Еве го и нашиот ручек Компир со морков јаде со сласт се тепа по лажичето ама по малку и давам инаку само морков несака исто и само компир несака а и дадов вака како денес јаде и морков и јаболко на хип исто јадеше ама по три лажичиња само и давам сеа за сеа супер е од утре слива да и дадам нз дали да купам суви па да ги варам или готова на хип да и земам
5 meseci sme i treba da zapocneme so dohrana....pedijatarot ni kaza so jabolko i morkov... ve molam iskustvo kako da zapocneme
Апдејт за нашата состојба. Една недела пред да наполни 8 месеци. Последните 3 дена да не ја подречам почна да отвара уста ко што треба и нашето хранење заличи на вистинско хранење. Уште и давам една иста каша во текот на целиот ден, бидејќи се изнафрлав доста, па така не се нервирам толку. Сега и давам по 4 пати во денот и јаде од 30г-40г па вкупно дневно му доаѓа околу 120г-150г. Вчера за првпат ми изеде цела зеленчукова кашичка од Хип од големите 190г... не можам да ви опишам колку бев среќна. Од овошје и благи каши се уште се грози, па не и ни давам, еднаш неделно ќе пробам да не случајно се предомислила, ама не. Од зеленчук воведов речиси се, од скоро и леќа (ја бендиса), од житарки ориз, просо, палента, киноа, булгур и кускус... со лепче и воведов пченица односно глутен, жолчка од јајце цела веќе одамна и ставам, пилешко месо домашно и од Хип кашичките сум и давала телешко и јагнешко, од млечни сиренце и кисело млеко (ама не и давам секој ден оти не оди со месото, а овошје нели не сака), цитруси исто воведени, за чудо сака да лиже лимон и мандарина... Наредната недела ќе провериме дали крвната слика ни е подобрена, хемоглобниот беше 90, веќе цел месец како пие сируп за железо. Распоредот на оброците ни е ваков од прилика на неделно ниво: 2 дена пилешко месо, 2 дена жолчка, 1 ден телешко, 1 ден пилешки џигер, 1 посен ден со леќа. Морков речиси секој ден. Кромид и лук наизменично секој ден. Зеленолистест зеленчук и брокула наизменично секој ден: 1 ден спанаќ, 1 ден блитва, 1 ден брокула. Плус за структура компир, батат, карфиол, тиквичка, келераба, цвекло... си правам комбинации од она што имам моментално дома. Денес ќе дадам прокељ за првпат.
Ооо на долго и на широко убаво објаснето. Не ја читав темава претходно и не знаев кој до каде е со јадење, ама вие се сте вовеле. Ние сме 5 и пол месеци и пробавме морковче. Уста затвора, па отвара- лапнува и прди со уста, тоа морковот лета на сите страни, таа се кикоти. Со брат ѝ имав сосема друга приказна, од првото лажиче плачеше за уште (со него сега имам мака ) ајде, ќе видиме како ќе напредува нашата приказна. Наредно ни е тиквичка.
Момево досега ме изнамачи, уста не отвараше ако веруваш, ЛЕПЕНКА, 10г ако изедеше беше супер. На овошните додатно и плаче како да ја колат. Брат и беше супер, си јадеше солидно од старт, само со него повеќе се притресував и филозофирав околу воведувањето на намирници. Сега јас сум многу поспремна, ама пак малава не е.
Е и јас така со морковот ,ама вториот колку сака= не сака Сега се мислам дали да дадам.трет ден морков или да дадам ново нешто.
@Lolipop23 браво за малена Само да ти кажам која комбинација ми успеа за појадок со овошје: https://www.windeln.de/hipp-fruehst...ntent=4062300306394&selectedean=4062300306394 Ова е единственото досега што го јаде со овошје. Разгледај состав и направи дома, може ние грешиме некаде.
Оваа ја нема кај нас, ама читам главните состојки се млеко, манго и овес, баш ќе пробам, манго немам воведено може него ќе го сака.
Да ве прашам за морковот, бебо јаде секој ден по малку, во ручекот, морков во секоја манџа оди. Забележав дека на прстињата на рацете е пожолтен малку. По колку морков користите вие?
Сега скоро го коментирав ова. На вакцина ме караа дека многу морков давам, дека има во скоро секој ручек. Јас не ја имав приметено, ама докторката ми рече се познава дека е многу. Сега ставам 2-3 пати неделно по пола морков.
Морам да пишам кога сум била бебе многу сум пиела сок од морков, само тој сум го сакала, и секој ден ми давале, цела сум била портокалова ме однесле на доктор и му рекле дека е од сокот од морков.
За првото дете користев од здравје зашто има само 1%сол. Меѓутоа, сега има една продавница за млечни производи во ново лисиче (не знам од кај си), и знам таму дека има несолена па за ова бебе од таму ќе земам.
Ама да знаеш, ако земаш големи количини или ќе ја мрзнеш или ќе ја солиш. Оти ако стои во обичен фрижидер, многу брзо се расипува ако не е солена.