Ние екипно тука сме уште среќава да ја активираме. Што употребувам,јас воглавно горе доле сите намирници до 6+ сум ги вовела,освен алергени. Планирам неделава бејби биф. Прво од водата што ке го варам мевцето внатре да варам батат,компир,тивица,морков....па после една недела да дадам и мевце. Може ке сака. Во принцип се плука и се гади. Давам просо за доручек со банана или јаболко,јаболко и банана варени со две бисквити лобело,палента со јаболка рендана,купечка слива и јаболко и гриз без глутен на хипп....ги вртиме тие па тие. Ручек најчесто мелен ориз со тиква,брокула и батат,морков спанаќ и лук,ориз мелен со спанаќ и пашканат,компир и тиквица,компир кромид и морков.... Имам дадено хипп кутија за добра ноќ со јаболко така така пројде , ја дадов за доручек ако пишува добра ноќ Сега ке воведам телешко,па здравје после 7 и пол месеци ке виведам глутен и жолчка. Но со дерматитов се плашам од реакции. Иако нема правило
Биди посебно внимателна на млечно, но ако не ти покажало реакција на инстант кашите за добра ноќ најверојатно нема да има.
Млечно здравје после 8ми планирам. Баш ја читав инста ноќната на хипп не сидржи пченкарно брашно,глутен фрее. Освен млекото нивно,но тоа го пиеше он до 2 месеци плус доење. Може познат вкус незнам
Има 2 такви ноќни од јаболко, незнам дали освен глутен нешто друго има разлика битно мене ми покажа црвенило на другата. Исто и на таа со слива што пише Праебиотик. Штом има пиено Ад нема да имаш проблем, за секој случај биди внимателна.
Мислам другите и таа со модра слива дека имаат овес и пченично брапно содржат глутен,а од тегле има и со грис грис. Малата твоја да не е на пченично алергична или глутен?
Не на протеини на кравјо, и ад нели е преработено кравјо, на кикиритки исто и на пиперка. Али незначителна алергија, минимална реакција, освен на кикиритки е високо алергична. Да се зачуди човек на што се може да биде алергичен
Здраво мамички, со мајчино млеко како да ја подготвам? Се загрева ли млекото или како што е само да додадам од кутијава? Ние и ад пиеме ама кога веќе имам јас млеко сакам со мое да пробам
Мајчиното не се загрева директно на огин. Можеш да го ставиш под млаз топла вода, како и да е ако не е замрзнато можеш и директ со оризот да го измешаш.
Фала на одговорот, ме бунеше на кутијата само со АД има како се подготвува, ќе пробаме ќе видиме малку прв оброк ни е..
Јас го правев со мајчино на почетокот. Го загревам млекото под топла вода од бојлер, малку потопло од тоа што би му дала на бебе да пие и го ставам оризот.
Јас го имам правено со мајчино, ама можиш и со вода само и така го сакаат. Дали можам овие да ги давам? Состав: од интегрална дурум пченица и вода. Може да содржи глутен и соја.
А зошто глутен после 7ипол? јас со гриз им воведов и тоа уште на почетокот на 5ти... гризот веќе им е најнормален оброк станат, секако во комбинација со овошје..
Ама ти веќе си почнала со повеќе оброци за баткото хехе...бравос..ние уште сме само на еден... задутре сме на контрола па ќе видам дали ќе ми дадат амин и за повеќе.. фала на одговорот,интересни комбинации
Глутен ке дадам поласно ме советуваше педијатар заради дерматитот што го има. Нема правило дека ке има алергија на храна но ете така советуваат некои производ да се дадат после 6м. Јас сама да ти кажам си воведов втор оброк. Недела дена ми беше на иста килажа. На вакцина и кај педијтар може и вагата па кој ја знае колку била точна,и инстинкт мајчинскике јадеш сине уште едно оброче. Што е за право немаме ни 70гр изедено од двата но упорна сум. Секој ден попушта. Ке победам. Доколку добиваш зелено светло и бејби биф и маслинов зејтин да си конзумираат дадите. Јас неделава ке почнам прво со водата од мевцето
Да, ќе видам што ќе ми кажат во четврток..а за сега пишува пиле,зајак и мисирка... па што знам, се мислам нешто пиле или мисирка прво хммм...фала срце
Од кога да почнам со повеќе намирници во оброк.?..за сега сме на еден оброк со две намирници 6+ сме..
Jas brzo pocnav so kombiniranje so poveke namirnici. Po tri najcesto, a posle i poveke. Inaku, pilesko meso davaj samo ako imas domasno i provereno. Kupecko ne e preporuclivo.