Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    5.771
    Пол:
    Женски
    Ова сега во моментов го правам, фала ти за идејата..
     
    На Milaаа991 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Јас не би дала 2,3 на собна, друго е пола час еве и 1ч макс.
     
    На Emma2 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.970
    Допаѓања:
    14.732
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш на инстант кашите од кутија, стануваат водлести кога ќе се оладат. Јас не сум дала ни од тие со вода, ако не се изеде ја фрлам.
     
    На Emma2 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ednostaven

    Ednostaven Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    216
    Да си се пофалам со синко... Денес за прв пат пробавме јаболко. Многуууу го сакаше.. Сам си ја буташе лажичката во уста. Мама се топеше нели, нормално. Колку брзо растат бебињата наши, дур трепнеш ќе почне и манџички да бара. Ха ха
     
    На cinderella5, flower55555, paleska3 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.517
    Допаѓања:
    27.302
    Пол:
    Женски
    Исто и мојата, овошје не сака да смисли. Зеленчук каснува по малку, ама овошјето штом го осети го плука и почнува да плаче. ^_^
     
    На FreeMind и flower55555 им се допаѓа ова.
  6. paleska3

    paleska3 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    1.206
    Допаѓања:
    3.161
    @Lolipop23 , @flower55555 , кај мене малата обратно. До пред една недела јадеше и овошје и зеленчук, сега на зеленчукот врти глава како да кој знае што е, плука и почнува да плаче. И на овошјето ми врти глава додека да проба. Потоа јаде. Но првата лажичка додека да ја пикнам во уста борби. Ах колку нерви треба да се има со ова исхранава :x. А како што ми се истанчени нервите, забавно... Бебе кај мене од подобро на полошо отиде, се јадеше и пиеше без проблем. Оваа недела само на овошје со житарки сме и цицка :sweat:. Се надевам дека е период што ќе помине.
     
    На ***Bony***, Lolipop23, FreeMind и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски


    И јас немам нерви више. Ако не му е срам кога ке ѕвони за мал одмор во трето одделение нека излегува да цица...ке го чекам пред училница.

    Ова гадење,наткревање незнам више се дадов ништо нејке. Дури и ждрига како пред поврајќање....
    Што цицка ке имав...
     
    На srekice, S.J.Parker, Emilimi и 4 други им се допаѓа ова.
  8. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.709
    Допаѓања:
    5.037
    Пол:
    Женски
    @Lolipop23 абе се што е во комбинација со морков со сласт го јаде.. Јас ко пробав брокула со морков се згрозив, тој се треси на лажичката :D

    @paleska3 овој има нагони за повраќање од овошјето, водата ја плука.
    Глумец не виден е.
    А цицката секако омилена му е.
    Се изнајадовме каши со мм.
     
    На paleska3, ***Bony*** и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  9. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Кај мене со житарки не иде во обзир да јаде. Пробувај чисто овошје давај, круша, слива и јаболко ги менувам по еден ден. Гребкај со лажичка метална на средината на овошката. Како пасирано му досѓа.
    @paleska3 во скок е мила трае шест недели. Издржи, многу нервозни недели следат ништо нема да сака само на цицка.
     
    На paleska3, Lolipop23 и LoveHope им се допаѓа ова.
  10. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    10.941
    Пол:
    Женски
    Какви житарки користите, дајте некоја фотка, ако има мајка во Италија да ми каже кои ги користи од овде..маж ми купил некои тостирани не знам дали ќе ги биде за бебе:smirk:
     
  11. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Кај ги најдивте тие од дм бисквити без шеќер? Се пребарав и нема.. Има ли некои други ок што се?
    Најдов само смоки од палента, не беше воодушевена.

    @bella.s и јас користам тостирани, ги варам да омекнат и може така да ги јаде без блендирање.
    Е сеа незнам која е разликата измеѓу нив и нетостираните .
     
