Почнав со цел оброк на 6м, со ручек на 7м и вечера на 8м. Вака правам појадок: овошје и житно, ручек: зеленчук и месо и вечера: овошје жита и млеко.
Давај слободно. Замисли дали ти би ги јадела тие комбинации што сакаш да ги правиш. Ако ти не јадеш такво нешто, ни дете нема да јаде. Модар патлиџан да измешаш со банана?! Не би рекла. Само упорност, ќе пројаде.
Аха, одлично, ќе пробам и јас така...сега сме 6 месеци и обично поручек им давам миксан зеленчук по две врсти, а следен ден гледам овошје да дадам наместо зеленчук...е сеа затоа и пишав, викам дали приквечер една крушка да им дадам ама излеа многу ќе е , ќе почекам уште еден месец....фала ти..
А насабајле не даваш ништо? Воведи веќе полн оброк појадок а поручек нека густираат мала количина на зеленчук за да пробуваш. Оваа како варијанта. А за навечер ти е рано ќе ги боли меше.
Да @flower55555 јас дадов 8 ми некаде. Толкав беше малиот кога почнаа да излегуваат. Гледај да се од чоколадните горе и долу јаболката има како крст и да се зрели.
Не не насабајле ништо, си пијат 2 пати млеко, па негде на ручек зеленчуци и ги држи до следен оброк.. а знам и од тие кашите од Хип оризова и житна со некое овошје да им дадам.. да да така ќе направам еден оброк добар па после само проба во текот на денот.. вечера ок млеко сеуште...фала...
Јас пред неколку дена појадував кашкавал а она седи ме гледаше. И и дадов три четири пати ама како трошки, малку.. И се допадна. Ама не дадов понатаму..
Мм дај и кашкавал на Антонија, нека јаде. Со што да го скине бе? Нема ни еден заб, не се топи тој во уста, ахам а да и го стопиш, да и после кога ќе се тегне како мастика, па нека се мачи малку Не знам за вашите ама мојов маж ко свекрва да ми е. Гравче тавче од кога ќе јаде, еве можеш да и макнеш од мојот тањир. Да со запршка, со колбаси, сол, вегета. Па дај и што, зар блуткав да го јаде
Моево има јадено гравче два пати, само сварено во вода без ништо, па дополнително варев пиперка и кромид и ги испасирав, богами слатко си се најаде. А тек манџичка со се кога ќе дојде ред, права балканка ќе биде
И даваш со леб или без? Леќа црвена правев вчера и нејзината е стварно бљуткава. Ставив и кромид и морков, компир и магдонос да згусне али на вкус е стварно бљак.
Првиот пат и надробив срединка од една кришка, сега вториот пат дека немам леб дома (нели нема во режимов и не сум купила), го изеде и така. И црвена леќа и имам дадено, исто, само сварена, ја цедам водата и пасирам нешто зеленчук. Само леќата не ми ја сака дека е ситна, морав да ја изблендирам. Не прави проблем за покрупно, ама ова како зрнца не сака. Истото ми го направи и за кус кус и киноа. А за вкус, јас само сол си додадов за мене, иначе и јас јадам само варена манџа со зеленчук, без запршка. Мене ми се свиѓа така.
4 и пол вкусови па одма оброк, бидејќи сакаше да јади синко, па на 6 месеци втор оброк и на 8 месеци 3 оброк
Скоро исто, отвраше уста и си јадеше. Првите оброци му давав макс 50 гр за да не го оптеретам мешето а тој уште бараше па одсабајле 50 гр за ручек уште 50 гр. Така ми беше полесно воведувањето затоа што за доручек јадеше тоа што веќе го има пробано а за ручек нешто ново му ставав во кашата. Сега скоро сите овошја и зеленчуци му ги воведов па се мислам дали да почнам месо или глутен ?!