1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    @FreeMind јајце тоа со четвртинки, третинки коа и спомнав на докторката ме погледна чудно...
    Ми рече само не одеднаш цело.
    Многу чудни совети се делат кај нас ама по нешто да имаш да се водиш...
     
    На Lolipop23, happygirl и FreeMind им се допаѓа ова.
  2. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Остај што се чудни туку секој има своја теорија и нема двајца педијатри да кажат една иста ствар у една земја од два квадрати. Многу фриленсери многу:)

    На една и рекле не свинско на другата во другата болница да бе давај оти да не, во Тетово не бе до 6 години не смее, во Прилеп до 13 години и така натаму. Како и за се се нема систем.

    Ако знае некој оти не се дава во ист ден од медицинска гледна точка нека ме тагне живо ме интересира.
     
    На Emilimi, Lolipop23, Happyinlove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Абе тешко е на стомак ти реков веќе.
    Кај нас за Велигден перат црева на токсикологија од јагнешко и јајца што ќе се прејадат...
    Ова ти е превентива.
     
    На Septemvri и FreeMind им се допаѓа ова.
  4. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    @FreeMind знаеш дека нема вакви кај нас? Хип воопшто нема теглички само месо, а на холе понекогаш имам начекано пилешко, ама и тоа не се наоѓа секогаш.
    А јас за ова зборував во темата за железо, за телешкото месо. Кај нас не се наоѓа само телешко.
    Јас не сум од Скопје, ако има некоја членка да сподели дали има вакви низ ск, ама и низ нашиот град има ептен снабдени маркети, но нема вакви ни Тинекс, Зегин....
    Ова зборам за хип и холе, друго од нашиот пазар не би ни купила
     
    На Happyinlove, FreeMind и happygirl им се допаѓа ова.
  5. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Нема на ХИП само месо ни во Скопје. На Холе пилешко и мисиркино мислам имаше во Зегин вакви.
     
    На AlicaInWonderland му/ѝ се допаѓа ова.
  6. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    7.314
    Ја читам @bella.s за жолчка и банана, ве читам и вас месо и јајце не во еден ден (иако тоа го знаев од порано) и си викам да ја зачленам свекрва ми на форумов. Сабајле и оставив кексолино со банана да и даде, ама не сакала да јаде Антонија, и и дала пола банана со цела жолчка. За ручек бев излезена и имав тегличка микс зеленчук, и реков да ја стопли под топла вода и да и ја даде ама не... она и лупнала плус телешко, за да ја држи сита. Кога си дојдов кога ми кажа, ми се крена косата, ама што имало врска, она со нејзините никогаш не водела сметка кога јајце кога месо.
    И пак ќе си кажам ве читам вас и си ја гледам беба, убаво викаат старите, најважно е Господ да ја чува...

    Инаку давав и јас жолчка со банана кога воведував по осминка и четвртинка, а пола жолчка и цела давам со спанаќ и ориз.
     
    На bella.s, paleska3, Happyinlove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    За комбинацијата банана и жолчка не знам зашто да не медицински.
    Јас не би давала зашто јас не би јадела.
    Така се водев и се водам за исхраната на детево.
     
    На Coco31, lackygirl и duffi им се допаѓа ова.
  8. *Sara*

    *Sara* Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2017
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    399
    Пол:
    Женски
    Освен кашички на хип и холе, дали има некои други кои по составот се "безбедни" да му се даваат на бебе?
     
  9. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Од ДМ нивните кашички се ок.
     
  10. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    babylove од дм имаат добар состав и верувам дека се по европски стандарди правени
     
    На *Sara* му/ѝ се допаѓа ова.
  11. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Ваљда не се сериозни со ова објаснување оти не треба во ист ден :) Помислив се зезаш.

    Мислам тоа прејадување по Велигден иде по посен период ако не се лажам два три месеци и мрсна храна. Млечните прозиводи кај бебе се уклучуваат веднаш со масленост 3,2%. Бебето во исхраната добива масло со омега 3 за ручек. Кашичките се сите до една со масло. Бебето количински јаде под мин граница да се доведе да се прејаде од месо. Потоа месо е до 40% од вкупната доза за ручек, веројатно некоја не му става свински бут со сланина да грицка. Месо е до 4 пати неделно или 2+2 со риба. Месо не се јаде секој ден. Од друга страна се става една жолчка, ама и толку не се става во зависност од порцијата ако треба да ја маскираш. Да се доведе бебе во ситуација на прејадување од месо и жолчки мора да има несовесни родители. Во оваа насока ако оди советувањето во ред. Има секакви имаат право не можеш да знаеш што ќе му даде некоја да јаде бебе на 4 месеци со уклучена исхрана по препорака на свекрва/мајка.

