Го сецкам на коцки,го мијам и го ставам да се вари,3 саати сигурно. Откако ќе се свари,чекам да се излади скроз и после ставам во кесички и замрзнувам. ** Сега прочитав дека за петле прашуваш Јас пиле домашно варев. Го ставив во експрес лонец и откако се свари ептен беше меко,разварено. Оделив коски и ставав месо отприлика во кесите и 2-3 лажици вода,исто оладено претходно. Водата откако ќе се олади како желе е.
Телешкото на коцки и 3 саати го варетеНели е многу, за пола саат е разварено и меко, ако го варам 3 саата ќе испари
Да младо петле е.. Сега го варам, откако ке олди ќе го исчистам и ќе си ставам за по еден оброк и малце од водичката значи и скроз ладно ко ќе е да го ставам тогаш во замрзнувач..? Фала на одговорот, а ставаш само од белото месо или и од копаните?
Дадов кифличка, значи воведов цело јајце, така ли? Вечерва ќе му дадам и тарана. Варено јајце цело со што давате?
Летото му го давав со патлижан и моцарела, сега така само јајце, а му имам даено и со урда пропржено малку.
Ајде јас пак денеска, ме натоварија со домашни зеленчуци а од нив никогаш доста.. Сега имам домашен спанаќ и карфиол како да ги складирам, свежи? Спанаќ немам ни воведено кажете ми по колку ливчиња ставате во каша, поголеми се ливчињава.
За проба доста се 2 ливчиња, извади ги жилите. Инаку спанаќот се замрзнува бланширан , свеж мислам дека нема да биде добар. Карфиолот би требало да може така.
Добро, само мојата не јаде палента?????!!! Значи кога се спомнува бебе и дохрана, прва помисла ти е палента и гриз. Мојава ништо. Овесни снегулки како се подготвуваат?
Не бе и мојава до пред некој ден не јадеше. Гриз само у ноќни на хип. А палентата Мила ја прочитав со рендана тиквичка, крем сир да ја осоли и јогурт/кисело млеко. И почна да ја јаде. Пробај.
Јас снегулките ги варам да станат ептен меки како каша и додавам овошје. Не дека неможе цело ама грд вкус е кога доминира авокадото, со банана е идеално.
На мое бебе не му е грдо. Го јаде така цело пасирано, со малку маслиново и лимон. А сега после 10-11 месеци од коа почна да јаде и леб му го мачкам на лебче како намаз според рецепт од бебе готвач, само место масло од туква ставам маслиново, понекогаш без пиперка...уствари може различни варијации да си правиш @bella.s