@LoveHope и мене ми е грозно авокадото. Му давам еднаш во 10 дена во комбинација со банана и овесни. Јогурт со банана, со праски од компот, кајсии, со круша.. со било кое овошје.
Ќе те излажам ако ти кажам дека било што сум добила совет од педијатар. Само дигат раменици. На тестовите од лабараторија пишеше со што може замена па од таму се 'советував'. Ама еве штом велиш дека не е добро јас би го сменила. Дали има некоја добра фирма со козјо производи? Сите комбинации што не сака да ги јаде со кисело млеко ми минат, некако ми е за секој случај, сигурна варијанта.
Види, јас нема да ти кажам да прекинеш штом веќе си почнала. Знам дека имате историја со дерматит, па и млечен производ е. Ама дека премногу масти има...помала количина давај.
Мајки, ми треба помош околу воведување на храна. Синко денес влегува во 2-ра недела од 6-ти месец. Веќе му воведов тиквичка, карфиол, брокула, морков, компир и благ компир за ручек, и сега почнав со јаболка за доручек, следни ми се круша, слива, банана и тиква. Сакав да ве прашам дали вие дававте уште нешто во овој период? И кога воведувате нов зеленчук или овошје, како давате - по една-две лажички? После кога се прават комбинации, треба ли на нешто да се внимава, да не не е пожелно некои комбинации да се прават? Просо, овес кога дававте и како комбиниравте?
Од мене уште едно прашање. Што е подобро да се даде после вкусување на овошје - вода или мајчино млеко? Ќе му дојде како оброк ако дадам малку вкусување на овошје па потоа да цица уште малку
Едни од подобрите се на Збрегов и Олимпис (грчки се) еве сл. Спојлер: олимпис Има и други некои приватни фирми што имаат производи од козјо ама мене не ми се допаѓаат, овие на Олимпис ми се најубави. На Олимпис имаш и кисело млеко кое ми се допаѓа. Јас ги земам од Веро а ги има и во поголеми Тинекси и Кит-го (стар Туш маркет). Во Зегин има органско козјо млеко на Холе ама не сум земала, баш прашував тука дали некој земал и да каже искуства ама изгледа никој. Сакав јас од тоа на Холе да правам домашна урда да видам како ќе биде ама сеуште несум (сега сум во фаза на воведување на млечни производи - кравјо, козјо....) Од Систина ми имаат кажано дека козјото млеко е најблиску до мајчиното млеко и ме советуваа додека дојам ако пијам млеко да пијам козјо а исто така се препорачува и на бебињата. Млечните каши сега му ги правам со АД млеко ама би го вовела и козјото (само за подготовка, не за пиење) млеко. Овчото е јако млеко и со него ќе се занимавам после 1 год. После храна секогаш нуди прво вода па после пола саат- сат давај да цица.
Денот кога давате киноа може ли да се даде и месо, или муабетот е да не е мешано во ист оброк? Или па нема врска? Мислам така нешто прочитав
Може киноа, таа е неутрална житарка, енигмата е да во ист ден не се дава жолчка од јајце и месо ама никој не знае зошто. Според мене да не се оптерети желудничето на бебето дека и двата продукта се тешко варливи друго објаснување незнам.
Гледам, секој си оди по своја табела. Јас и со првото и со ова дете одам по мојот педијатар. Први намирници: јаболко морков тиквичка тиква круша Слива праска кајсија.. Потоа со оглед дека се потешки за варење, значи крај на 6ти месец - компир, палента и ориз и веќе се прават оброци 2 наутро палента со овошје, ручек компир или ориз. Брокула карфиол блитва по мене се 7+, а втора половина на 7ми месо. 8ми млеко кисело -, кравјо. Другите подоцна. Тука оди и несолена урда, путер. Исто и глутен. Деца на доење, стварно не разбирам зошто им давате јадење од 3, 4 месец. Ма ни да проба ништо, ни лажиче, а камо ли 2/3.Ќе јадат цел живот. Ама ај да не солам памет... Е сега, да прашам... Стамболка и тиква, исто е? Друг вид на тиква е а ист вкус...не знам не знам стварно. Уште тиква ми остана од првиве, ама имам домашна стамболка....
Супер. Имаме Кит-го маркети. Ќе ги побарам таму производите. Не давам често ама штом е тешко ќе престанам да го давам. Тоа е кога сам одлучуваш за твоето бебе, некогаш ќе погрешиш. Фала ви. @Annath
Почнав од 5 и 3 недели. Првите намирници секако по лажичка/две. После повеќе. Веќе кога сум му дала јаболче, морковот го воведуваш сосема малку во каша од јаболко... И така јаде повеќе, односно секое бебе различно. Некое помалку, некое повеќе. Ако е се по три лажички до бескрај ќе оди воведувањето.
Слаткиот компир - батат од кога може да се дава? 5ти или 6ти месец? (Да си ставам во табела) И палентата исто ме интересира
И јас почнав на 5.3. Му воведов тиквичка, карфиол, брокула, морков, компир и благ компир, јаболка, а следни ми се круша, слива, банана и тиква. Сѐ по 3 дена. Ама грешката ми е што првото пробување повеќе количински му давав, а синко лапка со сласт. Кажи ми, ти како правиш кожбинации? Има некоја табела или како ќе ми дојде?
Од многумина добивам совети да почекам со дохрана. Не велам дека не се во право. Моментално сме на почеток од 4ти месец и за дохрана од педијатар имам дозвола да почнам меѓутоа кога би почнала во јануари на 5 месеци што овошја можам да дадам? Сем јаболко морков банана ... Тиква сакам да си замрзнам.... Што ли уште може да се најде тогаш? Слива круша и тиквица каде да барам??