Јас уште од почеток од 6,7 месеци (баш имавме дискусија тука) му ставам по малку сол ако не јадеше нешто, со малку сол јадеше, зависи некогаш сака солено некогаш не, менува, гравот беше солен, правен за големи уште малку година ќе прави, нека си јади се
Млеко, гриз, јаболко Палента со к.млеко Млеко, жита, праска Млеко, жита, банана Оризови галети со к.млеко Двопек со к.млеко К.млеко со банана и праска Бисквити, млеко и банана
Кој оброк се воведува најпрво? Доручек или ручек? Колку време после првиот воведен оброк се воведува втор?
Ај јас да прашам сега, каков несолен путер му давате на бебките. До сега давам маслиново па сакам да купам и путер ии која несолена урда и кисело млеко од која фирма? И колку пати неделно можи да давам урда и кисело млеко, до сега немам давано. Деновиве ќе воведувам
И јас давам путер президент несолен. Урда домашна несолена. А кисело млеко од бучен козјак. коа ќе воведете вечера млечно може секој ден. Всушност вечерата треба да биде млечна па давам еден ден киселп млеко, еден јогурт, еден урда, моцарела, еден млечни каши хип....и така всушност можеш доста често
Ти благодарам, сега да ги воведам млечниве па ќе воведам и вечера.. Педијатар ми рече на 7м но јас оставив за уште некој ден плус. Сега е 7ипол м па На 8м ќе воведам вечера, со цврста храна почнав на 4ипол со оброк на 5м
На сите производи пишува дека можно е да има траги од јаткасти плодови и глутен.. Просото е безглутенско.Јас давам органско од Зегин, некој што има искуство баш со ова нека ти кажи за сигурно но сепак јас мислам дека можеш
Да купам овес тогаш, сум купила семолина на хип од кутија но сега видов пишува без глутен, а целта ми беше со тоа да воведам .
Давате ли чоколино на бебушите? Ми донесоа на подарок Чоколино во прав со житарки и чоколино десерт. На нив пишува 8+, ама јас досега благо не сум и дала на Антонија. И глупо прашање има ли бебешки пудинг?