржела нека фрли и некој колбас или сланина Од комбинацииве за бебе топено чоколало и пржени јајца ми се фејворит до сега.
Минатиот викенд и дава мајка ми на малата една крем банана спакувана, она играјќи си ја изгмечила внатре, не се познаваше што е веќе. Мајка ми ме прашува дали сум и дала чоколадо, викам не, и она и се врти на малата и вика "бабичка не ми ти даваат чоколатце, греотка". Мислиш пати за леб детево. Ќе тргнам на работа за еден месец, ќе извади бебе уште некој заб, верувам дека и виршли ќе и даде.