Во ладно млеко ги растворам, пред да зоврие на оган и после само мешам да се згусне. Немам грутки така.
Печени и ги правам како каша со водата што ја пуштаат. Денес беше баш печена јаболката и си изеде се. Компир ти варен па како пире даваш?
Здраво од нас Денес брокула на менито Ја затоплив како што пишуваше касна 5-6л и доста и е за денес и дадов на хип готова, а за утре ке и ставам и морков че.. Инаку тие што се близу ТУШ има акција кашички на хип за 5 и 6 месеци од месо од големите теглички
Пиперка од кога беше? Правам скопска манџа така ја викаме тука печев капија(ајварки) и оставив свежи а не се прскани никако еднаш само ги прскале кога бил мал коренот и толку, сакам да ги исецкам и да ги замрзнам
Сакам да прашам мамички,пред да воведете дохрана се констатиравте со педијатар,добивте препорака кога да започнете или самоиницијативно воведовте? Јас сметам дека колку порано се почне со дохрана толку полесно бебето ќе прифати да јаде. Е сега фала богу тоа да не е прерано. Вчера од патронажна ми рекоа да чекам барем до 6-7 месеци ама ако чекам дотогаш кога ли ќе почнам со намирници кои се даваат тој период? На годината??...
Јас почнав на 4м полни ама секој за себе, значи ка имаше дуплира о родилната тежина се роди 4кг а 8беше кога почнавме, се загледува по храна кога јадиме у очи не гледа и у масата се тегне по неа нашата педијатарка не ни знае дека и давам кашички бидејќи пред 8г она ме советуваше сок и кашички од 4м а сега ми кажува до 6м да доам само, ако ми е трето дете некои работи не ми се јасни и прашувам.. Поздрав
за гриз знам дека се прави со млеко за со вода не сум чула да се прави. И друго да прашам. Компоти од кога може да се даваат И трето... спанаќ во смути со што би можела да комбинирам?
Можеш ако имаш мајчино со тоа даа ги правиш кашичките, уште поубаво. Компоти јас не планирам да давам. Има шеќери што се користи како конзерванс. Овошјата ги замрзнував и планирам да ги варам и водичката како сокче, а овошката во каша да ја давам. Спанаќ можеш со се што има жолта боја. Зелените работи одат со жолти, и црвените со жолти. Зелени и црвени не се мешаат.
Јаа гриз и со вода и правев на почетокот. Компоти со шеќер немој, мислам дека многу шеќер се става. Без шеќер ако се можеш да ги ставаш во каша. Спанаќот за почеток не го давај свеж. Малце обвари го. Можеш во се, најубаво со нешто што бебче го сака да го јаде.
многу често ги мено тие "правила" јас со првото се констатирав со педијатар понекогаш ама правев онака како што мислев ,според следењето на бебето. Ама бевме на АД млеко и пред да наполниме 4 месеци млекото почна послабо да го пие па така самоиницијативно почнав со јаболко морков банана потоа продолжив со консултации со педијатар. Сега сме на доење и затоа малку ми е нејасно дали да почнам од 4 месеци или од 5 зашто 6 веќе е доцна,од 7ми мислам и со месо се почнува а ќе имам само еден месец да учам да јаде и овошје и зеленчук
@ocicka2014 @TeddyGrey се мислев најпрво за компот од суви сливи кои и ние често го консумираме а се препорачува за полесна функција на цревата и полесно празнење. Нели тој се прави со варење и шеќер се става по желба. Околу спанаќот сум слушала дека најдобро е подварен. Со морков мислам можеше
Денес проба јаболко. Одвај три лажички. Се мршти, мила на мајка, изгледа е по зеленчукот Блитва давате ли? Ми личи не хигиенска, кој знае кај расте може спанаќ замена за блитва? Знам дека е во фолија одгледуван
Да блитва после 6 месеци дадов мислам мн ја сакаше, со ориз, морков. Нашата беше домашна од двор, ќе ја измиеш убаво, плус се вари, ако гледаш така ништо не давај.
Ќерка ми беше само на доење и јас на своја иницијатива почнав со дохрана на точно 4 месеца. За многу работи се консултирам со педијатар, за ова конкретно сама си одлучив според се што истражував. И јас сум за тоа дека се што порано се воведува бебето полесно го прифаќа, особено зошто јас и маж ми сме нејадачи, па очекував мака со бебето. 10ипол месеца има, сеуште нема изедено 200 грама во еден оброк. И мило ми е што рано почнав. Ама секој за своето дете треба да си види, не се сите деца исти.
Денес бев на контрола си закажав и термин на ортопед и прашав за дохрана педијатарот ми рече дека можам да давам да проба вкусови од 4ти месец. Тоа ни иде за 1 недела. Да не биде ептен самоиницијативно да давам. Ми рече да почнам со јаболко морков круша и банана. Бананата ќе ја оставам за на крај како последна намирница бидејќи може да предизвика запек нели. Е сега за крушата мајка ми вели да внимавам бидејќи пролив предизвикува. Морковот се знае варен и пасиран а за јаболчето да прашам подвстено или свежо? Што мислите вие? Е сега наидов и на листа на намирници на апликацијата бебе готвач. До 6ти месец се надевам ќе ги воведеме сите од листава колку е веродостојна не знам ама со прибирање на информации и совети ќе оформат свој "календар" на исхрсна
П не ти се сите за до 6 месеци, на пример киноа, амарант, компир, сладок компир, кромид, брокула, карфиол, банана, пашканат, праска, кајсија, нектарина се дава со полни 6 месеци, на помало баш и не. Овошје свежо давав секогаш, крушата не само пролив, туку грчеви прави. На готвачов се напишани 6+ дека се намирнициве. А тебе ако ти се брза, што да речам, почни.