Се согласувам. Не сум во тек со бебушките нејзини, не ја знаев ситуацијата. @Emma2 батали шишето, јас на 6 месеца веќе пасирано давав. Ќе си имаш мака понатаму, нема да сакаат ништо да јадат цврсто.
Ориз на 6м. Мелен на сончева долина и инстант имам дадено со зеленчук. Гриз немаме сеуште воведено. А инстант палента од хипп како припремате?
Имаш гриз не глутенски на хип и ориз инстант исто на хип. Тие можиш уште на почеток. Обичниот бебе гриз во плаво паковање ти е со глутен. Ориз можиш и обичен да свариш ама за почеток овој е поедноставен.
Можеш и со тестенини. И со житарици. Впрочем од 8+ тегличките се речиси сите со нудли. Киноа оди со зеленчук многу убаво. И убаво е да внесува житарици повеќе пати во ден ради енергија. Компир и батат менувај ги. Не знам друго не ми иде сега на памет како идеја. Црвена леќа можеш да воведеш и грашок (грашокот речиси секое бебе добро го прифаќа). И од леќава мојава немаше проблем. Па со нив да комбинираш со месо одат убаво. Спанаќ стави еден ден со кисело млеко и јајце. И ете седум дена полни па потоа одново.
Мајки а од кога може да се дава овошјето/ зеленчукот со лушпа? Мислам на пиперка,цреша,вишна,грозје, кајсија,слива? Исто и лушпите од грашок,леќа не ли им смета? Знам на почеток дека не се дава,ама скоро 10 мес е,ама сепак ми е страв да не му смета на мешето. Се замислувам,правам чорба од грашок и лупам зрно по зрно Ама ако треба и тоа ќе правам! И последно колку количински грашок/ леќа ставате во чорбите? Ако ставам помалку да не ми излезе многу ретка,или да издробам и лепче?
Те замислив како лупиш леќа онака со престилка со крст нозе со шамија на глава. Од пиперка е остра и ја лупам секогаш, од другите овошја оти се прскани ги лупам али за леќа и грашок си давам оддишка нека јаде беба. Во чорбата ставив компир и морков и ги испасирав па стана погуста. И сув магдонос ставив и лук и кромид. И масло. Како да ја јаде кога тоа бљуткаво во уста не се става.
За лупење ништо не лупам. Од овошјето повеќе рендам свежо, па се ренда и лушпата, а од зелечукот кога убаво ќе се свари генерално можам да ја рацепкам и лушпата додека пасирам. Ако ептен остануваат крупни лушпи (од последниот грашок ми се случи тоа), ќе изблендирам тоа што бара многу работа, а ги пасирам или сецкам ситно остатокот од намирниците, и таман си е кашичката, има и покрупно и поситно. Манџи ставам повеќе зрна, па само зрната ги двојам, ставам зеленчук и после од водата од варењето доставам малку колку треба за добра конзистенција. Леб ми служи за да има што да поџвака. Подобро кашата да биде повеќе на грашок отколку на леб и вода. Мојава се разјаде последниов месец, на се си зинува убаво, пак не јаде цела голема тегла на оброк, ама догура до 140гр. Дури и меше пушти. Ако вака продолжи, може и нема да биде пребирлива како мене и татко и (fingers crossed) .
Мами дали киноата ја кисните пред варење? И колку пати неделно можам да давам просо и киноа? Бебка е за 2 дена 7месеци
Не ја киснам, измија низ цедалка убаво. Првите јадења во главно се врте едно исто така да давав често. Можиш да мењаш со палента, ориз.
Сварив просо троа повеќе, да има и за нас.Дадов на бебе нешто.Може остатокот во тегличка да стои во фрижидер за утре
Зашто со лажиче лом се праат и да дека се две треба цел ден да ги ранам..а само еден оброк воведов и тоа вчера, палента со круша. Што знам, мислев да се научат дека внесуваат нешто друго освен млеко и да им стане тоа препознатливо и нормално...а за лажиче па ваљда целото време е пред нас за лажичето да игра
Ова го имам. Значи го миеш само со топла вода лушпите да излетаат, не зрно по зрно да се заиграш пет години. И после ставаш вода и една лажица од просово за две миниту ќе се свари колвни готово е(ќе испари водата). Мешај со овошје што сакаш јаболко и слива пример. Јас со моцарела и јогурт го давам оти не јаде овошје со житарки.
Гага ете и @Spidy од 4ти почнала со 3 оброка, а ние сме 6ти што значи нели предвремени би му дошле 4ти. Абе сакам да почнат вистинска храна она Ад се мислам дека им е доволно до сега, јадат вештачки, зошто не би почнале нормално да јадат...
Фала маче Се мислев за таа палентата пишува 2 минути варење и дека е претходно припремена, а имаше и обична ама начинот на спремање нешто додавање во зеленчук дур се вари пишуваше дрн дрн и оваа ја земав, се потепаа за јадење, со круша им напраив, и јас си кркнав... денес со јаболко, за к.млеко,сирење и павлака е рано, тоа од 7ми (следниот) иако е идеална комбинација тоа..ај ќе пробам просово па ќе ти кажам, а јачменот исто ко просото? иначе и пченица им дадов, мераци...
Ај да ве прашам има ли некој проблем како мојов. Ништо не сака да јаде бебе, а веќе цел месец давам цврста храна, т.е. пробува по малку од се ама 2-3 лажички максимум да изеде. Само печено јаболко и ориз со вишни има изедено малку повеќе, ама така се погоди оти после пак кога дадов од истото пак иста песна. Има ли некој се сличен случај? Ја носев на педијатар ми вика мора да јаде по повеќе, и викам како кога не сака, ми вика ќе си најдеш начин... А каков е тој начин кога почнува да плука и да плаче кога сум упорна. Едино јаде парченца од храна ама колку може да изеде така, пример ако и дадам парче круша или банана го голта, а пасирана банана или круша не сака. Скоро 6 месеци е, и на доење е ама стагнираше со килажа, 7100 гр. е а 3600 се роди...