Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. hub

    hub Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2018
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    631
    Пол:
    Женски


    Летово се породив и заборавив а и дур се уходав...бидна веќе...


    Знаеш дека воопшто не ми текна за таму, додека имаше Базаро таму одев и начекував некој..фала што ме потсети..далеку или не секако би отишла, јас или мм.
     
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.216
    Допаѓања:
    13.679
    Пол:
    Женски
    Беби морков е младо морковче.
    Мајчино млеко не се вари. Ако сакаш да ставиш се достава на крај во кашичка.
     
    На Baby boo и kikin им се допаѓа ова.
  3. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.972
    Допаѓања:
    14.735
    Пол:
    Женски
    Бидејќи јас не се водев по ниедна табела и почнав со дохрана на 4 месеца, се вратив назад во апликацијата кај што запишував, па еве да споделам како воведував. Како што се запишани, по тој редослед воведував.
    Во 4от месец: круша, ориз, морков, јаболко, карфиол, компир, семолина, слива, банана, пченка. Првите 3 по 3 дена, после другите по ден-два.
    Во 5от месец: тиквица, брокула, кајсија, овес, праска, тиква.
    Во 6от месец: блитва, кромид, пашканат, и после педијатарот ни рече може да почнеме со месо и жолчка, тоа беше на 6ипол месеца. (Прво 3 дена бујон, па месото, и жолчката 1/4, па 1/2 па цела, преку еден ден давав).
    И во 7от месец: јогурт, кисело млеко, моцарела (млечни производи).
    После сево ова почнав со грашок, леќа, грав, сите останати житарици, се освен цитрусно овошје, како ми доаѓаше така давав, веќе јадеше 3 оброка на крај од 7ми месец, само не беше многу количински, околу 100-120гр, и цицаше 4 пати на ден.
     
    На Flower123123, S.J.Parker, srekice и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. YoursTruly

    YoursTruly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2015
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    230
    Пол:
    Женски
    Варено цвекло, печени јаболки и палента. Јас го давам така или со киноа и друг зеленчук.
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tetoviranta

    tetoviranta Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Мајки како воведовте глутен и месо? Не ми е тука нашата докторка, а тој што и е замена не ми објасни баш убаво. Инаку за 2 дена прави 7м и тогаш треба да почнеме.
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.538
    Допаѓања:
    9.895
    Пол:
    Женски
    За првото синче за месо почнавме прво само бујон после месо, со ова уште не сме стасани до таму.
     
  7. tetoviranta

    tetoviranta Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Докторов рече 7 дена да додавам бујон од телешко во зеленчукова кашичка, па после месо да додадам. Ама некако многу ми се виода 7 дена...
     
  8. tetoviranta

    tetoviranta Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    И уште нешто. Дали овој гриз содржи глутен?
     

    Прикачени фајлови:

  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.942
    Допаѓања:
    203.231
    Пол:
    Женски
    Да, ако не е назначено на пакувањето дека е без глутен. Ама семолина е пченица, така што, содржи глутен.
     
  10. tetoviranta

    tetoviranta Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Го земав со намера да и воведам глутен, водејќи се по логиката дека чим има пченица е со глутен, ама ме буни ова од страна. Еве и состав.
     

    Прикачени фајлови:

  11. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.538
    Допаѓања:
    9.895
    Пол:
    Женски
    Јас три дена давав бујон, и останатите намирници по три дена проба по малку.
     
    На tetoviranta му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.942
    Допаѓања:
    203.231
    Пол:
    Женски
    Штом пишува gluten free на пакувањето, нема глутен. Обичен гриз дај.
     
    На tetoviranta му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Magic13

    Magic13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2019
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.251
    Пол:
    Женски
    Овесот не содржи глутен. Може во првите житарки да се воведе.
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.942
    Допаѓања:
    203.231
    Пол:
    Женски
    Содржи авенин, протеин сличен на глутенот. Со овес и спелта се воведува глутен.
     
    На happygirl и kikin им се допаѓа ова.
  15. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    И јас памтам на првото дете му воведов глутен со овес...
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.343
    На ова јасно и гласно си пишува дека е гриз од ориз и е безглутенски ама млечен
     
    На tetoviranta му/ѝ се допаѓа ова.
  17. cinderella5

    cinderella5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    3.018
    Пол:
    Женски
    Мајки почнавме со храна и бебе си ручка се. Е сега имам неколку прашања од поискусните.
    1. Ориз од кутија му земав и на него стои 3 недели рок од отварање, ние нема шанси да го изедеме толку брзо.. Што да правам?
    2. Бебе за некој ден полни 6 месеци и од педијатар добивме зелено светло да го седнуваме во хранилка. Пробав, но бебе паѓа со глава нанапред цело време.. Да почекам малце?
    3. Од колку дадовте жолчка? Треба да почнам на работа за 2 месеци и треба да се вакцинира од ммр па затоа прашувам.
    4. Колку големи да бидат кашичките што му ги давам? До сега пробувавме вкусови и колку да му дадев, се си лапкаше ама сакам да му воведам оброк па прашувам.
    5. Дали да почнам да му давам вода? Каква давате вие?
    Сето ова ве прашувам бидејќи чедијатар за се ми вика дека е во ред, а не објаснува убаво, или ти си знаеш по детето. Ви благодарам :hug:
     
  18. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    1.Го користам додека не го потрошам.
    2.Да го ставаш на последна позиција навалено, не скроз седнато. Ако не бива во релаксатор на најгорна позиција.
    4.Колку ќе сака толку. Околу 150-200гр
    5.Да нуди после оброк. Јас давам Бебелан.
    3.Не ти ја одговорив бидејќи секој различно. Прв пат и дадов на 8+ и во меѓувреме се исфрла од кравји производи па ми беше страв да ја давам. Еве денес прв пат пак дадов 1/8 со страв. За вакцина сега е по старо, после годинка.
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. cinderella5

    cinderella5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    3.018
    Пол:
    Женски
    Фала многууу на сите одговори :hug: само кажи ми за вакцинава има некаде известување дека е по старо?
     
  20. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Пред 2 дена стававме вакцина и докторката ми кажа после годинка, значи за 1ипол месец (сега сме 11).Баш ја прашав, кажа дека нема епидемија и е по старо.
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.