Па го варам дури по 20 мин и плус со овошје го блендирам и пак пола зрна не се блендираат ,пробав во два различни блендери дури исто....значи поише да го варам тенкју
Па незнам некоја поискусна од членкиве да ти кажи, јас до душа сега го воведов и имам варено 2 до 3 пати ама баш убаво се свари а се вареше 15мин..имам лупено органско просо, претходно го оставив да кисни 3-4саати
Искористи го на Хип штом имаш. Семолина онаа на Хип е уствари гриз од ориз и е безглутенска а оној гриз во плаво паковање е гриз од пченица и тој е глутенски. Просо јас го блендирам во нутри булет и го прави тесто ако е убаво сварено (зрната се набобрени и распукани, просо се вари околу пола час до 40 мин) и обавезно додавам неколку капки маслиново масло. Еднаш го ставив во обичен сецко и имаше парчиња и ми ги плукаше. Парчиња овошје ги јаде а ова не.
За два дена полниме 8 месеци, ме интересира што да воведам прво од млечни производи, кисело млеко, јогурт, несолено сиренце...? Ми останаа за воведување Гриз пченичен (глутен), млечни производи, риба и легуминози (грав, грашок, леќа и боранија)
Ако си вовела месо (пилешко, зајачко, мисиркино) од 8+ се дава телешко, тогаш почни со глутен па млечни производи - к. млеко ...
И нутри булет и на авент имам блендер и лупено органско просо ,да не ставам малку вода па ми испарува брзо ,колку вода ставаш? Знам на кој гриз мислиш тука(Англија)го нема па во превод на гриз би му дошло семолина ,ќе видам ќе барам од пченица по маркетиве.
Епа читај по кутиите, овој наш тука семолина на хип е од ориз. Вода ставам одприлика при варење но гледам соодносот да е на пр. 1 филџан просо а 2 или 2,5 вода. Штом имаш лупено тоа уште побргу се вари.
Јас само што го метев лебот од земја. Лебот беше за дробење и фрлање, а леќата си ја изеде. Па и пола ручек добро е.
Еее десет пати супер сте. А врв од лажичка кога не можеше да и бутнеш? Јас уште и ја стискам устата за да зине, сама слабо. Ама барем штом бутнам ќе голтне. Добри сме ајде, гладни не останале секако.
Семолина е гризот, така барај го. А за просото - не запнувај со блендирање - дете мора да научи дека храната има текстура. Ќе плука на почеток, после ќе јаде. И гризот ќе го блендираш?
Мами вие кои месо замрзнувате варено во кесички дали додека е жешто го децкате и делите во кеси и од водата па чекате да излади или како ве молам за постапка.. Ми донесоа денеска домашно петле како да го складирам?
Кое го имаш? кај мене во упатството не вика дека треба да кисне? само да се вари 20 мин. хммм..сеа незнам шо да праам..а утре планирав да им дадам за проба..
Од Зегин ми е купено и кај мене не пишува да се кисни но од искуства од чкенкиве го ставив, а пишува да се вари 30мин а се свари побрзо пред 20мин беше веќе набобрено и распукано
Јас ваков имам од Даверт.. ок, ќе го ставам од сабајле да кисне, па негде поручек ќе им дадам...секако една лажица мислев да сварам ради проба, да видат што е... а после наредниот ден во оброк ќе биде... со што најпрво ќе го дадеш? јас со круша мислев, многу сакаат круша,дали дека само тоа свежо до сега сум им дала,незнам...
Јас еднаш го дадов со круша, еднаш со јаболко утре ќе и дадам со денес воведната кајсија.. Јас го ставив од вечерва да кисни за утре за доручек и ставив 1лажица инаку ставав по две но на некој пост прочитав дека не се давало повеќе од една лажица заради железото што го содржи, незнам колку е точно..колкави сте вие, те читам ама за возраст незнам,мојата утре прави 7м