Цвекло како давате? Само варено? Со што го комбинирате? И за дуња исто сакав да прашам. Сакам жолчка да воведам, @Lolipop23 пак ќе те замарам, ама нашиве се тука некаде со возраст, а гледам веќе си дала. Како ја воведуваше, по осминки како што некои прават, или? И да не заборавм уште нешто. Какао какво давате? Имам кутија на хип со житарки, банана и какао, ама сакам јас да си правам.
Мене јадење не ми е без морков Ама ставам многу малку, еден морков го делам на 3 ручеци. И тиква давам ама поретко. Да не имаш многу количински ставано?
Сега за сега давај течности за да се исчисте и давај го поретко штом му влијае. Мислам дека освен бојата на кожата нема други промени од него. Некој ако знае нека пише, да се информираме.
Цвекло само варено сум давала, повкусно ми е варено. Јас јадам свежо во салата, ама додека не почне да јаде со оцет и сол не е тоа опција. Без тоа не ми се свиѓа. Ама ако бебр го сака не гледам зошто да не се дава свежо. Какао една мала лажичка во житариците насабајле со една банана. Домашна верзија од таа каша
Мајки ако имате некоја табела по која се водите за воведување намирници да споделите ќе ви бидам благодарна Гледав по нетов ама се контрадикторни ми се пример ориз негде е 4+, негде 6+. Бебчо ми е 5ипол месеци почнавме со полни 5 со пробување досега проба јаболко, круша, банана, тиква и компир му дадов а читам овде и во темата со купечки кашички компир после 6 месеци.Што друго пробавте у старт ? Пченка и ориз кога дадовте ?
После година, не е од наше поднебје. Компир и банана се 6+, а за почеток јаболко, морков, слива, тиква, тиквичка... може ориз да дадеш, за пченка (палента) почекај до 6.
Не знам како сум го пропуштила означувањето. Жолчка воведов прв ден осминка, немаше реакција, втор ден четвртина и веќе наредно цела почнав да ставам. Ова со цепкањето е тотално безвеза, освен ако детето е атопичар или има фамилијарна алергија на јајце па да треба дополнителна претпазливост. Цвекло давам варено, заедно со останатиот зеленчук, убаво иде со компир или бел батат. Какао не сум дала уште, на синко давав од ова од ДМ:
Се уште сме само на овошје, повеќе ги пие овошните каши од шише, планирав кога ќе почнеме со зеленчук да почнеме со тањирче,мислите покасно потешко ќе прифати?
Утре планирам прв пат да и спремам мисиркино? Колку е потребно да се вари? И со што го комбинирате најчесто?