Ич не следиш светски трендови Па месо со овошје ти е деликатес во сите поексклузивни ресторани Свинско со јаболка, пилешко со портокал, салата со пршута и смокви.... ај да не претеруваме и осудуваме, коа бебе не јаде и на глава ќе стоиш. Колку примери сме прочитале каде бебе не јаде ич па мајката во обид да му подметне нешто на врв на лажица ќе стави парченце банана и така ќе го прелаже. И еден куп слични примери или еден куп луди комбинации во обид да најдеш што бебе ќе бендиса....
И нема ништо страшно ако бебето ја јаде комбинацијата. Ако тоа е единствен начин да јадат месо. Со тек на време ќе пројадат. И кај мене малата сака благ вкус, па зеленчукот и го камуфлирам со тиква или батат.Битно ми е да јаде.
така еееее...и ќе им ставам да знаете Абе зошто снаа и свекрва, ние сме колешки по близначка линија, башка од иста населба, и ќе се видиме кад тад Супер е Гагичот, топ совети си разменуваме
јок, и затоа побарав совет од вас, зашто и јас не сакам така да им давам, ама секако не им давам со сила, само со блаткаст вкус јадат комбимации месо со зеленчук а да нема батат...тоа е... на почеток сме уште, здравје понатаму може ќе сменат..
Имам неколку прашања ве молам за помош дали сувите кајсии треба да се сварат да омекнат? Какви овесни давате на вашите бебиња и од кога воведовте леќа и грашок? Ви благодарам
Ја немав читано темата некое време. Нерви кинам со оброците од 3 до 5лажици и, дај млеко,. Мислам дека на @lackygirl и мојата се изнајадија на домати. @milааа991 почнувај со зачини малку од малку. Да не не ти јаде па оти и е бљуткаво јадењето,без зачини. @Emma2 ставај, учи ги со кромид и лук. И јас обавезно ставам и лукче по едно чешне(чешле, главче) како ли го викаат. Цвеклото на поситно бидејќи подолго време му треба. Јас денес го изрендав, му ставив малку превриена вода да одстои, како сокче си го испи и 4-5капки лимон. @FreeMind почна ли со портокал, мандарина, кива?
@LoveHope да од 8+ и дадов сок цеден од портокал и лимон во храна. Кива не сум видела да купам, а мандарини благи сеуште немам најдено да и дадам.
Probaj so kromidce. @FreeMind kako sto ti kaza edno trkalce , em za imunitet em povkusno ke bide i edno malo lukce. Paskanatot isto dava vkus ubav. Ke se naviknat, zivi zdravi da se samo
Кајсиите се варат. Овесни купувам органски овесни трици на Биокосмос. Грашок и леќа воведив некаде 7ипол месеци. Леќата црвена да биде.
Пола или цела лажичка путер, не мора ако има месо, ама бидејќи се работи за немрсно месо, тогаш убаво е да има некаква маснотија, може наместо путер маслиново масло. Секако дека може да јаде млечен производ за вечера, небитно што имало месо за ручек. Млечните производи и за доручек и за вечера, некогаш и за ужинка, зависи од детето. Со 8+ зависи што си вовела досега, ама може грашок, леќа, боранија, пиперка, домат, јаце ако немаш воведено крајно време е да почнеш, цвекло, блитва, спанаќ исто ако немаш дадено, модар патлиџан.
Ти благодарам многу на исцрпниот одговор, за доручек до сега давав житарици со овошје значи сега ќе можи некогаш да давам и к. Млеко Од се што ми наведи немам ништо воведено, значи сега ќе почнам да воведувам прво млечни па зеленчукот што ми го наведи па на крај јајце, нахнадно ќе прашам за тоа.. Фала уште еднаш, сега ќе имам избор зошто иначе многу ми беше едноличен ручекот со зеленчук Грашакот дали да го лупам откако ќе го сварам, и како ја приготвување боранијата, јас не јадам па немам правено
Жолчка давај ако немаш даено, пробај прво малку, мора да внесува повеќе калории, 8 месеци ако е таман е, јас на синко од 6 му дадов жолчка на 8 веќе и белка и риба му воведов Путер (президент) пола лажичка ставам во палента, во просо, во гриз...а во зеленчук уште од 6 месеци ставам маслиново масло.
Ти благодарам многу,ќе почнам од денес да им давам...денес мислев и мевце ново да воведам... пашканатот сварен или жив? бидејќи сварен малце ко без вкус ми е ама па морков им варам редовно така да...
Маслиново ставам и јас од 6ипол месеци а сега почнав и јас президент путер. Во понеделник прави беба 8месеци.Од денес воведувам к. млеко и потоа продолжувам со ред со се, можеби малце доцнам. Дали уште да воведувам се по 3 дена?