леле круша со морков моиве па круша само јадат да пробам и јас да ја увалам оваа одвратна комбинација
Имам пашканат. Прочитав на фб дека малце пашканат им давал соленкаст вкус на јадењата. Го немам воведено бидејќи имам протестант кој сака само јаболко да јаде. Со што да го зготвам?
Ај ке пробам, ама не верувам дека ке прифати така, инат голем е Пробај повеќе крушата се осеќа, ама ете шефот без морков не ја јаде.
Јас го давам со морков и компир, кога правам спанаќ (ориз, кромид, морков) го додавам, со блитва (ориз, кромид, морков) го додавам, кога правам пире со црвена пиперка ставам...уствари во сите зеленчукови каши ставам по малку ако не заборавам
Патронажните ми донесоа ваков прирачник за да се водам по него. На 11ти полниме 6м, треба да воведам месо, јајце, леќа и грашок??
И јас скоро во се го додавам. Спанаќ, ориз, пиперка и пашканат многу ми јаде. Телешко, компир, морков, брокула и малку пашканат. Многу убав вкус им дава на јадењата, јас и за нас многу го користам. Туку добив зелено светло и од педијатар за вечера. Што точно давате? Од оние готовине good night, или сами си правите? Нема многу да и биде овошје и за појадок и за вечера? Мора убаво да ја воведам, за две недели тргам на работа.
Со морковот ако претераш ќе му смени тен на бебето. И јас многу го сакам, и секој ден ставав во ручекот, и на вакцина кога ја однесов, докторката ме праша колку често и давам морков. Ми рече да намалам зошто се познавало дека многу јаде. Не знам дали освен тоа има нешто друго штетно, ама сега и давам помалку.
Месо од 7 мес, жолчка ајде на крај на 6 мес ама леќа и грашок некако рано ми е на 6-7 мес да се дава , да не го боли мешето. Бидејќи има многу бета каротен кој во големи количини т.е предозираност во организмот претставува/претвара во отров вотелото
Јас скоро во се го додавам, оди и со палента и друг зеленчук мешано.. А само како палента и пашканат немам правено, претежно додавам малце од едно до три тркалца
@flower55555 и малата кај мене јаде морков и круша во комбинација, само што кај мене заради крушата . Мојата е по овошјето, за овошните каши нема насит, почна секој ден по 200 грама да јаде за појадок, овошје со житарки, но за зеленчукот водиме борби. Малку ако има јаболка или крушка во зеленчуковите и не прави проблем. Но не одат во секое јадење. Што давате од овошје периодов? Некако се исто ми се врти. Имам уште малку замрзнати праски и сливи, пс комбинирам. Инаку периодов само јаболки, круши, банана и авокадо што има.
Јас земав суви сливи и кајсии и имам компот без шеќер од праска. И тоа е што викаш се вртат едни исти. Сега планирам дуња да и дадам само да најдам убава. Дали може да дадам свежа тиквица?
@Spidy и јас имам слушнато за тенот ама кога не прифаќа ништо без него немам избор за сега. Се си мислам житарки дека ке прифати @paleska3 кажи ми како ги спремаш и комбинации. @slavica999 ми нема логика ни мене за леќата и грашокот затоа прашав.
Од кога почнавте со сокчиња? Скоро сме 4м и први се оние бистрите барем така им давав на керкичките, ме интересира ваше искуство?
@flower55555 еве нешто јас што правам за појадок: - просо и банана, - просо со круша и праска - просо со јаболка и сливи - палента со јаболка - палента со јаболка и тиква ( ова денес го ручкаше) - палента со печена тиква - холе ориз со банана и праска - киноа со крушка Значи буквално секоја житарка во комбинација со секое овошје
Ставам вода да зоврие од око, потоа додавам една и пол супена лажица и за 2 мин е готова. Се меша цело време. Најбрза е.