И мене ова ме интересира. И со што ги комбинирате? Мисирка со што да и спремам, а да не е ориз и компир?
Можеш да купиш модли силиконски за мафини и у секое по парче месо со вода. Предходно стави го на тацна или послужавник и стави да се смрзне па префрли во кесички после.
И јас имам замрзнати цреши. Ги зачував пролетта, непрскани. Ама кога одмрзнав неколку ептен беа раскашавени и немаа никаков вкус Ослич дадов во саботата на бебо, му се допадна. Вчера дадов и кашкавал, му се бендиса Белка исто воведов, така да скоро се јаде сега.
Мислев на оние купечките во кесенца, како ужинка да и дадам ама колку се ок незнам. Колку сакам се да и воведам ама пусти страв ме спречува. Какво јајце даваш ти купечко или домашно? На тестовите не покажа алергија на јајце ама пак ме стра.
Од старт давам само купечки јајца, по совет од педијатарот. Дека тие се контролирани, за разлика од домашните. А и не можам да се замарам да барам домашни јајца искрено Секако треба да почне да јаде од нашата трпеза за кратко.
Не се вкусни одмрзнати, само директно со јогурт измиксирани како овошен јогурт, вишните исто. Јас правев многу често овошен јогурт од банана, вишни и обичен јогурт, кога беа мали, моиве го сакаа. Сега не сакаат овошен јогурт.