Денес јадеше просо со банана, јас и мм јадевме ајвар пржен со јајца, и си дојде синко со дубакот на поручек му макнав од јајцето па си изеде 1 среда од лебчето вртеше околу маса и си јадеше. И ориз му давам, од нашиот ручек за големи, супа, макарони, нема проблем се си јади, ама од леќата имаше мака, немам даено 1 месец сиг, сега сакам пак да го пробам. Немам уште даено киви, и цитрусни овошја, мајками му дала лимон во чај од нане, па си го пиел, а и немаше проблем со мешето, а кај мене ништо не пие освен вода, околу 700-800мл пие вода секој ден
@FreeMind уште не сум дала карфиол, но во бебе готвач сега видов рецепт, брокула со карфиол. Машала @lackygirl супер е малиот со водата. Кај мене бебе на ден или пие 10мл или ич.
@FreeMind карфиол, брокула, тиквица, кромид со или без комир/ориз. Или како супа пробај фиде, брокула, карфиол, морков па после испасирај.
Вчера германците во групата за лазење ми кажаа супер рецепт. Макарони во сос од брокула. Брокулата сварена и во павлака за готвење искрчкана малку со козјо малку или моцарела и мисирка. И се допадна па кој сака може да ги спроведе тестенините во сос од зеленчук. Како супа нема да ми јаде чим види лажица врти глава. Ќе и направм и со брокула и со тиквица и компир. Кај мене на ден пие околу 100мл, некогаш и цело шише 150 го пие. Имам чувство дека се налева со вода нон стоп да и даваш нон стоп ќе пие.
Мамаситас ги имам овие овесни снегулки за мене, дали можам да ги давам и на бебе или какви да земам за неа и како да ги подготвам.. Деновиве ќе воведам глутен
Земи на виталиа, овие се многу тврди, покрупни, на виталиа се помали и помеки @monik55 јас давам каков што ќе имам дома за нас, од Хит најмногу го сака
Како да прочитав дека некој ги вари овесните снегулки Јас досега само ги потопував во компот од некое овошје,мешав со овошјето и давав. Како е правилно да се варат или не,никогаш не ми текнало да прашам,за возрасни знам дека само се потопуваат,па претпоставувам и за бебе е исто? И низ овесните има некои парчиња потврди, со киснење не омекнуваат,а тврди ми се да давам на бебе,па морам да ги изблендирам,а со блендирање некако ми станува кашата лигава На кој начин ги приготвувате вие?
Јас не ги варам. Порано ги блендирав да станат како брашно и ги мешав во овошјето, сега само да покиснат во овошјето со малку вода да омекнат и цели ги давам.
а како ги блендираше, со вода топла во нив така? или ад млеко сеедно... јас неможам уште со парчиња,морам вака прво...а да, првин за вкус им даде или директно оброк?
Прво блендирам само снегулки, стануваат како брашно, па го блендирам овошјето, во тањирче ги ставам снегулките со топла вода да постојат некоја минута, и после додавам овошје. Вака беше на почетокот, на околу 5 месеца. Сега е поголема, си џвака, па не морам да блендирам. Со ад млеко се прави навечер, млечен оброк. Погоре напишав како за доручек. За вечера само место топлата вода, ставав мајчино млеко или ад. После некое време си земав инстант ноќни каши во кутија, од Хип мислам дека се.
Благодарам, ќе пробам! И јас ги меркам тоа инстант кашите ноќни, ептен ми ги јадат денските...ама ај првин ќе пробам малце да се "помачам"
Еднава го гребе грлото, писка како страчка, интересно и е, колку поише и викам да не праи така, поише праи. Ја снимав дури, многу е смешна ама грлово го одра, така рапаво писка ама како занимација и е не дека нешто и е... цепки е.. ама морам да ја одвикнам...ќе го заебе грлото...незнам како
Го испитува гласот остави ја. Мојава рикаше, едно језиво рикање кај 5ти месец бушеше уши. Дури се исплашив да не е нешто. За месец дена го заборави па почна да писка и така денес уста не затвара.
Хахаха не сум арна, сум ја утнала темата, мислев пишувам во Искуства...ц.ц.ц.. фала Фри, ќе ја оставам, шо да праам..ама она се гази од смеа дур праи така...и језиво е да Палента и пашканат одат заедно? Пашканат многу ми сакаат па викам ај со се..
Денес јадевме круша со 2-3 лажички морков Сватив дека што и да е во комбинација со морков ке го јаде, инаку не Друго чаре освен да мешам се со морков не најдов. Незнам што ке се прави