    Во сите други случаеви нема никаква поврзаност на погоре често користената реченица.

    Не знаев дека нема месо во теглички доле. Овде има па две тегли се мешаат за ручек и на тој начин добиваш два ручека.
     
    На Lolipop23, Happyinlove и happygirl им се допаѓа ова.
  12. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Да да, нема. Моја другарка мислеше ја зезам и на крај од Италија си донесе пола куфер пакувани каши. Баш се изненадив какви се има. Имаше дури и коњско месо во тегличка за бебе.

    Така да коа ќе идеш навака обезбеди се. Да не луташ по луѓе да бараш проверено месо па да го вариш со саати :D отишол одморот
    @FreeMind
     
    На Happyinlove, FreeMind и lackygirl им се допаѓа ова.
  13. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Абе се зезав, од тел не користам смајлиња, мислев ќе ме осетиш :rofl:
     
    На FreeMind и happygirl им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.992
    Пол:
    Женски
    Јас не гледав баш дали давам месо и јајце во ист ден, тоа само во првите месеци од дохраната, после не двоев. А банана и жолчка ни јас не би јадела, не па на дете да дадам, како што рече @TeddyGrey. Секогаш од тоа водете се, ако вие не би јаделе некоја комбинација, зошто да ја дадете на дете да јаде?
     
  15. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.509
    Допаѓања:
    144.213
    Па и јас не јадам. Ама комбинацијата не е причина за поврќање од жолчка.
    Јас реков давав за да ја маскирам, оти на друг начин не внесуваше јајце.
    Не се ни чувствува со кексот. И јас не давам чудни комбинации. Да не знае што јаде.
     
  16. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Тоа да. Ако не јаде со друго.
    Ако ја јаде жолчката со друго тогаш нема потреба од таа комбинација. Мое мислење.
     
    На Coco31 и duffi им се допаѓа ова.
  17. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Затоа што е здраво и корисно, а бебе не пробало уште вкусни поховани пилешки прсти па ќе му давам блендирано бљуткаво месо без сол :D

    Јас 80% од работите што бебе ги јаде со сласт не би ги јадела. Ама јас знам дека постои пица, дека оризот може да си го направам со кари, дека мевцето може фа биде убаво запржено или запечено, компирите со зачини, компотот со шеќер....ама бебе незнае и ќе јаде што му сервирам:D

    така да јас напротив, баш сметам дека не треба да се ориентираме според нас и нашите комбинации дека реално сме генерација што многу нездраво се храни. И ретко да иѓа некој дома што се храни а таа храна да е ептен прилагодена за бебе...
     
    На srekice, paleska3, thinkerbell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.992
    Пол:
    Женски
    Повраќањето може да биде резултат на неподнесување на комбинацијата, или неподнесување на самата жолчка. Тогаш ќе се направи пауза, па после некое време пак се пробува. Големиот син го повраќаше спанаќот, едноставно не му одговараше. После три години немаше проблеми.
    Во однос на комбинациите - знам дека мајките се очајни кога детето не јаде, би пробале секакви можни комбинации. Ама некако, самата помисла на некои од тие комбинации ме одвраќа мене, не па дете кога ќе проба.
     
  19. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.509
    Допаѓања:
    144.213
    Мене ни на крај не ми падна. Свеки еднаш му имаше направено и вика ми помина. Па продолжив и јас. Да знам дека внесува.
    Реков и јас бев со истото мислење. Па пробав да видам што давам. И навистина не се осеќа. Да имаше некој неподнослив вкус секако немаше да му давам.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.992
    Пол:
    Женски
    Јас не зборев за нездрава храна, туку за комбинации на намирници. Правиш каша од зеленчук, лупаш внатре десет различни видови зеленчуци, па ни ти тоа нема да го јадеш. До три намирници е границата, не сметајќи ги кромидот и лукот кои се користат како зачини. Побогу зошто палента би мешала со овошје? Јас така никогаш не ја давав, ја давав со зеленчук, ја варев во зеленчуков бујон или со кисело млеко, подоцна и сирење. Не зборам за пица и хамбургери и пилешки прсти. Секако и тоа ќе го јадат кога ќе немаш контрола врз тоа колку и што јадат.
     
    На mal.ecka и TeddyGrey им се допаѓа ова.