После епидемија, може и 5 години да не се врати по старо. Законски сеуште е на 6 месеци, само ќе олабават малку со форсирање зошто стварно епидемијата е стивната. Ама за градинки секако ќе бараат да има вакцина зошто законот не е сменет.
Да да за градинки секако бараат. Така кажа докторката таму, она рече оставам на тебе ако сакаш и покасно, ама секако ќе морам за во градинка.
Како воведувате гриз, ориз, овес, палента? Чисти за вкус да проба или мешате со нешто што пробало до сега? И да, овесни може оние од Виталија?
Палента со путер или к.млеко доколку веќе имате воведено, ориз може со банана, испаѓа како сутлијаш. Гризот и овесот исто со овошје, барем мене така највеќе ми идеше.
Да со маслиново, ако имаш едино дадено к.млеко и со тоа оде. Ама дај нека го осете прво само вкусот на палента. Ретко кој не го сака
На свекрва ми малиот несака палента се зезам, ќе дадам палента. 7+ сме, ако идам по ред зеленчук, овошје, житарици, охоооо до 13+ че пробуваме ние Тнх
Свекор ми барал телешко за малиот во месара кај некој пријател, тој му дал јунешко и му рекол тешко да најдите телешко низ Битола не ми се дава ич од месово а домашно тешко да најдам... или да пробам да видам како ке се вари
Јас давам и од едно и од другото. А и во месара, ако не те познават, нема ни да знаеш од кое е. Разликата е колку се вари. Иситни го на коцки ситни, побрзо ќе се свари. И дај му на малото да ручка.
Мамии ве молам за совет На беба и воведувам жолчка и давав 3 дена по 1/8 не јави ништо направив 3 дена пауза и денеска и дадов 1/4 и си ја изеде по 3 часа после следниот оброк ми поврати не кизнај колку обилно но еднаш ми блуцна е еднаш ми поврати повеќе. Дали е можно да е нешто од жолчката и кои симптоми би се јавиле од жолчка?? Инаку до сега ми нема јавено алергија на ништо а сме 8ипол месеци..
Антонија е скоро 10 месеца, пред некој ден и дадов модар патлиџан, тиквица, компирче и морков и ми појави црвенило на брадата. Прекинав со кашата, и се повлече за 20 минути. Денес со мажм јадевме ананас, и дадов да шмукне, од сокот што и потече по брадичката се јави црвенило. Инаку на ништо "поопасно" да кажам (жолчка, млечни производи, чоколадо (лино десерт) каши со млеко-инстант и тегличка) ми нема јавено реакција освен на овие две плус боранија и блитва. Инаку обожава леб, почна да не сака да јаде ручек без да и ставам трошка лепче врз лажичката. И тоа ја бара да ја види, ако случајно трошката се покрие со кашата, ја затвора устата.
И модриот патлиџан и ананасот се доста алергени. Одмори ги малку па полека едно по едно пробај пак после некое време. Инаку и мојата е иста или леб или кисело млеко да има во кашата.
Здраво мајки лепотици да прашам 1какво м.масло користите? 2од кога може домашно пилешко? 3кисело млеко? 4палента? 5мандаринка? Благодарам
Маслиново ладно цедено гледај да биде, било кое. Пилешко после 6 можеш, како и телешкото, зајачко.. Кисело млеко накај 7 дадов , со тоа почнав со млечни. Палента од само воведување на оброк. Мандарината е цитрус, почекај барем 8 .
Ne mi se smejte ama moram da prasam... ke pocnime so kasicki.. so sto prvo da pocnam i kako da prigotvam? Da go obaram ovosjeto pa posle da pasiram? Kolku pati vo denot da dadam kasicka? Kolki dena isto ovosje primer... kolku deja da praam pauza pa da pocnam sp drugo? I sto uste treba? Sekoj sovet bi mi bil od korist. Ne mi se smejte, prvo dete pojma neam.. sakam da ja kupam i knigata bebe gotvac, dali vredj da se kupi?
Можеш да почнеш со јаболче, пробај дади пред подој во првата половина од денот. Јас давав 3 дена јаболче првите денови по 3-4 лажички. Третиот ден ако има заинтересираност можеш и повеќе. Втора намирница ми беше морковче. Првиот ден чисто обарено 2 - 3 лажички, вториот мешав со јаболче. Бебе готвач книгата не е баш потребна според мене, апликацијата ќе ти заврши работа. Има листа со намирници според возраста а и доволно рецепти. Прашај го и педијатарот за препораки. Со секоја нова намирница зголемував количина дур стасавме до доручек што беше замена за подој. Понатака за проба воведував и по еден или два дена, не по три.