Нема што не пробав,си поминала низ тоа,па не мора да ти кажувам знаеш како е. Таман се оправи да јаде, се си јадеше,еве пак ништо. А што велат докторите,колку треба количински да е голем оброкот, може ли да јаде едно исто омилено,пример јогурт и леб,додека пак да почне да јаде,секако ќе пробувам и друго ама ако неќе,да давам тоа? А баш убаво почна да јаде
Истата мака ја делам душо. Таман почна да јаде и си реков ете до забите било или сирупот помогна, ете пак само на палента живее. Немам веќе нерви, цела куќа свинец ја ошлакавме и пак во усте нишш не завршува. Немам сила, ни нерви да готвам и фрлам. Па и прооде и малку ако ја оставам сама или паднала или оди кај што не треба. Имаше еден цртан со мајмунка со мали бесни мајмунчиња, ете баш како неа се чувствувам. Само трчам како мува без глава, а куќава само што не ми полетала. Очајно ми треба помош. Се нервирам што нема да ја труплира родилната на 1 година, се нервирам што не јаде разноврсно, ма мислам дека при крај нервен слом сум некогаш да доживеам. А колку убаво јадеше 2 недели. Дури и ужинки вметнав. А сега едвај 2 оброци јаде, за вечера не стигаме. А глупости прва е да јаде. На гости се тепа за лиснатици, смоки и соленки. Сигурно дека и ги бранам. Којзнае што си мислат луѓето, детево нема јадење видено. Кај кумовите 2 лиснати изеде со сласт.
Баш тука ти е клучот во ,,глупостите,,. Тие лиснати полни се со маргарин. Пробало бебе ,,глупости,, и тие му се повеќе вкусни е сега само борба и упорност за да ја вратиш во ,,нормала,,.
Мајки здраво Ние решивме дека е време да почнеме со пробување вкусови. Е сега советот е да не почнувам никако со сокови и овошје затоа што нема да сака после зеленчук и житарки. Што мислите за тоа?
Не сокови, туку каши. Почни со јаболко, морков...значи овошје и зеленчук, па потоа не глутенски житарки....нема везе ако почнеш со овошје па нема да сака зеленчук или обратно, зависи до бебето што повеќе ќе сака. Нормано е нешто повеќе а нешто помалку да сака. Ај со среќа и да ти јаде бебето за да не го караме
Колку што си се теглите. Ако приметуваш на оние од 4+ се мали, па потоа 6+ поголеми и така фо 8+ се 220г. Е сега секое бебе различно нели ние немаме таква среќа оти се нон стоп на цицка и мешето им е полно. Од каде простор да изедат толку. Да ќутам да не сврти пак на нула. Знам мила нерви челични е дохранава. И како што вика Мила станов прооде буквално. Се е поснопица.
Значи прв пат проба сега на гости кај кумовите на скоро една година лиснато, смоки стоби флипс и соленки, дома ни ние јадеме не пак бебе. Но од маса земаше сама, јас и бранев. И ме правеа демек не му давам на бебе да јаде. А и носев каша од дома, неа не ни ја гледаше. Значи не е до тоа. Ете палентата и се допаѓа и ја јаде, боровинки и цреши, ама тоа шо не сака нема жива сила што може да и стави во уста. А за овој проблем по гости што гледа и јаде не знам како да го решам. Значи упорно им велам трегајте, не и давам тоа они ама граота е нека јаде.
Јас да не е потребно месото за развој на нервен систем никакво не би дала. Само риба. Телешкото најмалку го јаде мириса лошо.
Мила колкава е малата? Те читам постојано низ темиве ама не ми е во глава, знам дека се тука некаде околу годинка. И вака на годинка уште ништо не јаде? Мојов е јадач ептен. Ама имаше период коа излегуваа заби и 3-4 дена не сакаше ништо. Тогаш ќе му дадев смока во рака и додека ја јадеше неа успат бутав каша со лажичка. Од оние смоки за бебиња. Или да пробаш да принесуваш на маса во чинија за возрасни? Па да мисли дека јади од вашето...Јас и така правев. Во една чинија пола мое јадење, пола негова каша и мисли јадеме пд исто
Да на 8ми полни година. Па има некои периоди јаде, некои само кисело млеко, палента и едвај некоја лажичка друго. Пробувам и така, најчесто со лебче, ама едвај и така некоја лажичка да бутнам. А тоа дека ќе ја излажам дека јадеме исто потешко, ќе залета еднаш и не зинува ако не и е по ќеф. Ама и разликува веќе, ете прееска ја нудев палента со банана и јаболко уста не зина, потоа само палента со маслиново масло лиги и потекоа, се тепаше за да јаде. Не знам веќе што да мислам и што да правам. И давам така во чинија јаболчиња, банана сама да зема, и ги џвака и плука.
Ми стигна известување дека јас сум цитирана, ама ова не е мое мислење, на Славица е, нешто грешка се има случено.
Да знам, нешш се има помешано. Нема врска. А баш за џигерите ќњ зборнам со матичната, имам домашни, ама тешко дека ќе сака да ги јаде.
Па дека и е омилена реков да замаскирам. Хахахха, и за чудо вкусно беше. Да не се фрла јас кркам каши. Ем немам време да готвам, ем здраво ќе јадам и јас, ем диета.
Од седми до осми седум заба. После 8ми и две недели почна да јаде убаво, а со дохрана од 6ти почна. Во 6ти никако уста не отвори да јаде или да проба. Спиење јок до сега од кога е родена. Ни навечер ни преку ден.
So lesno samo i na tebe i na mene i na site drugi majki na forumov mozebi do 7/8 godini ke pocnat da spijat noke
На 6+ гриз дадов. И го обожава. Дали давате ЛоБело бисквитки? Ги купив тие од 4+ што се, ама се мислам што да правам ради шеќерите. 7 месеци има беба. А да, и каков јогурт/кис. млеко е најдобро за почеток? Гледам овде Бучен Козјак најчесто давате, ама не ги можам во последно време нивните производи, некако на штала ми смрдат. Ние по дома пиеме Збрегов, дала некоја од таа фирма?