Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Само да знаеш колку не сакам да и давам каши. Ми рече др-ката пред речиси месец а јас одложувам.Јас како да немав бебе. Цело време вриштеше, да не можеш да се израдуваш дека имаш бебе. Ја доев само 3.5месеци и сега морам да почнам со каша толку рано :( Ама мн повраќа и не качува на килажа. По 300-400гр месечно. Еве 4 1/2и месеци има 5.300кг а се роди 3.570. И дадов денес неколку лажичиња банана. И тоа и давам затоа што мм инсистира да ја послушам др-ката а и на контрола сме идната недела па ќе можам да кажам дека сум пробала колку толку да и давам. Ми рече и каша од житарици ама тоа не и давам уште.
     
  2. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    799
    Мало ти е уште за житарки земи банана, кајсија, праска, слива, морковче има еден куп кашички од 4 месеци, таман сега ќе почне и свежо овошје и полесно ќе ти биде :D
     
  3. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
    Ве читам и се чудам. Само мене ли ми рече педијатарот да почнам со зеленчукови кашички прво? Инску денес направивме 4 месеци, докторката вика да почнам за две недели, ама јас планирам уште еден месец да се доиме, па после полека да се навикнуваме со по неколку лажички кашичка.
     
  4. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.153
    Допаѓања:
    144.839
    Пол:
    Женски
    и јас би те советувала да почнеш со зеленчукови каши,затоа што овошните полесно ги прифакаат.еве моето е 7 месеци и сеуште некогаш мака мачиме со зеленчукот.морам да го залажам со павлаче на врвот од лажичето за да го најадам.
     
    На nene88 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. marija27

    marija27 Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    1
    од која возраст се почнува со жолчка од јајце?
     
  6. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Со похрана почнавме на полни 4 месеци, бидејќи ќерка ми можеше и литар млеко на цицање да испие ако и дадев (од почеток сме на АД, мене не ми ни дојде млеко), хемоглобинот почна да и паѓа, па си ручкаме на велико. До сега на плни 5 месеци, има пробано јаболко, банана, слива, морков, кајсија, праска, компир и ориз. Што друго од зелечнук смеам да и давам? Докторката вика давај. Како бре жено да давам, онака, што ќе ми прдне??? Табелите не ни одговараат, затоа што порано почнавме со дохрана. Ваши паметни предлози од искуство? :lol: ;)
     
  7. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Имам една книга за бебешки рецепти и во неа пишува дека жолчка може од 4 ипол месеци почнувајќи по 1/8 па така на секои 2-3 дена да се зголемува за до 5 ипол месеци веќе да се стигне до цела :)
     
  8. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.153
    Допаѓања:
    144.839
    Пол:
    Женски
    не жолчка пред 8 месеци!
     
  9. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
    И мене ми имаат кажано дека е добро да се дава жолчка уште со првите кашички. Ова ми е кажано од доктори од Клиника! Добро било затоа што имало многу железо.

    Инаку ништо од мојот план да почнеме со дохрана од 5ипол месеци :( На синко не му стигнува млекце, три дена на секој саат бара да јаде и цица од двете гради и уште бара :lol:
    Докторката ми рече да почнам од4 ипол месеци (што ни се деновиве) и само ми рече да почнам со зеленчук. Нит ми кажа со што, нит ми кажа како да давам. Ај ве молам да ме просветлите. Јас како што имам слушнато дека се дава, да речеме, Компир два дена, па морков...
     
  10. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    nene88 можеш да почнеш со компир 2,3 дена, па тиквичка исто 2,3 дена, па морковче, блитва и после постепено ќе воведуваш по еден нов зеленчук. Истото важи и за овошјето, почни со една овошка 2,3 дена да видиш случајно да не е алергична на нешто и така се постепено.
     
    На nene88 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Ај пак да ја активирам темава.
    Почнав јас да и давам каши банана,јаболко,морков ама затоа што почнавме со млеко без лактоза имаше запке 6 дена и на др ни кажаа да и даваме каши од слива а морков и банана не.
    Сега не повраќа толку и пие повеќе млеко па не и давав воопшто каши. Ама еве денес и дадов да јаде во 8 200мл испи па во 10.30 уште 200 и во 1.30 пак испи 200мл и беше уште гладна (пробав со чај, испи уште 40мл). Дали затоа што е во скок на развој е мн гладна или па сега надохнадува затоа што не јадеше ко што треба да сега :^)
    Туку ме интересира како ги подготвивате кашите. Го варите овошјето/зеленчукот во вода или на переа? Или го печете? Или некои овошјето/зеленчукот ги давате свежо?
    Исто, приметив дека од 1 јаболко излегува повеќе отколку што може да изеде и во цел ден. Што правите со остатокот од кашата? Знам дека може да стави во фрижидер и да се чува до 3 дена или да се замрзне па да се чува 2 месеци. Јас сакам да правам каша свежа секогаш ама полесно е да се направи повеќе оддеднаш и соодветно да се складира па да се искористи за брзо време. Не би го оставила во замрзнувач ни 2 недели, ама еве да речеме една недела па секогаш кога ќе ми треба каша од сливи да вадам по една коцка
     
