Замрзнати вишни немам, имам праска и аронија, но аронија не сум дала до сега. Да ставам пола банана и 3 зрна аронија во јогуртчето? Или банана со праска? Антонија е 8ипол месеци.
Јас давам банана/јаболко/праска/круша со кисело млеко или јогурт. Или замрзнати вишни/цреши со кисело млеко. Или пудинг на Хумана гриз со ванила. Или бисквити на ДМ Ло Бело со банана.
Оф и јас прашував за аронијата дали смеам ама не добив одговор. Ако знае некој нека пиши. Инаку би било и така ем вкусно ем добро за крвта. Можиш и со праска. Јас гледам по купечките какви комбинации прават и јас така комбинирам.
Нашите мислам дека се тука некаде,моето е 10 мес и 1 недела. Јас му давам аронија од 9 месеци,секако по препорака на педијатар. Ставам по 3 зрнца во овошните каши,најчесто за доручек.
Земав овесни снегулки на Виталиа. Досега давав на бебето овесна каша на Хип од кутија. Во што ги потопувате снегулките пред да ги измешате со овошје? Вода (топла/ладна), јогурт, кравјо млеко? И колку време треба да стојат? Бебо е 11+. Не јадам вакви работи и врска немам.
Отприлика ставаш топла вода, колку да ги облие веројатно? Со јогурт кога ги потопуваш, ги мешаш со овошје исто така?
Најмалку вода што може, за да мора малце да поџвака. Ако е потечно станува лапни голтни. Со јогурт сум мешала со овошје, ама поретко. Искача баш како овошен јогурт на вкус, ама не сакам секое јадење да и е со благ вкус. Обично за вечера давам ноќни каши од кутија, па затоа јогуртот со овес ми е промена од секојдневната вечера.
Не сум сигурна, ама мислам дека тоа е само мелен овес. Значи исто би требало да се приготвува. Може да сум грешка, не ме држи за збор.
Мене педијатар ми кажа аронија и општо сите бобинки после една година. Јас почнав да давам од 8 месеци по две зрна во овошна каша
Има замрзната во Тинекс и Кам, а свежа се наоѓа во оние продавници за здрава храна (не ми текнува како се викаат), оној во Буњаковец кој гледа на Партизанска, бар таму сум видела.
Дури незнае бебето се може да се меша кога ќе зазнае ќе почне да ти врти глава и да си јади што си сака, моето е 11+ месеци и сега почнува да си бира сам, а иначе се јадеше, секакви комбинации @happygirl прв пат кога му дадов овесни, од виталиа исто ги зедов, беше 7 или 8 месеци тогаш со вода ги натопив и ги оставив можи 1 сат да омекнат и додадов овошје,, можиш и да блендираш, со јогурт можи, па и со благо млеко и банана, како мислиш дека ќе ти јади. Е сега од нив синко имаше многу енергија јас давам на сабајле никако навечер Вчера прв пат грав му дадов, имаше за ручек свекрвами правено, незапржен бел само вегета, му дадов попара со лебче, повеќе вода од гравот и 10тина зрна, абе се изеде, со ќеф го јадеше, немаше ни проблем освен што си потпрднуваше по малку пред 2 дена јадеше јајца пржени со пиперки абе да видите како си шлапкаше се радуваше дека со нас јади седнат на маса ко голем почна веќе да сака таква храна (за големи) што многу ме радува, ќе си јади од истиот ручек што ќе биди за нас, нема да му правам посебно.
Солено ли јадење му даваш од вашето или отпосле си го посолувате? Скоро 10 ипол месеци е,досега му немам дадено солено,освен абц намазот,ама за чудо не му се свиѓаше. И јас би му давала од нашето јадење,ама тава правена без сол,па отпосле да се посолува не ми е убава. И тави кога правите за бебите ги пропржувате ли намирниците како за нас или не,и ако да со што: зејтин,путер,маслиново?
Јас ги варам 2 до 3 минути. Некаде прочитав дека подобро се искористувале така, а и на едни што ги јадев јас си пишеше да се варат. И навистина варени се прават како слузави и веднаш се меки. Потоа ги цедам од водата и ги потопувам во кисело млеко и давам. Бебе вака ги обожава. Во спротивно колку и да ги киснам не набобруваат и не се прават слузави како на овој начин и не се толку меки. Можеби грешам и си комплицирам не знам. @hello-kitty.90 сол почнав да давам после 1 г, дотогаш се правев посебно за бебе на пареа, ретко и давав да проба од нашето ако ептен беше малку солено и зачинето. И сега готвам посебно, но ако давам за бебе готвам со мн малку химелајска сол и мслиново масло и без зачини или мн малце.