Просо и овесни снегулки несака ако има парченце се мршти, дали може овесниве да ги ставам на крај ако варам нешто и да ги варам и нив? Друго.. Синоќа и дадов кашичка кај 7 ипол заспа кај 11 и стана дури во 5за цицање дали да пробам со ноќни кашички Има на хип за 5м ноќна или да не брзам!? Инаку навечер станува 4пати некогаш и повеќе и цица не е само колку да чепне... Поздрав девојки
https://pedijatar.mk/pochnavte-so-dohrana-na-bebeto-ova-se-dobitni-kombinatsii-na-kashichki/ еве уште нешто корисно за дохрана
Па ти и онака се' имаш дадено, не ти прави разлика дали кашата е за пет или за десет месеци. Го префорсира малото, му го оптерети желудничето, и ти спиело оти тие каши не се за желудник на петмесечно бебе и треба подолго време да се сварат во стомакот.
Низ форуми наидов на една ваква информација Ладното знам се користи само за прелив,салати,каша но со него не се пече,пржи ,вари може да биде токсично.Не трпи термичка обработка.Дали покрај ладното има и друго незнам никогаш не сум побарала Дали е точно? И уште да прашам компир во 5 ти месец се даваше?
Можиш да ги вариш. Само мислам дека ти е рано за глутен на 5м. И да даваш навечер не значи дека ќе ти спие може само уште повеќе да ти плаче ако и е тешко на меше. Значи прво воведи цел оброк појадок на 6м, па на 7м ручек и 8м вечера. Ова моја препорака ти како си сакаш.
Зошто ти се ноќни каши доволен му е еден оброк. Ние од 5м почнавме со пробување вкусови, сега сме полни 7м па уште сме на 1 оброк, доручек.. И јас станувам неколку пати навечер за доење па воопшто не ми е тешко колку сака си цица. Кај и да е ручек треба да воведам, а вечера дури после 2 месеци. Не ти треба ни просо, ни овесни јас уште ништо од тоа немам дадено, првиот месец само овошје или зеленчук комбинирани.
утре правиме 4 месеци и почнав со јаболче,од понеделник другото што го набројав,да не се сватиме погрешно мислам давам само по 2-3 лажички наутро пред да цица. Така неделава беше ама давам секоја втора ден. Нели,во фаза на пробување сме а не да давам интензивно. Нема промена во столицата ни во апетитот ни па некоја реакција даде. Инаку додека тиквата стигне на ред може и 5ти месец да не фати. мене па педијатарот ми кажа за бананата дека можам сега да ја дадам ете неа ќе ја оставам за последна од овој месец. Компир од кога смееше?? Искрено читам тука,е сега не знам може ќе речете оваа не знае што прави... Сакам до 6 месеци да е на цицање зашто ако зајаде ќе намали со цицање. Ама исто така од сега (4ти месец) па до 6ти сакам да давам само по лажичка-две од намирници чисто колку да вкуси а не да сменувам подој за оброк.
Компир и банана се 6+. И мене педијатар ми кажуваше кога која намирница да ја давам, стара школа педијатар. Значи во иста група со овие што тврдат дека може дохрана од 3 или 4 месеци, таа од секогаш беше против тие правила. Нејзино мото е да се следи детето, растот и развојот, а не сите по ист калап да се гледаат. Таа ми кажа дека први намирници за дохрана се јаболко, морков, слива, тиква, тиквичка, без разлика кога се почнува, а компир и банана со наполнети 6 месеци, житарки исто.
значи место банана и компир кон крај на 4ти и почеток на 5ти да воведам слива и тиквичка (ако се мисли на оние долгнавести зелени ) и уште за оризот да прашам. Од сите житарици имам читано дека оризот најпрво се дава а според табела од ringeraja.mk се почнува од 5ти месец. На првото дете знам дека некаде крај на 4ти му зададов демек за подобро варење на храната,тоа беше на АД млеко не цицаше и многу крена на килажа па морав порано да менувам оброк од млеко со оброк од цврста храна. Па сега за ова кое ми е на доење ми пропаѓа "старото мени" затоа сакам да се информирам подобро
Да, тие се тиквички. Ориз и јас сум давала... ама кај првото почнав рано, оти не качуваше на килажа, а беше на доење плус ад млеко. А со малово почнав покасно. Е големиот јадеше без проблем од старт до кај 4 години, малово беше нејадач на почеток. Сега е обратно.
Еве лепотици денес колку изеде тиква и јаболко печени, пробав пола само да и дадам плачеше по чиничето, инаку имаме запче сега ја приметив на лажичката
Дуња од кој месец е ? Имаме домашни па ако не ни е рано би дала, по некои сајтови читам од 6 ама па за други намирници како жолчка и пилешко и телешко исто имат ставено од 6. И јас би сакала табела ако некој има да прикачи
Исто за компир и банана и мене ме советуваше да дадам 6+ бидејќи содржат целулоза повејќе и може да им прави проблем на мешето,дури бананата да е варена да не биде свежа првите неколку дена кога се воведува. Не сум жена што проповедува доење и само доење,но на 3 и пол 4 месечно бебе е жалнно да се оптеретува желудникот и да се оптеретуваат цревата. Мало е. Ќе јаде цел живот,и ке научи и да голта и да џвака. Јас единствено што не се плашам е тоа што не ми покажува интерес за храна,го гледам свежо изгледа,полни пелени крева килажа што повејќе. 6 месеци почна со пробување 8 за некој ден па јаде по 50мл,нејќе буквално се гади и да ја допре храната. Но ке помине. Ке почне да јаде и сигурно и диети ке држи здравје за 16-17 години. Понеделник баш сме на педијатар ке видам и кс и дали да воведувам алергени.
Ааа ми се свиѓа идејава. Да проба тиква и ке и правам обавезно. Инаку денес дадов пашканат да проба. Која проба, ко смок го шмукна. Кој друг зеленчук смеам да давам, бидејќи очигледно несака овошје. Уште слива и круша да пробам. Неможам на компир, блитва и пашканат да ја држам