Јас го варам 3,4 часа, накрај ставам кромид, морков како главни намирници и ставам компир или мороска или грашок.
На 6+ се даваат каши со лажичка.Целта е да се навикне на дохрана со лажичка.Со шишето само си ја отежнуваш работата за понатака.Биди упорна, треба многу нерви,време и трпение.
Вари го подолго да омекне скроз за да дојде пасирано. Во тавичка масло компир, морков и домат пресечи го на пола лупен и така остави го. Под фолија во релна на 220 нека покрчка. Ќе се впијат сите сокови и ќе испадне за мерак зеленчук. Секако и месото заедно сварено ќе го ставиш можеш тоа и од после како сакаш. Суви сливи како давате? Јас не јадам немам ни поим какви се на вкус и што да правам со нив.
Сувите сливи се полни со железо па од 8ми месец почнав да ставам по една во овошните каши. Премногу се благи, мое бебе затоа не ги сака, не е по благо и затоа така по една ставам за железото. Ако ги сака твојта ставај и повеќе. Ама обавезно бленидарни оти тешки се за џвакање. Јас возрасен едвај ги разџвакувам со сите заби а не бебе...
Одлично објаснето за дрво како мене Две три би требало да се доволни? Не јаде овошни каши али јаде чисто овошје и мешано со бисквити за ужина така да ќе и ги уфрлам во тоа.
Јас сувите сливи малку ги варам па ги додавам блендирани со некоја житарка. Ова на времето кога јадеше @FreeMind маслиново ли масло користиш за тавите и пропржуваш ли претходно пред да ставиш да се пече или редиш зеленчук,масло и директ во рерна? И оние каши со чоколада,ванила на Хип давате ли или не? Имав таква,со гриз,чоколадо и млеко,ај викам да пробам зошто неќе ич да јаде,ама ни таа не ја сакаше. Ај мислев дека е блага ќе ја сака,ама не. Чоколада дава некој после оброк или не?
@hello-kitty.90 директно во релна со масло. Не пржам ништо за неа. Пробав и јас од тие тегли со чоколадо и ванила тоа е уствари пудинг али не ги сака. Чоколадо не давам додека се може. Штом му отвориш прозор кон вкусни ствари тек тогаш ништо нема да ти јаде. Му даваш као десерт оти многу 13 грама изел? Јас со судни маки ручек и давам. Толку стана пребирлива чудо едно. Само ноќните ги јаде за мерак и ужина. Појадок и ручек ми се прав хорор.
Да се пријавам и јас дека уште не јадиме, да не не мислите. @FreeMind сите оброци ми се пекол и хаос. И давам тенџере со тоа што јади и лажица голема и оди малтери по се, а јас користам шанса да пикнам некое лажиче додека се анимира. @hello-kitty.90 мојава не ги сака чоколадните каши, па мислев нема да сака ни чоколадо, ама се излажав. Мм на роденденот прв пат и даде животинско и не беше баш воодушевена, но потоа штом види чоколадо бара. Дури во Веро покажуваше со прст и викаше ууу по чоколадите. Па еден грк мислеше дека сме скржави и не му купуваме на бебе чоколадо и со трчање по нас и даде киндер. Сега еднаш на неколку дена, ако јадела убво и давам од оние малецките по 1 коцка пакувани Банат што се. Доста и е. И онака половина го мачка по се.
Бш вкусно ми изгледа, ќе пробам да го направам. Купувате некои специјални суви сливи или може било кои? Имам уште малку замрзнати свежи па да купам и јас суви.
Аууу, касно гледам. Здраво комшике Не знам од која страна си, али ова е зад лиса центарот, во истата зграда со памук пале ако знаеш каде е.
@FreeMind и се бендиса рецептот со мисиркино, само што наместо домат и ставив тиквичка, уште и немам воведено домат. Целото си го изеде
И моево не ги сака тие пудинзите, еднаш му дадов од ванила не сакаше, а животинско јаде секој ден по 1 Сака само супи, чорби, манџи да јади, сега се така потечно му правиме, со малку лебче. Гризот не го сака веќе 3 недели не му давам, овошје се помалку сака, општо не сака многу благо повеќе е по зеленчук и по солено.
Дали му даваш од вашите манџи и што зачини користиш. Сакам да почнам да и давам од нашето, секако не ставам запршки, но дтавам пипер, црн пипер и магдонс, па ми е страв да не и пречи.
Некогаш да некогаш не, сега скоро прв пат грав му дадов од "нашиот ручек" бел незапржен, др што става свекрва ми незнам вегета сигурно, бибер и др незнам (јас не смеам да јадам грав иако мн го сакам, ама многу ме боли стомак, а сега и жолчката ме боли од него дури и доктор ми го забрани) синко цело го изеде со мерак и сласт, немаше мака со мешето, освен што потпрднуваше Мајка ми му прави скоро секој ден супа домашна со петле, уствати како чорбичка, му става компир, морков и просо внатре, но бибер не, ова го јадат и тие но ако сакаат си тураат бибер во нивите тањири. Така да и ова е за големи ручек или предручек. Др што му имам даено од наш ручек е пире. Исто и компири печени во рерна. Најново од завчера, лижи лимон, ниту се скисли ниту ништо, ние се зачудивме сите, јас неможам ни да лизнам, цела се скислувам, овај си лижи без никаква гримаса на лицето. Сега ќе почнаж и со мандарини, досега цитрусни овошја не му имам даено.
@Makedonka007 да не луташ по темите овде може да најдеш објаснување. Повели и македонски прирачник води се по него со воведување храна: https://www.healthrights.mk/pdf/Vesti/Makedonski/2013/03.2013/Прирачник за правилна исхрана на доенчиња и мали деца.pdf