Ти пиша и Анатх, на Перутнина пилето е добро. Знам имаа кај нас презентација една и стварно има разлика во месо. Не е made in Brazil Да додадам, мислам дека е според Halal ако не се лажам произведено.
Денес направивме 4 месеци, кога почнавте со вкусови, па и по неколку лажички?? На доење сме само, и ако може некоја да ми даде табела или што и да има како да почнам по ред има или?
Треба да има. Јас од КАМ земам, свежо. Баш на Перутнина Птуј, или Виндија, што ќе начекам. За мисиркино ова, пилешко имам домашно.
Дохрана од 4 мес само по совет на педијатар и тој би требало да ти даде упатство што и како. Ако добро напредува бебе терај со доење не ти треба дохрана. Се почнува со пробување на вкусови со 1,2,3 лаж. на ден, вториот ден зголемуваш доза и третиот колку сака. Вака правиш со првите намирници а потоа правиш миксови од веќе воведеното. Како за почеток почнуваш со зеленчук или овошје варени или готвени на пареа и тоа - морков, јаболко, круша, слива, компир, батат, кромид, пашканат, банана, авокадо...од житарки почнуваш со безглутенските - ориз, просо, пченка, киноа, амарант, тапиока....имаш убави идеи од комбинации на јадења во темата за мени на бебиња. Подоцна е глутен, јајце (посебно жолчка и посебно белка) месо и млечни производи Скоро месец дена ќе помине додека ги воведеш сите намирници што смееш на таа возраст и тамн за месец дена ќе имаш воведено еден оброк, па подоцна втор и трет оброк. ГЛедај да даваш јадење од сабајле за да видиш дали има некоја алергиска реакција бебе.
На Био космос овесни снегулки смеам да давам? Се расчитав низ темава некои имале млеко содржеле, незнам кои...
Во Рамстор има свежо рефусно на Виндија Вторник,Четврток и Сабота. Мисиркини чисти гради. Пилешко не сум дала а гледам зимаат за бебиња.
еве сега им правам, стаив да киснат малце во топла вода..па со круша ќе ги блендирам...фала ти срцка! Со што најчесто им ги даваш? @BabyT*
Вчера дадов за прв пат месо но од готовите на хип, телешко со ориз и морков. Го изеде. Јас пробав малку и ми се виде доста солено. Пишува дека нема додатна сол, но мене бааги солено ми се виде. Е сега сакам да и спремам дома, појма немам ни што треба да купам, ни колку да и ставам за проба. Се си мислам дека го изеде од што беше солено, затоа што мене не ми ги сака многу чисто зеленчуковите каши. И колку пати неделно е доволно месо за 7+?
Јас во краток период дадов месо и жолчка, и педијатарот ми рече 2 дена месо, 2 дена жолчка, 2 дена посно.
Од месо само телешко имам воведено и обично и го правам со компир, морков, пашканат малку и кромид. Не го обожава ама го јаде. Со ориз наместо компир повеќе го сака. Гледам на бебе готвач има некои рецепти со морков, батат, кромид и пилешко, па можеш и нешто такво. Да прашам каква урда давате? Исто и боранија. Немам домашна, па дали може од замрзнативе?