И мене ме интересира истово,колку сол се става после годинка,кој е ставот на докторите во врска со пропржувањето зеленчук,ставање сол,давање умерени количини благо ( не само чоколада,пр.мафини или било што што има шеќер)? Како да се продолжи со исхрана откако детето ќе почне убаво да јаде и да има комплетни оброци? Колку е добро да јаде од храната подготвена за возрасните? @FreeMind ти сигурно имаш сознанија и конкретни препораки од таму те молам сподели со нас! И со алуминиумска фолија ли печеш? Дека нели велеа штетно е со алуминиумска? Како планираш да продолжиш со храна после годинка? Секако и други кои имате сознанија може да споделите.
Не сум засега информирана околу ова прашање што понатаму. Ќе прашувам на следниот преглед кој е во Јануари заедно со вакцината за морбили. За шеќер знам дека нема да и давам бидејќи ни самата не јадам. Ќе јаде овошје или кашичките на хип како пудинг што се или сутлијач без шеќер додека се може. Овде во градинка не е дозволено шеќер да се испраќа на дете за ужина така да ќе си јаде овошје и зеленчук долго време. За сол сигурно дека има потреба од сол и јод поради правилна функција на тироидна жлезда. Е сега дозата за од една година не ја знам треба да пребарам. Но сигурно дека треба да јаде сол. Со алумиуиумска печам кога печам. Не знам поинаку како се пече ако треба да го завиткам добро, постои и нешто друго? Немам поим ако знае некој нека ме посоветува. Кога не треба да го подвиткам му ставам хартија за печење од горе ако е тесто на пример. Од десети месец полека ќе почнам со зачини кои јас ги употребувам во исхрана. Засега е на фингер фуд и одлично и оди голтање мислам дека е спремна полека да учи да држи лажица. Со тоа ќе си играме следни месеци. Денес на пример готвам боранија за сите. Со магдонос од зачини и без сол. За неа ќе остане без сол за нас ќе дотурам вегета. Од теста и мафини веќе и давам бидејќи одговара комплетно за неа. Само сирење ќе јаде овчко, ние кравјо. Салами и слични ствари како виршли и паштети во овој живот јас не би и ставила да јаде. Тоа ако некој и даде надвор нека проба. Сеуште ми е кошмар дохранава. Денес нерви искинав за појадок и така гладна ја однесов во групата за лазење. Седевме еден саат и нормално и се пријаде па изеде се за ручек. Не знам дали не ми е гладно детево или е толку многу пребирлива. Многу е тешко и нервозно, спремам пола саат и чистам по неа и еден саат се обидувам едни 50 грама да ја наранам. И сеуште со 10 комбинации на маса. Таман ќе се оправи два три дена и пак назад на нула. Болка ми е хранава не зборам за неа.
Сакам со моето млеко да му ја напаравам кашата со ириз од Hipp. Дали има смисла тоа? Како да го загреам млекото да не изгуби од својот квалитет а да биде доволно топло? Фала ви
Не се загрева млекото. Направи ја кашата погуста со топла вода, и разреди ја со додавање на измолзеното млеко.
За две недели ќе правиме 7+.имаме две долни забчиња и горе 2 во зародиш. Денес купив Hipp бисквити со надеж да го залажам да нешто смука дури ние јадеме. Само што го зема во уста и го преполови-се извадив од памет. Потоа пробав со плазма, иста песна. И целата сум во прашалници како другите деца си ги смукаат бисквитчињата по пола саат само моето ги јаде одма?! Да му дадам ли корка леб?
