И јас ја давам жолчката со банана и овес на пример, во појадокот. Моето не јаде зеленчук со жолчка. И не знам како да ја давам во овој случај ако не е со бананата? Зеленчук јаде само ако има месо. А нели не се меша месо и жолчка во ист оброк. И јас не знам зошто не се меша. Ама во ист ден давам, насабајле жолчка а за ручек мисиркино на пример. Исто и палентата ја давам со јаболко и круша за појадок. Оти не ја јаде со кисело млеко и моцарела.
Во ред. Можда претерав со примерите. Тоа нормално никој не го дава. Него муабетот ми беше дека нема веза ние што јадеме дека как бебе може да упали се и свашта. Конкретно за комбинациите. Па и во темава има еден куп примери каде мајки на нејадачи испорбале уште какви не комбинации и упалила најлошата. Битно е да бидат нахранети и сп здрави намирници. јас палента давам за доручек со овошје. Ја обожава со јаболко. Зошто побогу да му ја скратам комбинацијава? Зашто мене лично не ми иде? Не е тоа глупаво? значи бебе ми изел доручек 200 грама, палента и јаболко, сосема легитимно и здраво за бебе, меше полно, бебе задоволно ама јас треба да му го скратам ова дека мене не ми се свиѓа палента со овошје? Глупост скроз.
Ок, ако е за тебе глупост. Со педијатар зборев за ова, не е дека од памет ми текнало, сакав и со нутриционист да разговарам, ама и онака кај нас нема добри нутриционисти. Генерално, децата може да јадат се, зависи како ќе го направите. Јас се трудев и правев комбинации како ние што би ги јаделе, се трудев да не мешам намирници кои ни сама не би ги мешала, како и да не ставам премногу намирници во еден оброк оти така се повеќе блуткави, кога се мешаат различни вкусови. Се водам од тоа дека еден ден ќе треба да јадат како нас, а ние тоа не го јадеме, па големи се шансите да одбиваат да јадат оти се навикнати на друг вкус. Секако, правете како што мислите дека треба. Јас правам како што јас сметам дека треба.
Конкретно за палентата со овошје, хип има инстант каша наменета за доручек, пченка (палента) и јаболко е. И јас палента јадам само во солена комбинација, ама еве ова го користам за доручек, а за вечера давам палента со јогурт. Малата и двете ги сака.
Нормално, секој ќе си прави како смета дека е правилно. Секоја мајка е најдобра мајка за своето дете. Јас не наметнувам мислење. Само одговорив на прашањето - ако вие не би јаделе некоја комбинација, зошто да ја дадете на дете да јаде?
Јас колку сум пребирлива со јадењето, малово само на овошје ќе треба да живее ако по мене се водам. Реално и кај возрасни има комбинации, еден ги јаде, друг не може да ги смисли. Особено ако бебе не јаде, се ќе пробаш. Мајка ми ме убедуваше банана во се да ставам на почетокот. И мене ми нема смисла да ставам банана во спанаќ, ако ако го јаде со банана а не го јаде со јогурт, ќе даваш, што ќе правиш. Не сум правела вакви комбинации, не сум морала, ама сфаќам зошто пробуваат мајкиве, колку и лудо да звучат тие комбинации.
Абе јас те знам ама велам два пати ми повтори веројатно и тоа го објаснува некој во некоја ординација не можеш да знаеш. Кај мајка ми со тегли да стасаш има да те лансира од дома Не би одела толку далеку во исхрана па макар и бебе било. Се надевам ќе стане вегетаријанец штом почне да го разбира светот. До коњ. До зајак, срна и така натаму. Претеризам прав. Спојлер Толку е грозно човештвото што немам зборови да изразам гадење. И мајка им да ја сварат ќе ја јадат. Во Камник бивш владин состав од неизживеаност и к*р од коњ да им го принесеш како специјалитет ќе го изедеа. Да бог да во грло им застанал! Не си по животните се искаравме во бременоста за куче, али јас да си кажам што ми лежи на срце
@FreeMind те читав за кашите на хип со месо само,може слика или линкче да си порачам јас онлајн? Тука многу слабо на хип ,од другите англиски фирми многу мал процент на месо а да зимам и готвам свежо не проверено,јок. Во врска со инстант кашите на хип колку време ги користите од кога ќе ги отворите? На нив пишува 3 недели ,јас сабајле на мали дадов ориз а мислам дека ја отворив пред 4 недели,да не направив беља?
Јас оризот ме советуваа тука да не го мењам и така направив. Еве 3м го користам, како ќе го истрошам за 3н.. Ништо не му е го пробувам ист е.
Ништо до сега не сум фрлила, си ги користам додека не се потрошат. Со ниедна инстант кутија не сум имала проблем, дури и после 2 месеца. Ги пробувам, не се менува вкусот. И на млекото пишува да се искористи за 3 недели, првото што го купив се расипа после скоро 4 месеца дека не го користев, претходно добро си беше.
Повели: https://shop.hipp.de/hipp-bio-huehnchenfleisch-zubereitung-125g-2212.html https://shop.hipp.de/hipp-bio-rindfleisch-zubereitung-125g-2216.html https://www.babymarkt.de/holle-bio-...MI9LX46Pzp5QIVi813Ch1tvAsHEAQYBSABEgL-VvD_BwE https://www.babymarkt.de/holle-bio-...dationId=674479c0-06f0-11ea-9825-309c2388f107 https://www.alnatura.de/de-de/alnat.../sortiment/menues/fleisch-fisch-zubereitungen
@FreeMind дилема околу месо и жолчка, двете содржат холестероло па ваљда заради тоа не се дава во ист ден Сепак се бебиња, друго објаснување немам ни јас
Мајки ај малку помош околу воведувањето на овошки кои се "неомилени". Ова е втор пат да му е киселко (конкретно варена кајсија) и после 1 ден од проба неможам да му дадам повеќе од 3-4 лажички. Дали ако немал реакција првиот ден за вториот може да му измешам со нешто што е веќе воведено пр. Банана?
Совет како да направам овошен јогурт за ужина? За две недели поаѓам на работа па сакам подојот што е измеѓу доручек и ручек да и го заменам со овошен јогурт или дајте некој друг предлог. Инаку не одбива ни АД ам сепак би сакала да си остане на мајчино насабајле, кога ќе се вратам од работа и пред спиење. Цицањето преку ноќ место да го намали Антонија го зголемува
Ме советуваа овде за јогурт/к.млеко со замрзнати вишни и банана во блендер. Се испотепа малата за него а и стварно беше превкусно. Имаш и мали готови Yogurtolino и некој слични да и мењаш да не и биде се е дно исто.