Здраво мајки сега додека ја доев малата размислував @srekice и другите кои пишувате дали имате забележано кога ги раните со лигафчиња да ги лапаат они нели пере и се со прашок омекнувач можеби од тоа ви покажуваат на лицето бидејќи е понежна кожата, пробајте перено и со вода пак исплавите ги убаво и дај те ја храната еве во твојот случај морковот разреди и го со мајчино или ад... Можеби глупо е пишаново ама некако ако можам сакам да помогнам Инаку мм кога ја гњави малава ако ја допира со брадата и се појавува црвено и го снемува за саат време Јас има и проблем значи со каков и да е омекнувач ако ставам на прслукот јас се нафрлувам одма а на долниот веш не ми смета
Не користам омекнивач, само прашок и тоа персил бејби сензитив. Лигавче не ставам, бришам со мокри туфери. Денес дадов компир, ок е за сега. Ке почекам па ке пробам пак со морков. Фала сепак што сакаш да помогнеш. @cinderella5 сега читам, ист проблем имаме во ист ден дадовме. Осетливи се на морков, прави пауза па дај пак. Ја и готова каша ке купам да видам баш.
Наздравје нека ви е ете чим си дала компирче можеш во компирче то да додадеш морков не мн за почеток 3-4тркалца
Ние сега почнавме пред некој ден. Бебе требаше денес пак тиква, абе не отвара уста. Почекав малку, отворив кашика хип брокула, бебе среќно, се налапа убаво. Благо не ми поминува до сега.
Денес јаболко му дадов, прво се гадеше после си лапкаше. Печено му изгребав малку и од сокот што го пушти му го изгмечив стана каша. Утре пак па батат 2 дена, 2 дена банана ... итн. Ти како планираш да даваш?
Антонија вчера за ручек јадела боранија, тиквица, кромид, компир и телешко со маслиново. Кога си дојдов од работа приметив црвени обравчиња со по некое брунче и 10 ситни брунчиња на брадата. Ја прашав свекрва ми, ми кажа дека не приметила кога и се појавиле и најверојатно и е од што лапа играчки и што цел ден е со рацете во уста. Се искака и кога и сменив памперс приметив дека беше нафрлана ситни црвени брунчиња од крајот на дундето накај анусот и во прегибот кај големата усна со препонот. Одма ми текна дека прв пат проба боранија и наместо малку колку за вкус свекрва ми и дала повеќе и доминирала во оброкот. Можно ли е освен тоа што се нафрли на обравчињата и брадата да се нафрлала и во пеленска регија од изметот?
Probaj so brokula, kiselo mlekce, jabolce, kruska, tikvicka...nezz sto da pisam drugo...vo zavisnost od toa sto ti jadat bebuskite
За пеленската регија да не била подолго држена во иста пелена? Сега со дијареата кај моево се појави истото иако во секундата и менувам. Педијатарот рече често менување за да се надмине проблемот. Самиот измет го создава тој проблем. Алергија на боранија исто прв пат слушам.
Јаболката/слива/круша... ги печете/варите ли? Сакам да воведам по препорака на педијатар, но ме збуни кога рече свежи да ги давам.
Ја зачитав темава со цел да се припремам со идеи за почеток на прихрана за бебчо. Ќе ја цитирам @Annath бидејќи многу убаво има објаснувсно низ странициве. Прашањето ми е бидејќи сме на доење а планирам барем до 10 тина месеци да го дојам (здравје ќе видиме како ќе се одвива јас би и подолго) па ме интересира ко ќе дојде време да се даваат млечни каши т.е оние кои се даваат со млеко какво млеко би можела да давам? Дали може мајчиното млеко да се искористи за некоја од млечните каши? Ваше искуство?
Со вода ги правев јас, ама ваљда може и со мајчино млеко. После година почнав да користам кравјо за варење на палента и гриз. Толку од такви каши, од кутија не давав долго време, не ми ги сакаа.
Гриз и палента со кравјо млеко се подготвуваат исто како со водата? Во зовриено млеко се ставаат и се варат додека згуснат?
Јас лкомпир сега давам. Сакам прво со зеленчук да поминам. После со овошје. Кажи ми, круша и јаболка даваш свежи или кашичка купуваш.
Некој рецепт за мафинки за малата? Мала количина за појадок и сл. Не ми се јасни количината јајца брашно пециво млеко вода кисело млеко и тако даље..