На нашата страна ги нема, а ги има на турската. Изгледа од турција ги увезуваат а не дирекно од Хип. http://hipp.com.tr/index.php?id=20285&L=0
Прочитав дека се без глутен(на странска страна) и без јајца. А еве кај нас ги немало на страна. Магданос и пченка немам воведено. Како да воведам магданос? Жив?. А пченка варена пасирана? Со што? @irenna и јас на турската прочитав дека нема глутен. А еве на линкот што го имаш постирано пишува дека содржи глутен.
Магданосот при крај на варење уз друг зеленчук ке го додадеш не мн количински. Пченка замрзната купувам и ја варам па убаво блендирам.
@Kitten , @LaDyDoLl , се извинувам што каснам со одговор Доаѓавме накај Скопје, имавме триста перипетии, едвај се средивме. Не знам точно за што е дискусијава, ќе одговорам за глутенот и начинот на воведување исхрана овде. Во Шведска живееме, и прва житарка која ја даваат на децата (некои уште на 4 месеци) е овесот. Овесни млечни кашички има, и тоа многу вкусни се Јас на малиот од кога наполни 6 месеци му имав дадено неколку пати по 3-4 лажички. Ме зачуди и мене за глутенот, мислев дека и овесот содржи глутен. Почнав да пребарувам на интернет, секаде наидов на тврдење дека овесот не содржел глутен, туку авинин, протеин многу сличен на глутенот, кој всушност е сосема безбеден за конзумирање дури и за лица кои се нетолерантни на глутен. Но исто имаше феминка која кажа (се извинувам, стварно не знам која беше) дека овесот може да содржи траги од глутен доколку се меле на истото место со пченицата, која содржи глутен, па поради тоа е посигруно да се почека до кај 7-8 месеци. После и тоа го најдов на интернет како информација. И на многу други места во светот овесот се дава како прва житарка, за во Америка сигурно знам, мислам и во Австралија, а и по Европа е така (барем во Шведска, Данска, Финска.....тие земји тука). Со матичната кога разговарав за исхраната, и кажав како полека и постепено му воведувам намирници, заради алергии и други реакции. Матичната кажа дека тој пристап на воведување храна бил и во Шведска до пред некоја година и дека е одличен пристап. Од кога излегле научни студии во последниве години (во кои учествуваат и многу шведски наулници и здравствени работници, меѓу другите), прифатено е да се дава на бебињата се од храната, во многу мали количини. Наводно доколку се дало нешто, на пр. риба во многу мала количина (колку ноктот), немало никаква опасност од алергија, и бил припреман организмот за спречување од понатамошни алергиски реакции Мене искрено ме фати шубе, па си терам со ова постепено воведување на намирници. Гледајќи колку многу вложуваат во здравство, здрав живот, здрава исхрана, особено здрави деца и општо вниманието кое им го посветуваат на децата, не се сомневам и знам дека никогаш во ниедна околност не би направиле нешто што е штетно за детскиот организам и здравје, и претпоставувам дека ова им е добро проверено, јас сепак си останав на ова. Кажа матичната дека е одличен пристап на воведување храна. Да имав некој друг со мене таму(моите или на сопругот родителите), може и ќе го пратев нивниот систем на воведување храна, ама вака сама таму.....посигурно ми беше ова. И не се каам, сметам дека е ок постепено да се воведува храната. До сега малиот на ништо не реагирал лошо, се надевам нема ни понатаму некои поголеми проблеми да има. За второто дете здравје, има време, којзнае до тогаш што ќе се случи, ќе видиме како ќе биде
Три дена по ред давав морков со јаболка сега нели треба да направам пауза од морков определен период. Инаку до сега имам дадено јаболко, морков, модра слива со ептен малку банана за да не е кисело, давам во мали количини на околу две супени лажици како да ги осети вкусовите и да почне да се привикнува на храна преку лажиче и на почетокот се мрштеше сега добро прифака.
Ти тиквица некој дава и со јаболко.Лично не сум дала но можеш да пробаш.Можеш и компир и батат потоа да воведеш
Нема пченица во овесот туку се садат една до друга и може да дојде до cross contamination, не знам точно како да го преведам ама као може овесот да содржи мал процент на пченица поради близината на посевите, се вкрстуваат, така некако, меѓутоа тоа е процентуално као 0000.1%, занемарливо. И кај мене се овесните снегулки се меѓу првите намирници при воведување на цврста храна, на малава со овошје и давам преку еден ден од кога направи 6, 5 месеци.
За ова беше дусκусијата,оκолу глутенот во овесните снегулκи. Ноρмално деκа сеκаде е ρазличен пρистапот,и туκа педијатρите даваат различни мислења, но муабетот ми беше дека не може со сигурност некој да кажува дека содржат глутен. Како и да е, ова е само форум,сите кажуваме искуства, и сите се водиме по наш инстинкт. Нејсе, мама денес пресреќна. Го ,,тестирав,, синко, во едното раче му дадов бисквита а во другото крушка. Бисквитата ја издроби и не ја ни допре до усте, а крушката си ја лапна без проблем и уште пола изеде...Proud mother
Мајки оризот како го приготвувате? Пред некој ден сварив ориз и морковче, па го блендирав, но многу беше леплив и не му дадов на син ми. Денес го правев во тавче (исто со морковче) па го испасирав, и малку само проба. Утре сакам со тиквичка да направам, но незнам како е најдобро да го приготвам.
@wtff , јас му давам од тој мелениот ориз на Хип. Прво купив нормален ориз, ама блендерот не ми го блендираше убаво, исто беше така леплив, па го земав овој, и сега тој го користам. Со вода се приготвува. За понатаму кога ќе почне со пасирана храна сакам пак да пробам со обичен ориз.
Мене тој на хип синκо воопшто не ми го саκаше,па си κупив на Синчева Долина мелен(топло ти го пρепоρачувам) и го обожава,со овошје со зеленчуκ,оρизот ни е едно од омилените јадења.
Значи истото и јас го кажувам може да е овесот сепак глутенски и да има траги од глутен,истото го прочитав на многу места,дека најубаво е да се почека до 7,5,8 месеци за да се даде овес...сепак Европа Америка Австралија си имаат сосема различни сегменти во однос на исхрана,и со сосема други работи воведуваат исхрана кај бебињата...
Не не,има ρоκ на тρаење,но и не се подготвува исто, мене лично овој на с.долина ми е повκусен(може зашто е сличен на обичниот).
Конечно почна бебушот да јаде кашичка ,денеска му направив кашичка јаболко+морковче и си касна две-три лажички... Сакав да ве прашам уште што можам да комбинирам имаме 5мес. и 6 дена.. А сокче никако не сака и незнам што да правам .... Позз мамички и фала ви однапред