Дали во Јане ја носиш на вакцина и дали ова ти го кажа таа крупната млада докторка? Истото и мене ми го кажа пред некој ден и сеа воошто не давам морков освен ако се деси да морам да дадам готова каша па во неа ако има.
Исто и јас се мислев, така пишуваше на киноата што ја купив и на цејлонскиот цимет. Јас и дадов и уште си сметам како да немам воведено глутен. Оваа недела ќе започнувам со месо, следната глутен.
Македонија е знаеш подрачје каде секој втор има проблем со јод и тироидна. Јод како јод се внесува од леб, сирења и останати продукти. Но бидејќи е ендемско подрачје прашај си најдобро по колку да внесуваш. Инаку секако од десет месеци се зачините на внес и приспособување кон нашите јадења. Само количински не знам колку треба да се додава за мали деца. Јас во принцип јадам се без сол, имам хипо. Вегета во манџи. Сол како сол не се сеќавам за мене лично да го користам. Засолувам исклучиво со сирење. Ниту шеќер како шеќер, такво немам ни дома купено. Така и ќе ја учам да јаде само ќе се консултирам за солта, а шеќер лично нема да и ставам во ништо. Јас давам. Речиси на секој втор производ стои истото. Тоа се однесува како препорака на оние кои имаат алергии на кикиритки ( дерматитите сите се поврзани со кикирики ) и глутен. Сите останати можат да користат слободно. И убаво е да ги прими во незначителни траги. Путер од кикиритки е исто на листа за воведување.
Ова е точно. Да внимавате тие што се бебките со дерматит. Кај малата покажа високо ниво на алергија на кикиритки.
Кога сме кај кикириките како би стегнала сега едно две три пивца со кикирики и две пакљи малборо црвено и Дејвид Боуви на најјако. За што дојде ред да сонувам будна
Пиво си пиам, одамна не пушам ама кога пиам мислам на цигарки онака една да оптегнам.(да си кажам дека пиам 1 чаша пиво, да не ме прајте лоша мајка ) Ќе биде за некој месец бе
Кога сме кај пивото, и мене ми се пие. Ама не една чашка само. Откако останав бремена лани во април, еве до сега голтка алкохол се немам напиено заради доењето. А летото како ми се пиеше грч ладна кригла со кикирики... И јас си викам ајде уште малку, мислиш после секоја вечер со виното или пивото ќе се дружам
Исто. Ниту една чаша алкохол и ниту една цигара. И стварно онака си се тешам ајде на крајот си уште месец два три макс и ќе се вратиш на стари љубави. Али нема да биде исто. Замисли на овој умор уште да се нашљокаш и вечерта да ти станува на пола саат тек тогаш ќе биде: Драги отварај прозорецот!
Хахаха баш така Исто и за цигарите, немам запалено воопшто. Не дека претходно бев некој страстен пушач, ама уживав со алкохол и некоја цигара. Мислам дека веќе никогаш нема така опуштено да уживам
Опуштено нема да биде али ќе си се допишуваме од некој ќош наскоро Токму таму седната на под со слушалки на уво се гледам во идната година. Целите за 2020 ми се навистина многу лабави како никогаш досега.
@happygirl @FreeMind Ја викам дирекно да идете на второ во новата година и таман до наредно одбивање скроз ќе откажете цигари. А за алкохол, пиво е добро за лактација, вино за циркулација по една чаша за живели таман.
Нема кај германциве живели. Нема ни чаша пиво, ни лактација ниту безалкохолна пијачка. Нема алкохол во никаква форма. Налик ова: Не сакам така ограничено да пијам немам кеиф. Сакам слобода може пет ќе сакам да испијам па ќе се сечам бадијала со газирана вода.
Незнам каде прочитав веројатно тука,дека при самиот процес на преработка сите минуваат на иста трака ,затоа е нагласено дека содржат траги. Значи да дадам. Јас планирав глутен па месо. Млечни производи имаш дадено?Жолчка?
Исто и јас како @FreeMind, не сакав да се ограничувам на една чашка само и затоа ни голтка, што ќе се залажувам само. Можеби две или три чашки ќе ми се пијат. Башка што ми е шубе дека се што примам јас оди кај него преку млекото. Инаку @Spidy не се решавам јас на второ, барем засега сум со став дека нема да имам второ дете.
Ауу ја си пијам по третина чаша пиво А цигарче испушив на 9ти јуни пред да се породам, и тоа пред државна. Се гребев од докторката што ме породи не се важи тоа, веќе беше почнат процесот
Те замислив со стомакот до заби и како ја тресеш раката додека тргаш. А предходно размрсулавена и викаш дај жити се цигара да се смирам ке раѓам. Да не бидам офф. Запек има мали. Два дена не е какам третиов ептен малецко топче искака и плачи. Спанаќ еден ден со ориз и др ден брокула со компир му давав па не дека мавна 120гр може помалце од пола и еве мака. Што да дадам?