  12. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.153
    Допаѓања:
    144.839
    Пол:
    Женски
    банана, круша , авокадо ги давам свежи а се друго од овошје кратко обарувам и блендирам.зеленчукот го варам со ептен малку вода,колку да го покрие и после ја користам за да ја разводнам кашата.ако ми остане од овошната ја ставам во тегле во фрижидер и ја давам во текот на денот.моево јаде сега и месо па месо со зеленшук готвам поголема количина за два дена да има.ја блендам и во тегла ја чувам за наредниот ден.досега не сум замрзнувала а и не би сега за сега.
     
  13. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.127
    А како дававте на пичетокот. Две лажички, наредниот ден 4 и третиот ден колку сака од тој продукт? Или по неколку пати во денот по две лажички да и давам?
     
  14. kostadinka24

    kostadinka24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    290
    Пол:
    Женски
    Aj i ovde sega nesto da prasam.Imame 4 polni meseci i sega ajde probavme kasicka eden den od jabolko dve lazicki i potoa ne sakase da mi go pie aptamilot inace od start sme na vestacka.Sega me interesira dali so mlekovo normalno e da namali ili treba isto da si jadi ili sto e kako e izkreno me zagrizi sto pocna po 60ml da pie inace si piese po 120-150 na 4 casa a sega ni do 100 otkako gi pocnav kasickive.ve molam nekoj sovet kako odi ova so voveduvanjevo na hrana um nemam sto da pravam,a so aptamilcevo super dosega si bese i zi napreduvase.se izvinuvam za lat od mobilen pisuvam
     
  15. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Нова да, прво даваш две лажички и постепено наголемуваш.

    Костадинка нормално е да намалува на млеко ако јаде кашики. Се рачуна дека од прилика колку јаде цврста храна толку намалува со млеко.
    И јас бев збунета околу ова, кога и колку е нормално.
    И дознав дека првиот оброк е млеко после саат или два (зависи колку е будно бебето) се дава кашичка и му се дава млеко колку сака да се допие. Па наредниот оброк би бил млеко и се повторува истото.
    На пр ние даваме млеко во 7 тоа значи дека каша би јадела во 8 со млекце да се залие оброкот :lol: па би јадела цел оброк млеко во 11 откако ќе стане од спиење.
     
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.045
    Допаѓања:
    245.897
    Mалиот едвај јаде, едвај уста отвара, зависи каков му е денот :) .
    Mака мачиме со јадењето, еден ден ќе јаде друг едвај една кашичка овошна или зеленчукова ќе проба, а веќе ќе полни 7 месеци.
    Првапат исхрана воведов на полни пет и тоа најпрво пробуваше вкусови, и тоа не секој ден, ама од 6 месецi пробав да воведам барем два оброк, ама тешко ни оди.
    Jас овошните ги давам купечки од Xип, а зеленчуковите му ги правам. Oвошје нема многу периодов, па затоа купувам. Oсвен банана друго не сум правела. A читав дека е подобро свежи да се дават. Oвошните ги давам околу 12 часот, се случува да ја јаде докај 14 со молење, со песни, абе што не сум пробала, па затоа зелнчуковата ја јаде некогаш и во 18 часот. Eдвај јаде, пробав и во определено време да го хранам, ама џабе, несака, и сега јадеме кога сака.
    Сок едвај пие, и вода исто, ама затоа цице сака и тоа како :D .
    Повеќето деца ги сакаат овошните каши, синко мој сака повеќе зеленчук, на пример компир и тиква може да јаде постојано, а со бананата е скаран. Пробав банана со плазма, колку е само убаво, овој запнал по тиквата ]:) .
    Па така секој ден е нова приказна, не се знае дали ќе му се јаде или не, а ете и месо треба да воведеме.
    Се прашувам како ќе ми го прифати месото и воведувањето на третиот оброк.
     
  17. verba

    verba Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    195
    Леле и ние сме исти. Од храната каснува по 5-6 лажички и не сака повеке а на цице по цел ден. Се мислам како да почнам да намалувам доење кога не сака цврста храна а треба уште малку да почнам на работа. Не сака ни цуцла, ни шише, ни АД...И моето сака компир со тиквичка :D
     
  18. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Мами, од кога дадовте боранија и грашок?
     
  19. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.153
    Допаѓања:
    144.839
    Пол:
    Женски
    posle 7 i pol meseci
     
  20. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Во една табела вика 7 месеци. Во друга табела, вика после 9 месеци, а во трета табела, по година. Иди па снајди се! А сите се европски, и од регионот!