    На bella.s му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.517
    Допаѓања:
    27.302
    Пол:
    Женски
    Нерви челични! Кај син ми се знаеше, на почеток 1 месец само доручек, потоа ручек итн... сега ја раниме по 5-6 пати во текот на денот, читај - ние ја молиме, таа плука! На тоа додај и толку пати пресоблекување бидејќи бербат се прави, спремање, миење.... ми се чини денот само во тоа ми поминува. (wtf)

    Кај нас тоа важи за брокулата, таа мора да доминира за да јаде. Ако доминира некој друг вкус нема шанса да отвори уста по втор пат.

    Моментално го паузирав овошјето. Нерви се наполнив, еден куп каши купив и јас ги јадев, пробав и како фингерфуд да и го давам и така го нејќе, едноставно не сака благ вкус.
    Сега давам само зеленчук со месо, по цел ден. Да ми го пројаде убаво зеленчукот ќе пробам пак со овошје.
     
  13. ***Bony***

    ***Bony*** Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.041
    Пол:
    Женски
    Да ги пишам и јас моите маки, буквално на гурање јаде а треба доење па доручек па доење па ручек а јас додека да го дадам доручекот дошло време за вечера :sweat:најмачно ми е што треба порано да станам да почнеме на време за да имам време за се, а убаво си спиевме до пред месец и пол до 10:30/11ч ама веќе нема, сега сме станати од 8ч, не и го рачунам станувањето во 6ч затоа што заспива ама и го сметам како јадење, па од 9,9:30 почнуваме со доручек кој трае до 10:30 и е лом целата, се пробуваат сите можни начини за да отвори уста и на крај некако од 110 до 140г јаде. Потоа малку си игра гледа ТВ :D цица и заспива кај 12:30+- па ручекот е кај 15ч, овие денови се комбинации од брокула или карфиол со морков и ги обожава.

    Незнам дали е правилно ама гледам да и го одложам јадењето колку можам повеќе, така повеќе ми јаде ако е скоро јадена уста нема да отвори, а најинтересна ми е што без разлика колку изела на крај мора да заврши со цице како воопшто да не јадела.
    Да успеам вода сокче чајче да и воведам ке бидам најсреќна, ке биде тешко ама ке морам
    Се изнапишав ама малку ми е полесно сега :D

    Убав ден мамички :hai:
     
  14. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Од кога давате аронија, брусница и по колку?
     
  15. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.132
    Од колку месеци смеам да дадам јогурт? Пет ипол месеци има малата ама стагнираше во килажа и почнав со дохрана. До сега проба јаболко, круша, морков, тиква, авокадо, ориз, компир, банана ама од ништо не е воодушевена. Се со сила по 2-3 лажичиња. Што друго да дадам?
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.343
    Пашканат, батат, кромид, праска, кајсија, слива, брокула, карфиол..па пореди ги потоа безглутенските жита па глутенските. Млечни производи се од 7 мес но некој дава и порано. Не брзај, и треба период да се навикне бебе на нов вкус. Нуди и давај и ќе пројаде
     
    На ***Bony***, lady.N и Ladyyyy567* им се допаѓа ова.
  17. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    10.941
    Пол:
    Женски
    Дајте идеја како да мешам зеленчук со овошје, што со што иде, морковот со секое овошје го јаде ама пример модар патлиџан, тиквичка, брокула, можат ли со овошје?
     
  18. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Нема во дм бисквити без шеќер. Ги има лобело повеќе видови и сите се со шеќер.
    Нема да најдеш бисквити без шеќер во Мк :) Домашно правени самп ептен ако сакаш

    јас ги давам тие од дм со житарици ама не ги сака многу. Смоките на лино ги обожава. И има едни како крекери/смоки од леќа, ги сака и тие
     
    На happygirl и BabyT* им се допаѓа ова.
  19. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.172
    Пол:
    Женски
    Јас пред 2 дена и дадов аронија и боровинка (заедно со круша, јаболко, праска).
    И од боровинката потешко се чистат каките од телото. :D
     
  20. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Па барав лобело и немаше:D
    Тогаш да земам обични колку ќе јаде она . Смоките овие од дм ги земав, вака да се наоѓа 2,3 да и сменам за ужинка.