Прашав во ДМ продавачка за бејби лов маслото маслиново, ме изнагледа како да сум Ити вонземјанинот...и повторив уште еднаш и ми опна веќе укорен поглед и категорично Нема и незнам дали воопшто имало такво НЕШТО ...и тука веќе се откажав и малце се засрамив додуша... П.С им давам од тоа ние што користиме...
Давам домашен компот од праски,од дуња и правев исто без шеќер..а пред некој ден и дадов да ближне лимон..Јас со страв чекам реакција,она кога го засмука ни да се намршти ни ништоА вчера и истиснав неколку капки портокал во шишенцето со вода,колку за вкус. Сливи имам и јас заледени.
Како подготвувате инстант оризова каша кога ја комбинирате со овошје или зеленчук (јас ја имам на холе)?
@Ladyyyy567* јас денес за доручек дадов инстант каша од повеќе житарки на хип и едно мало лажиче од јапонско јаболко. Беба си го искрка ама не знам зошто јаболкото ми ја разводни кашата а ептен малку ставив. @*Sara* јас со ориз комбинирам морков, кромид, тиквица, спанаќ, блитва, пченка, а од кога воведов и жолчка, и правам спанаќ со ориз, жолчка и к.млеко. Туку кажете ми што уште да дадам на беба. Сите јадења за ручек ми се на база на компир или ориз и додавам зеленчуци само. Да дадам супа? Како да ја направам? Фиде има посно да, да ставам пилешко, брокула, морковче, магдонос смеам? Јајце не, ама сакам да ми испадне течна и да и надробам лепче во неа. А не да ја блендирам. Инаку Антонија јаде блендирано освен банана и компир тоа пасирам, и ако и дојде некое поголемо парче плука дури и ако е од круша која што е мека, а кога и давам к.млеко и лепче си јаде, си џвака. Зошто така?
Леб од кога давате, и за рикотата сакав да ве прашам 8+ сме, можам ли да дадам? Рикота и кај нас ли е рикота, незнам, она како урда, несолена?
Пишува на кутијата, се ставаат 4 лажички од оризот, 90 мл вода и околу 100 грама овошна или зеленчукова каша. Ние сме во мал напредок, вчера конечно после една недела испи 10 мл вода од шишето. А за јадењето обавезно и ставам јаболка или крушка и така ми јади по 130-140 грама. Сега за сега ќе одиме вака, по некој ден ќе пробам пак само зеленчук.
А дали можам од прилика, малце само да додавам од оризот ако сакам да згуснам нешто или за да биде појак оброкот?
Може, јас сум правела така, ама тогаш не се води по кутијата, туку од око ставај вода за да ти искочи баш густ оризот. Иначе и тој ќе биде каша и не може да го згусне оброкот.
Јас во готвач на пареа ставам се што планирам да и дадам за ручек. Пред некој ден и давав пиперка и супер излезе, само што она не беше воодушевена. Така да можеш да ја свариш.
Можеш, јас црвената ја давам со компир, морков, пашканат и малку маслиново масло и многу ја сака оваа каша (уште лукче да му ставам и цело макало има да си мацка со леб ) Белата пиперка ја ставам со ориз, спанаќ или блитва, морков, тиквичка евентуално или кромидче малку Утре сакам цвекло да му дадам да проба, освен со јаболко и морков друг начин некој Оној бебешки гриз од ориз со АД (семолина) леле колку е убааав
Цвекло давам за ручек, во комбинација со просо, батат, целер и лук. Цвеклото (само измиено) го печам во фолија околу 1 до 1:30 час. Потоа го лупам и со останатиот зеленчук блендирам
Јас дадов некаде пред годината, тогаш искочија @duffi мислам даде на 9-10м. Ако убаво ме држи сеќавање матичната за нив рече дека може после 8м да се дадат. Бебе мое ги обожаваше, само пази кога ќе купуваш има два вида, едните собират уста и тоа смета, не се ни тие толку слатки и благи. Треба.