Некои витамини на пр. се раствораат само во масти/масло и затоа е пропржувањето на зеленчук. Мислам дека беше вит А и бета каротен ако не се лажам кои ќе се апсорбираат во телото само доколку има масло. Ако несакате со обичен зејтин можете да пропржувате со путер или маслиново масло кое е за таа намена (има маслиновно за пржење). Сол веќе е јасно зошто е потребен и е потребно умерено да се соли. Е сега прстофат сол на која количина храна и каков сол е личен избор. Од зачини, бибер не, но вегета да. Вегета народски кажана но не онаа во плаво паковање на Подравка мислам дека беше туку онаа во сребрена фолија на неа пишува ,,сушен зеленчук,, затоа што таа нема сол (ептен мала количина) во неа и навистина е составена од сушен зеленчук. 1/4 лажиче за кафе е доволно за оброк на дете. Оваа вегета ја има по оние за здрава храна и во поголеми маркети. Шеќер ?!? Ок, јас давав да пробува не да не, но едноставно добиваше екстра енергија па веднаш лупнав рестрикции . Доколку сакате да давате благо исклучиво одсабајле немојте за вечера гадно ќе се зезнете зошто дома ќе ви се појави ,,зверче,, (екстра енергија која нема да знае како да ја потроши, а за да заспие ќе биде научна фантастика). Ова е моето искуство од првото дете Јас баш вчера за да јадам на раат му дадов корка леб. Ја лижеше, смукаше, грицкаше, гњавеше по рацете и тоа што му остана во раце не сакаше да ми го даде . Оние Лобело бисквити ги лизна и фрли (и мене ми се грозни) а овие на Хип (овие ми се допаѓаат) му ги потопувам во вода и со некоја каша ги јаде а вака чисто да му дадам да грицка несум сеуште. Не му се плашам јас дека ќе загризе парче и ќе се задави туку да не му направм лоша навика на грицкање меѓу оброци зошто нели сеуште се мали за ужинка па потоа да не сака да јаде оброк. Давај корка лебче или овошје. Јас знам и банана, круша да му дадам така во хранилка за да јадам јас на раат. Прво тој ги пасира на хранилката па си ги лиже прстите . Нешто става во уста, жив циркус..но така се учат
Ќе Ве молам да ми дадете идеа за вечера за 15 месечно дете значи да џвака, не каша туку лепче и со што... Што би можела да давам како вечера.
Лебче, сиренце, чајче Лебче со путер, лебче со АБЦ сир, чај Млеко со бисквити, какао Тост со кашкавал Тарана или просо со сиренце Пченкарни снегулки со јогурт... Имаш многу идеи во темата Дете, таму има тема за дневно мени (доручек, ручек, вечера, ужинки) на деца
Се пресмеав со благото и спиењето. Мала ја имав скоро заспано, дојде мм и јадеше чоколадо. Посегна и таа по чоколадото и и даде да лизне. Еве од 1/3 коцка уште не спие и беснее. Го убедив мм дека е мн штетно чоколадото веќе никогаш да не и дава. Се надевам последен пат ќе му е
@FreeMind абе можно ли е да е мангото магичната состојка или бебево ми пројаде овошје??? Прв пат дадов ваква од сабајле и си изеде 1/3 без да плаче и плука.
Можно е да дава некој добар вкус. Пробај и со грозје тегличка и таа ја јаде, има грозје јаболко и житарица така нешто.
Кајгана Лебче со јајце пржено на путер Тарана со сиренце или к.млеко Супичка или чорба некоја со лебче дробена Палачинки обични или со спанаќ Проја
Како да го научам бебо да јаде со прсти, да ја носи храната до уста сам? 11+ е, уште на блендирано/пасирано. Од парчиња јаде само бисквити ама од моја рака, тој си игра со нив и не ги носи до устата. Не знам како да го осамостојам со ова јадењево. Има само 2 долни единици инаку.
Мислам дека да јадете заедно би помогнало. Да те гледа постојано како ти ја носиш храната во уста. Барем кај мене оваа техника помага за се што сакам да го научам. Што и да ме гледа ќе пробува да ме имитира. јас сега го учам да ме храни мене, да носи храна да дава на друг. Му ја придвижувам раката со храна кон моја уста и така силно му правам “ам” или ќе го грицнам и тој се смее на глас, му е интересно и пробува пак. Така низ игра ќе му најдеш начин што ќе упали
Фри надвор од темава, ќе ја прими морбили во јануари? И нас ни закажаа за тогаш преглед и вакцината ама ми е рано некако, сакам да ја одложам, и башка 10 дена пред роденден ни е.. Знаеш како иде тоа тука, дали воопшто можам да одложам?