Значи рано ти е. Ќе дадеш купечки кашички ако немаш замрзнати или пастеризирани. @Maddison*** комбинации и сама од себе и по нет. И така си излегуваат оброците.
Оди до Веро Џамбо, таму 100 % има во втор фрижидер од бочна страна . Овчото к. млеко им е во мали грниња а козјото во пластична амбалажа На Ѓорѓиеви, незнам, ни за дома не сум купила. Купи пробај ако ти фаќа око за вкус дади на бебе
Здраво..5 месеци и недела дена сме, сакам наредна недела здравје да почнам со вкусови за синко..до сега само на доење бевме, и фала богу супер сме напреднати..сакав до 6 само на доење само да не биде многу касно за вкусови, а и педијатарот ни рече дека веќе можеме да почнеме.. во двоумица сум.. Инаку со што прво да почнам, некој совет да ми дадете,како и кога што се дава..зошто читам секоја дека различно дава и не знам како е по правило..сепак за бебе се работи, и има време кога би јадел и некоја ако знае да ми каже, каде би можела да најдам ДОМАШНИ ПРОИЗВОДИ ама НЕ ПРСКАНИ, знам дека такво време е и ретко кој има, но во моја околина никој не познавам..
Ма какво Веро кај нас Нема ни Веро ни Тинекс Млекото го најдов благото, а ќе му речам да ми порачаат к.млеко
Моето искуство е следно Исто почнав на 5 и пол, 5 и 3 недели. После првиот подој кога ќе дојде време за новче дадеш да куси нешто па продолжи со доење. Така додека не стигнеш до оброк, после нема да продолжуваш со доење. Убаво е да стигнуваш наутро да даваш за почеток, до крај 12. Почни си со намирниците први -, погоре ги имам напишано. За домашно, од каде си не знам ама ако немаш домашно од пилјара земи си а ако ти е шубе земај готови каши.
Од Ск сум...многу сум против готовите каши, бидејќи сум дома и сакам јас да му правам, прво тоа би го направила а се останато може да почека што се вика.. Бидејќи сме на доење со кое млеко да ги правам кога ќе треба.. малку како од Марс зошто сум голем паничар
Повели Марчи табела. Јас по оваа би се водела. Можеби брокула и житарки кон крајот на 6 месец. Но до 6 само доење. Напредуваме по 200 гр неделно, сабота полни 4 месеци, не гледам причина да брзам со дохрана.
Маслинки кога дадовте? И кисели краставички бидејќи стојат во зачини и киселина ми е мисла од кога да дадам. И цвекло некоја идеја да ми дадете со што да го искомбинирам, а да не е брокула. Така да и го дадам не го сака.
Маслинка и дадов да проба на 8месеци. Кисели краставички пред некоа ден дадов ама онака за проба , ич не ми се да ги давам сега. (сега сама си бара и си покажува со прсте што сака) Цвекло ми поминува само со ориз
Маслинки ич не ми текнува кога дадов ама знам и јас тука прашував. Мислам дека несолени можеш, големи сте. Јас негде околу 10 месеци грубо ко да беше. Цвекло можеш месо и компир. Мојава го обожаваше така. Сега во сокче ставам малце т.е. смути ќе му дојде. Инаку можеш со секој варен зеленчук. Јас на пример, секако го јадам цвеклото па така и го нудев.
Мајки, кој е тој беби морков?? ииии кога почнавте до дохрана, ги варевте со мајчино млеко или со вода???
Епа јас летото испастеризирав се и правам оброци дома. И јас ретко им давам купечки. Е сега, кај базаро во ново лисиче, секоја сабота има луѓе што продаваат домашни работи. Барем јаболка, морков, компир, тиква, тиквица... можеш од таму ако не ти е далеку. @Presrekna Грешам или овесните содржат глутен... А прво се даваат безглутенски житарки. Просо пченица ориз... Јас со овезот воведувамглутен