Јас дадов домашно денот кога се исфрла малата ама не е од тоа, на испитувањата покажа дека не е алергична на јајце. Ама од муабет со повеќе ми кажаа дека домашните биле по не сигурни. За пресни знам дека се пресни ама сега ме стра да дадам пак.
Јас и сестра ми сме биле како мали алергични на домашни јајца. Баш и тука прашував пред да дадам, ми се смееа дека јајце е јајце, или си или не си. Јас искрено со голем страв дадов првиот пат, но не покажа реакција и продолжив со домашните. Убаво го варам за од салмонела и тоа е тоа.
Почнав со воведување вкусови на 4,5 месеци. До сега пробано јаболко, слива и морков. Планирам да воведам тиква, компир, тиквица, банана, брокула, ориз и пченка. Што друго би можела на оваа возраст?
Кашичката Baby first rice од Хип, со какво овошје ја комбинирате? планирам да ставам свежо во неа ама незнам што...со што вашите ја јадат највеќе? се имам дома, круша,банана,јаболко,слива...
И уште едно прашање, пченица,овес,јачмен сеуште не сум дала а ја купив на Хип таа со мешани житарици во неа, сте имале некоја реакција од неа? да знам дали да ги испробам посебно житарициве или да удрам на кашава, секако малце мислев да им дадам, не целА..
Ma kakvo smeenje jas ibsestrami i den denes sme alergicni na domasni kajca, kupeni nemame gajle od domasni celi se nafrlame bukvalno
Јас таа со седум житарици ја дадов во првите. Немаме алергии на храна. И да не се замарам не ни ги знам житаркиве кои се
Кога воведовте втора ужина и што дававте? Втората ужина би го заменила подојот меѓу ручекот и вечерата, нели?
Јас пробав пред некоја ден ама не ми ја изеди вечерата и не и дадов повеќе според тоа не и треба. Пробај види како ќе биде. Инаку да го заменува подојот измеѓу ручек и вечера.
Втора ужинка му воведов пред годинката. Најчесто со палента за доручек, а за ручек му ја додавам во зеленчук.
Малово мое нејки овошје никако Зеленчук што и да е во комбинација со морков ке јаде, а од овошје се гади и плука. Чаре?
Дали еднаш направена каша Хип може да стои 2,3 саата на собна? малава ја нејќеше пошо голо и дадов без овошје во неа, неможев да уклучувам Нутри булит дека другата ми спие...да и дадам за следен оброк од истата само малце затоплена??? или ко АД што е па да фрлам? со вода е иначе не е со АД.... фала ви....