Не, само во манџички, нешто што и јас би го јадела со леб. Најчесто ако е посно јадење ставам, ако има јајце или месо тие ја згуснуваат кашата и го држат бебето најадено подолго, па нема потреба од леб.
Здраво мамии, како го замрзнувате месото да биде варено да имам за неколку пати барем да не варам насекое. Деновиве треба да воведам, и колку пати неделно давате? Ии кога воведовте глутен? Ви благодарам..
Само во супа, чорба, манџа, ова кај мајка ми, јас дома погусти му ги правам манџите јадеше и со јогурт попара, но еве месец има не го сака мн јогуртот. Месо после 7 му дадов телешко, јунешко, а глутен после 6. Риба после 8м, жолчка 6+, а белка 8+ сега се јади. @SarChee месо телешко 1кг го варам сечено на коцки, по 50-70г потоа го замрзнувам и му турам по 2,3 лажици од водата што се вари.
Два дена ми одбива секаква храна и сака само леб и крем сир. Не е битно појадок, ручек вечера само за тоа отвара уста. Што не пробав и да дадам не сака. Се заебав ли со крем сирот и како да го прекинам ова? Можно е и некој заб да е во прашање али може и некоја финта да ми прави.
Имам во блиска фамилија случај кога му дадоа павлака не му апна веќе каша. Немора да значи и кај тебе ако не укинувај скроз за 2,3 дена ќе го забораве надежно. Ако ти е воведена жолчката пример јас би дала тарана.
Јас му дадов сретка од кифличка, во нив ставав цели јајца. Планирам утре и тарана да му дадам со кисело млеко и моцарела. Се надевам ќе ја јаде тараната, оти уште е на блендирано само.
Прво со тарана или кори не се сеќавам баш, но и во двете има цело јајце, дома правени, после му давав цело јајце варено со патлижан и лебче. @happygirl тараната со павлака му ја мешав така ја сакаше мојов
Пак јас, на прашањава му нема крај Каква киноа му давате на бебките бела, кафена или црна? Ии дали хељдата содржи глутен? Купив ваква каша и пишува дека не содржи глутен..
Хељдата е без глутенска. И јас ја купив оваа но уште и нема дојдено ред да му дадам. Киноа имам бела која исто така чека ред за пробување и таа е без глутен. И оној амарант ти е без глутен но тоа немам купено и нз дали ќе купам . Амарант несум купила за мене и што знам...Тапиока ти е исто без глутен и е преубава, бебчо ја обожава а богами и јас . Ја имаш на Холе во кутија во комбинација со ориз, пченка и тапиока - убава основа ми е за овошните каши
Фала ти на исцрпниит одговор, хељдава ја купив утре ќе и дадам.. А киноа не купив не знаев каква па ај си реков ќе побарам искуства па ќе купам и јас бела.. Амарант исто немам дадено а и тапиоката ја гледав баш но не зедов зошто немам пробано ни јас,но следно ќе земам..
До колку дена држите к.млеко,јогурт отворен з малите? Јас сега и давам по малку овчо за проба ама сега прочитав пише да се искористи во наредни 12ч. Не е расипано го пробав ама сега ми е шубе, за мене никогаш не сум читала и ми стоело отворено до 5,6 дена без проблем...
Исто колку за нас. Секако во фрижидер стои, нема ништо да му биде. Друго е ако го оставаш на собна температура да се згрее, пошто читам дека многу така прават. Јас давав и давам директно од фрижидер.
Мајка има бисквити и двопек без шеќер италијански се Мисура ги има во поголемите маркети ( не се бебешки ама се без шеќер ,палмино масло и адитиви а засладени со јачменов слад )
Денес печев тиква. Може ли да оставам во фрижидер и да и дадам утре за појадок? До сега се сум и давала свежо приготвено. Ептен ми е шапнско село ова со јадењето.