Освен со тиквичка, палента со кој друг зеленчук оди во комбинација? овошјето го терам ама сакав и со зеленчук, дур воведеме к.млеко, јогурт,павлака...
Од сам старт може со суви. Компот се вари, се накиснуваат, лесни се после за јадење. Не се даваат така суви.
Давав, осмина, четвртина, па пола и од денес пробав цела со банана..ама неколку часа покасно поврати обилно, сега сум во болница и ни рекоа не требало жолчка со бана
Јас не сум давала жолчка со банана никогаш. Давај по пола жолчка, ама во солени јадења. Со спанаќ, со блитва, со палента, со сирење ако нема проблем со анемија.
Нема врска комбинацијата. Веројатно и дошло тешко на желудничето од цела. Почекај некое време, па ќе пробаш пак да дадеш. Се случува кај некои деца. Јас уште давам да ја маскирам за ужина банана со праска, круша, бисквити како мус во чаша. Сам го јаде. А жолчката не се ни чувствува.
Овде ми рекоа тоа било вистинска бомба за организамот, дека не ми е паметно што давам така, памет за друг пат..сепак не е повраќањето од тоа, има некоја инфекција, која, утре ќе знаеме.
Може ли да ми кажете како правилно се воведува жолчката? На колку дена размак и дали одма се зголемува количината. @bella.s нека поминува побрзо!
Мене педијатар ми кажа постепено. Два пати неделно да давам. Тој ден кога има жолчка да нема месо. Првата недела 1/8, втората 1/4, третата 1/2 и потоа цела жолчка давав. Исто и белката постепено ја воведував.
Може некој на кого му објаснале да се приклучи кон одгатнување на реченицава? Често ја читам овде, а никако да фатам логика оти. Патем денес многу солидно јадеше. Оваа тегличка со брокула и тестенини ја измешав со пилешко, маф @AlicaInWonderland мислам дека тебе те читав дека во теглите има мала количина на месо веројатно е за вкусот, бидејќи бебињата баш и не сакаат месо. Впрочем на теглите со месо вели 50% да се измешаат со зеленчук, а на оние со зеленчук велат стави пола тегло месо. И на тој начин се јадат овие теглички.
Не е правило ама ваљда за да не им е тешко на стомакот. Никаде не можам да најдам објаснување зошто да не се дава. Кај нас на ХИП теглички само со месо не сум видела иначе. А некој погоре спомна дека биле солени - мене па ми се бљантави, а и пишува дека се без сол.
Кај мене сака манџи. Се нервирам, и спремав за појадок круша, јаболко и плазма. Одстои малку да поприми, не сакала да јаде. Денес се најади дете компир со јарешко(јанија, така ја викаме). Количински не јаде многу, ама сака месо. Уште од старт повеќе зеленчук сака отколку овошје. Се нервирам за тоа.
И да има сол си има мерки колку треба бебе да прими. Ич да не се секирате се е под контрола. Јас не можам да го смислам мирисот, а не пак да пробам. Месо ми е најсигурно во тегло за бебиња како што и кажав порано. Најконтролирана ствар е бебешка храна. Па добро е ако за тешко на стомакот Јас овде го читам редовно си велам некој њутнов закон да не е во исхрана на бебе. Оти јас апсолутно не сум помислила кога јајце, а кога месо. Или пак да ја двојам жолчката од белката (исто читам само жолчка жолчка жолчка белка не гледам).