Добри се сите производи на Био Космос, јас најчесто од нив купувам. Органски се. Путер најчесто несолен на Президент. Штом ќе воведеш млечни можеш секој ден за појадок да даваш заедно со овошје. Во ручекот со месото не ставај. Со лепче. Не сум дала никогаш, ниту на син ми, ниту сега на ќере. Повеќе од 50% е шеќер, во никој случај не е за бебе, може натака после 1,5 ипол да дадеш како ужинка, како замена за оброк не. Исто и пудинзи немам давано никогаш, ама сум купувала на дечиња од Зегин, има бебешки на Хумана и на Нестле.
Чоколино купив, ич не го бендиса, маж ми го изеде. Сега давам Ванилино, со какао и банана за доручек, си го сака. Пудинг имам дадено за ужинка, на Хумана мислам беше, на подарок ми ги донесоа, после не сум купила јас. Јас не планирам да давам чоколадо во однос на благо, ама вака благички работи давам.
Лолипоп само го мешаш путерот во јадењето, или при готвење го ставаш? Глупаво прашање знам, ама купив путер и ете така ми стои, немам идеја како да го дадам
Зошто киноа и амарант ми напиша педијатар после 10м.? Давам само палента,просо и ориз од жита,и немам идеја што да давам а по 3 дена не кака. Со маки се искака пред 2 дена. Оризот мислам како и компир дополнително му отежнува,еве банана не давам. Сок од сува слива му сварив го пие и кашичка на хипп слива му дадов. Мака голема многу плачеше.
Амарантот ќе го натера на какање, цели зрна излегуваат. За омекнување на столица давај доволно вода, маслиново или путер во јадењата, овошки што протеруваат (слива, крушка, кајсија). Банана регулира столица, не прави запек. Дај му презреана, скоро црна, од тие потемнети, моиве после таква банана полнеа пелени без мака.
@Happyinlove на Антонија кога има запек и давам банана позрела со јаболче, или банана и круша. Како што кажа @Annath бананата ја регулира столицата а штом и дадам позрела поцрнета обавезно ми кака потечна кашеста столица.
Вчера малиов прв пат јадеше палента со круша, денес со јаболко и банана. Вчера ми поврати неколку пати ама си реков се прејал оти и цицаше после јадењето. Ама денеска пак поврати, прееска по малку сега и млазови. Во 12 јадеше. Дали го прејадов или од палентата има мака? Ми е страв, утре сме на вакцина.
Во врска со леб кај малишани денес не советуваа леб од компир треба да се дава. Во мкд дали има таков не знам. @Minnie 1 за месо замена ти е риба. Теглите со риба исто се прифатени кај бебињата. Ако не ти мине риба ќе даваш зеленчук богат со железо како морковот и ќе го врзеш со сок од ацерола (таа е ц бомба). Значи математиката од растенија да извадиш железо максимално е комбинација со ц витамин и растенија богати со железо. Не мора заедно можеш и после ручекот да дадеш сок да испие свежо цеден портокал може исто. Иако портокалот и лимонот и во храната се превкусни.
Да. Сок од портокал цеден и давам го бендисува. @BabyT* чим цвекло даваш не гледам оти да не биде и сок од цвекло.
@FreeMind фала ти. Периодов не сака никакво месо ни риба,а се си јадеше..Морков сака во било која комбинација,спанаќ му пометнувам во форма на палачинка или вафли. Повеќе е на овошје,житатки,јогурт. Ајде се надевам ќе му помине. Каков е тој леб од компир,имаш најдено во Де? Прати слика ако имаш.
Едека ми е во зграда они го прават во нивната пекара. Ќе земам денес ќе ти сликам картофелнброт се вика изгледа исто како рогенброт.